Автор: Дар Абдул Рахман
Пратениците биле испратени на секоја нација и племе за да го поддржат човековото вродено верување во Аллах и човековата инстинктивна желба да Го обожува Него.
Иако Пратеникот Мухаммед беше роден на Арабискиот Полуостров, тој беше испратен на целото човештво за да ја објави Аллаховата Порака на Арабјаните и на оније што не се Арабјани. Тоа е истата Порака што Аллах ја испратил преку претходните пратеници: опис на начинот на живот што Аллах го востановил за луѓето да го следат во текот на својот овоземски живот. Исламската Порака била соопштена во облик на Објава (Куранот) и во начинот на живот на Пратеникот. Овие две нешта се темелот на начинот на живот прифатлив и од умот и од срцето, подрачје од кое што произлегува традиционалниот поим за „религија“.
Дар Абдул Рахман е еден амбициозен проект чија што цел е претставување на исламските принципи и вредности, во служба на пропагирање на исламот. Наша цел е да им помогнеме и на муслиманите и на не -муслиманите да ја сфатат религијата која што се застапува за слога, толеранција и мир, т.е. за исламот.
За да се зацврсти твојот однос со друг и тоа на здрава основа, неопходно е да ја знаеш неговата перспектива за тебе.
Тешко е еден муслиман да ја разбере перспективата на христијаните за исламот. Сепак, полесно му е на еден христијанин да ја разбере исламската перспектива за христијанството, бидејќи тој (христијанинот) треба само да се упати на Куранот – основниот извор на религиозното учење на муслиманите.
За оваа цел беше и подготвена оваа брошура. Понатаму миже да се види дека тоа е всушност компилација на ајети од Светиот Куран, кои што ајети се однесуваат на Исус и христијанството.
Раѓањето на Марија
Аллах, секако ги избра и Адем и Нух и семејството Ибрахимово и семејството Имраново меѓу луѓето, потомство едни од други; а Аллах е Слушач и Зналец! Кога жената Имранова рече: „Господару, ова што е во утробава Тебе ти го ставам во служба, навистина! Па прими го од мене. Ти си Слушач и Зналец!“ И бидејќи се породи, рече: „Господару, родив женско“, а Аллах знае што роди таа – „а машкото не е како женското“. И дадов име Мерјем. „И, навистина, во пазувите Твои, ги склонувам неа и потомството нејзино од шејтанот проколнат. И Господарот нејзин, тогаш, ја прими убаво и ја порасна убаво. И на Зекерија ја довери на чување. Секој пат кога Зекерија ќе влезеше во Светилиштето ќе најдеше храна кај неа. Велеше: „Од каде ти е ова, Мерјем?“ Таа велеше: „Ова е од Аллах“. А, Аллах навистина, снабдува неизмерно кого сака! (сура Ал-Имран,33-37)
Возвишеноста на Марија
И кога мелеките рекоа: „О Мерјем, Аллах, навистина, те одбра и те очисти; Он те одбра над сите жени на светов! О, Мерјем, биди Му потчинета на Господарот твој! Падни Ми на сеџде, и поклони се со оние кои се поклонуваат!“ (сура Ал-Имран 42-43)
И Мерјем, ќерката на Имран, која ја сочува невиноста своја, и во која вдахнавме од Духот, од страна Наша, и која ги потврди зборовите на Господарот свој, и Книгите Негови, и која беше една меѓу потчинетите на Аллах! (сура Ет-Тахрим, 12)
И таа која ја сочува девственоста. И во неа тогаш Ние вдахнавме од Духот, Творот наш, и одредивме да биде, таа и синот нејзин, знамение за световите. (сура Ел-Енбија, 91)
А синот на Мерјем и мајка му Ние ги одредивме знамение и ги заколнивме на едно ритче мирно, со поток. (сура Ел-Му`минуун, 50)
Раѓањето на Исус
И кога мелеките рекоа: „Мерјем, Аллах, навистина, ти донесува радосница; од Него збор: името му е Месих, син на Мерјем[1], ќе биде виден и на овој свет и на Ахирет и еден е меѓу блиските на Аллах. Ќе им зборува на луѓето додека е во крошната, и кога ќе биде голем и ќе биде меѓу добрите луѓе“. Таа рече: „Господару наш, како ќе имам дете кога ниеден маж, навистина, не ме допрел?“ Он рече: „Ете, така Аллах со посак Свој создава: кога нешто ќе реши само ќе рече: „Биди!“ – и тоа, токму, ќе биде.’ И он го поучи и со Книгата, и со Мудроста[2], и со Тевратот, и со Инџилот, и, ете, пратеник до синовите Израилови: ’Ви дојдов со знамение од Господарот ваш. Ќе создадам за вас нешто, навистина, од кал што ќе биде слично на птица и ќе дувнам во него. И со одобрението Аллахово, ќе стане птица; ќе излечам слеп и лепрозен и ќе оживеам умрен, со одобрението Аллахово; ќе ви кажувам што јадете и што збирате во домовите ваши, со одобрение Аллахово. Ако сте верници, ете, во тоа, навистина, имате знамение, и, еве, тука сум да го потврдам Теврат и да ви дозволам нешто од она што ви беше забрането; и ви доаѓам со знамение од Господарот ваш. Па, плашете се од Аллах и бидете ми послушни! Аллах, навистина, е Господар мој и Господар ваш… па, обожувајте Го! Ова е патот вистински! (сура Ал-Имран, 45-51)
И спомени ја Мерјем во Книгата кога таа се оддалечи од семејството свое на едно место кон исток. И постави, тогаш, завеса меѓу нив и меѓу неа и Ние го испративме нашиот Џибрил и се претстави како човекот еднакво! Рече: „Јас се склонувам од тебе кон Милостивиот ако си богобојазлив.“ Тој рече: „Јас сум, навистина, пратеник од Господарот твој. Да, ќе ти подарам чисто дете.“ Таа рече: „И како ќе имам дете кога не ме допре ниеден човек, а јас не сум нечесна?“ Тој рече: „Ете, така ти е. Господарот твој рече: „Тоа е лесно за Господарот твој. Ќе определам тоа дете да биде знамение за луѓето и милост од Наша страна. Таа работа веќе е решена.“ И тогаш таа остана бремена и се оддалечи во едно место далечно. И породилните болки ја присилија да дојде до едно стебло од урма, и рече: „Тешко мене! Зошто не си умрев пред ова и за секој пат да бидам заборавена?“ И ја повика глас[3] под неа: „Не жалости се, Господарот твој, одреди под тебе да потече извор, и стреси од урмината гранка, ќе попаѓаат врз тебе свежи урми. Па, јади, пиј и биди радосна! Ако здогледаш некого, кажи: „Да, јас ветив да постам за Милостивиот, и денеска со никого нема да разговарам!“ Потоа таа дојде кај народот свој, носејќи го детето. И рекоа: „О, Мерјем, ти направи нешто, секако, невидено! О, сестро Харунова, твојот татко не беше лош, а и мајката твоја не беше нечесна!“ И таа даде ишарет кон него. Оние рекоа: „Како ќе зборуваме со дете кое е в крошна.“ Рече: „Јас сум, навистина, роб Аллахов; ми даде Книга и ме одреди за пејгамбер! И направи да бидам благословен и каде било да сум, и ми остави во васиет и намаз и зеќат сè додека сум жив, да бидам учтив кон родителите мои, и да не бидам дрзок и строг. Нека е селам на мене и на денот во кој сум роден, на денот кога ќе умрам и на денот во кој ќе бидам оживеан.“ Ете, тоа е Иса синот на Мерјем, Зборот на вистината, врз кого оние лага фрлаат. На Аллах не му доликува да има дете. Возвишен е Он![4] Кога ќе реши за нешто само ќе рече: „Биди!“ – и тоа, токму, ќе биде! Аллах, навистина, е Господарот мој и Господарот ваш! Па, обожувајте Го! Ова е патот вистински!“ (сура Мерјем, 16-36)
Возвишеноста на Исус
Кога Аллах рече: „О, Иса, сине Мерјемин, сети се на благодатот Мој кон тебе и кон твојата мајка, кога те поддржав со Духот свет! И кога разговараше со луѓето в крошна и како зрел маж. И кога те подучив и со Книгата и со Мудроста, и со Теврат и со Инџил. И кога замеси глина во облик на птица, со одобрението Мое, па дувна во тоа и стана ете, со одобрението Мое, птица; и оздрави слеп и лепрозен, со одобрението Мое, и кога ги оживи мртвите со одобрението Мое; и кога ги одбив од тебе синовите Израилови тогаш кога им ги донесе јаснотиите од кои оние кои не веруваа, повикаа: „Ова е само волшебништво, јасно!“ И кога на апостолите им објавив: „Верувајте во Мене и во пејгамберот Мој!“ Рекоа: „Веруваме и посведочи дека сме, навистина, муслимани!“ Кога апостолите рекоа: „О, Иса, сине Мерјемин, може ли Господарот твој[5] да ни спушти софра од небо?“ Рече: „Плашете се од Аллах ако сте верници!“ Рекоа: „Сакаме да јадеме од неа, а срцата наши да бидат смирени, и да знаеме дека вистина ни зборуваше и да бидеме за неа Сведоци.“ Иса, синот на Мерјем, рече: „О, Аллаху мој, Господару наш, спушти ни софра од небо, да ни биде празник и за првите од нас и за последните од нас, и знаменија од Тебе. Снабди нè. А, Ти си од снабдувачите Најдобриот! Аллах рече: „Ќе ви ја спуштам. Па, оној од вас, потоа, кој не верува, ќе го казнам, навистина! И тоа со казна со која нема да го казнам никого од луѓето. (сура Ел-Маида, 110-115)
И веќе на Муса Ние Книга му дадовме и по него низа пејгамбери испративме…И на Иса, синот на Мерјем, јаснотии му дадовме и со Духот свет го поддржавме. И секогаш кога пејгамбер ви доаѓаше со он ашто не ви се допаѓаше – се возгордеавте. Некои пејгамбери, тогаш, за лажни ги сметавте, а некои, пак, ги убивавте. (сура Ел-Бекара, 87)
Меѓу пејгамберите едни на други одликуваме: од нив имаше и такви со кои Аллах зборуваше, а и такви кои на повисок степен ги воздигнуваше. И на Иса, синот на Мерјем, Ние јаснотии му дадовме, и со Светиот Џибрил го потпомогнавме. Оние кои беа по нив, да сакаше Аллах, немаше да се убиваат: до пристигнувањето на јаснотиите до нив, но, ете, се разединуваа. Меѓу нив имаше и кои веруваа и кои не веруваа. А, Аллах да сакаше оние немаше да се убиваат. Но, Аллах работи она што го посакува. (сура Ел-Бекара, 253)
По трагите нивни[6] го испративме Иса, синот на Мерјем, Потврда за она што беше меѓу нив од Теврат, и му објавивме Инџил. Во него има Патоказ и Светлина и Потврда за она што беше меѓу нив од Теврат, Патоказ и Ука за богобојазливите! (сура Ел-Маида, 46)
Потоа Ние по трагите нивни испраќавме пејгамбери Наши; го испративме и Иса, синот на Мерјем, и му дадовме Инџил, а во срцата на оние кои го следеа, внесовме и доблест и милост, а монаштвото самите го создадоа. И сè што Ние им пропишавме е само желба за задоволството Аллахово. Но, тие за него не водат грижа вистинска. А, на оние кои веруваа ќе им ја дадеме наградата нивна, а мнозинството беа расипани! (сура Ел-Хадид, 27)
И кога Иса, синот на Мерјем, реќе: „О, синови Израилови, јас сум ви, навистина, Аллахов пејгамбер, да го потврдам од Теврат она што е меѓу моиве раце, и да донесам радосница за пејгамберот што ќе дојде по мене, чие име ќе му биде Ахмед.[7] И бидејќи им дојде со јаснотии, рекоа: „Ова е волшебништво јасно![8] (сура Ес-Сафф, 6)
И бидејќи им беше изнесен примерот[9] на синот на Мерјем, народот твој веднаш помина на друг разговор, зборувајќи: „Подобри ли се нашите богови или Он[10]?“ Го наведоа како пример само да расправаат со тебе. Но, тоа е народ галамџиски! Тој е само роб кого Ние го благословивме и го одредивме да биде пример за синовите Израилови. А, да посакавме од вас Ние ќе создадовме мелеки по земјата што ќе ве наследат[11]. Кур’анот, навистина, е знаење за Часот: не сомневајте се во него и следете ме![12] Ова е патот вистински! И Шејтанот нека не заведе. Тој ви е, навистина, непријател очигледен! И бидејќи Иса дојде со јаснотии, рече: „Ви дојдов со мудрост и ќе ви ги објаснам некои работи за кои станавте деленици. Па, плашете се од Аллах и бидете ми послушни! Аллах, навистина, е Господарот мој и Господарот ваш… та, обожавајте Го. Ова е патот вистински!“ Па, се расцепија дружини многу од нив. Е, тешко на оние кои направија зулум, тешко ним од казната на Денот болен! (сура Ез-Зухруф, 57-65)
Воздигнување / Вознесување на Исус
И бидејќи Иса го осети неверувањето нивно, рече: „Кои ќе ми бидат поддржници кон Аллах?“ Учениците рекоа: „Ние ќе бидеме поддржници Аллахови, во Аллах веруваме, а ти биди сведок дека ќе бидеме, навистина, Послушни! Господаре наш, ние веруваме во она што го објави и го следиме пејгамберот. Па, запиши нè меѓу сведоците!“ И неверниците измислуваа сплетки, но Аллах ги отстрануваше, зашто Он е Најдобриот во тоа! Кога Аллах рече: „О, Иса, навистина, ќе те земам и ќе те воздигнам кон Мене, и ќе те очистам од оние кои не веруваат и ќе определам оние кои те следат да бидат над оние кои не веруваат, на Денот суден. Потоа Мене ќе ми се вратите па ќе ви пресудам за она за што станавте деленици!“ А, што се однесува, пак, до оние кои не веруваа ќе ги казнам со казна жестока и на овој свет и на Ахирет; ќе немаат свои поддржници! Со обилност ќе ги наградам оние кои веруваат и кои работат добри дела. Аллах не ги љуби зулумќарите! Ете, тоа се ајети кои Ние ти ги кажуваме и опомена мудра! Да, кај Аллах[13] примерот на Иса е сличен на примерот на Адем: Он од земја го создаде,а потоа рече: „Биди!“- и тој, токму, би. Вистината е од Господарот твој, и тогаш немој да бидеш меѓу сомневачите! (сура Ал Имран 52-60)
Сето тоа дојде[14] заради нивното кршење на договорот нивни, и неверувањето нивно во ајетите Аллахови и убивањето на пејгамберите бесправно, и зборувањето нивно: „Срцата наши се замрачени.“ Но, не! Аллах нив ги запечати со неверувањето нивно. Па, само малкумина[15] веруваа, и заради неверувањето нивно, зборувањето нивно и клеветите[16] големи за Мерјем и заради изјавата нивна: „Да, ние, навистина, го убивме Христа“ Иса, синот на Мерјем, Аллаховиот пејгамбер. Не го убија, и не го распнаа! Туку тоа им се причини. А оние кои, навистина, не се согласија во тоа, во сомневање се: ништо не знаеја за него, само се сомневаа… Не го убија сигурно, туку Аллах го дигна кон Себе. Аллах е Силен и Мудар! (сура Ен-Ниса, 155-158)
Природата на Исус
И кога Аллах рече: „О, Иса, сине Мерјемин, им зборуваше ли на луѓето: „Прифатете нè, мене и мајка ми покрај Аллах, за две божества!“ Иса рече: „Славен биди! Не ми доликува да зборувам за она за што немам право. Ако ова го зборував – па, Ти би го знаел тоа. Ти го знаеш она што е во душава моја, а јас не го знам она што е во душата Твоја. Ти си, навистина, Зналец на тајните!“ Им го кажав само она што ми го нареди: „Обожувајте го Аллах, Господарот мој и Господарот ваш!“ И јас останав нивни сведок, постојано бев со нив, а кога ми ја зеде душава Ти ги посматраше. Ти си Сведок за сè! Ако ги казниш – та, робови се Твои, а ако им простиш – та, ти си, навистина, Силен и Мудар! Аллах ќе рече: „Овој е ден во кој искреноста ќе им користи на искрените: за нив има бавчи низ кои реки течат, и во нив за навек ќе останат. Аллах е задоволен од нив и оние се задоволни од Него. Ете, тоа е победа голема! Власта и на небесата и на Земјата и во она на нив е – Аллахова. Аллах е Кадар за сè! (сура Ел-Маида, 116-120)
О, следбеници на Книгата, не претерувајте во верата ваша[17], и за Аллах само вистина зборувајте. Месих, Иса синот на Мерјем, е пејгамбер Аллахов, Зборот Негов, кој Он го фрли во Мерјем, Дух од Него. Е па, верувајте во Аллах и во пејгамберите Негови, и не зборувајте „тројца“. Престанете, тоа е подобро за вас! Аллах, навистина, е еден Бог. Нека е славен Он. Зарем Он да има дете? Сè што е на небесата и на Земјата е Аллахово! А, Аллах, секако, е Доволен Закрилник! На Месих никогаш не ќе му биде мака да биде роб Аллахов, а ниту на мелеките блиски. А на оној кому му е мака да направи ибадет на Аллах, кој се противи – та, набргу Аллах сите ќе ги збере кај Себе! Што се однесува до оние кои веруваат и кои работат добри дела, тогаш, Ние ќе им ги врачиме наградите нивни, и ќе им се зголемат од добрината Негова. А оние, пак, кои презираат и кои се противат ќе се казнат со казна болна. Таквите, освен Аллах, не ќе најдат ни заштитник ни поддржник! (сура Ен-Ниса, 171-173)
Не веруваат, секако, оние кои зборуваат: „Аллах, навистина, е Месих, синот на Мерјем.“ Кажи: „Кој може нешто да присвои од Аллах ако Он посака да го уништи Месих, синот на Мерјем и неговата мајка и сè она што е на Земјата?“ Власта и на небесата и на Земјата и меѓу нив е – Аллахова! Тој твори со сакање Свое, и Аллах е Кадар за сè! (сура Ел-Маида, 17)
Сосем не веруваа оние кои зборуваа: „Аллах, навистина, е Месих, синот на Мерјем.“ А, Месих зборуваше: „О, синови Израилови, обожавајте го Аллаха – Господарот мој и Господарот ваш! На оној кој ќе Му припише здруженик, Аллах му го забрани Џеннетот и престојувалиштето негово е – огнот! Зулумќарите немаат поддржватели никакви! Сосем не веруваа оние кои зборуваа: „Аллах е еден од тројцата.[18]“ Нема друг Бог освен еден Бог. А ако не престанат со она што го зборуваат – оние кои не веруваат од нив – за нив ќе има казна болна. Не се кајат ли и не бараат ли прошка од Него? А, Аллах е Простувач и Сомилосен! Месих, синот на Мерјем, е само пејгамбер. И пред него поминаа пејгамбери многу. А, мајката негова беше искрена. И двајцата беа јаделе храна[19]. И погледни како Ние им ги објаснуваме знаменијата; потоа погледни како кинисуваат! Кажи: „Зарем обожавате друг освен Аллах кој не може да ви донесе ни штета ни корист?“ Аллах е Слушач и Зналец. (сура Ел-Маида, 72-76)
Муслиманите веруваат во претходните Објави
Религијата на сите пророци е една, и ако нивните закони се различни. Муслиманот (следбеникот на Мухаммед с.а.в.с.) не може да биде сметан за муслиман сè додека не поверува во сите пророци и нивните книги, вклучително и Исус.
О пратеници, јадете од добрата и работете добро. Јас го знам, навистина, она што го работите! Оваа религија, навистина, е ваша религија единствена[20], а Јас сум Господарот ваш, па бидете богобојазливи! И меѓу себе оние се поделија, во она што ги обединуваше, на деленици, и секоја странка го величаше она што е при неа.[21] (сура Ел-Му’минуун, 51-53)
Оваа ваша религија[22], навистина, е единствена религија, а Јас сум, навистина, Господарот ваш – та, обожавајте Ме! И тие меѓусебно[23] се разединија во наредбата нивна. Нам сите ќе ни се вратат. (сура Ел-Енбија, 92-93)
Кажете: „Ние веруваме во Аллах, и во она што ни е објавено, и во она што му беше објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб, и на внуците[24]; и во она што му е дадено од Господарот нивни на Муса, и на Иса, и на пејгамберите пред нив. Меѓу нив ние не правиме никаква разлика. И на Аллах сме Послушни!“ (сура Ел-Бекара, 136)
Кажи: „Ние веруваме и во Аллах и во она што ни е објавено, и во она што е објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб, и на внуците; и во она што му е дадено на Муса и на Иса – пејгамберите од Господарот нивни. Меѓу нив ние никаква разлика не правиме. Ние сме само Нему послушни!“ (сура Ал-Имран, 84)
Еве Книга во која нема сомнение, Патоказ за богобојазливите[25]: за оние кои веруваат во Тајната, и кои се исправаат намаз[26] да извршат, и кои од дадената им Наша[27] нафака делат, и кои веруваат во она што ти се објавува, и во она што пред тебе беше објавено, и во Ахирет и кои во сето тоа се уверени.“ (сура Ел-Бекара, 2-4)
Пејгамберот веруваше во сè она што му беше објавено од Господарот негов, и верниците; секој од нив веруваше во Аллах, и во мелеките Негови, и во Книгите Негови, и во пејгамберите Негови. Ние не правиме разлика меѓу пејгамберите Негови. Оние зборуваа: „Ние сме послушни и потчинети. Прошката, Господаре наш, е Твоја! Свратилиштето, Господару наш, е кон Тебе!“ (сура Ел-Бекара, 285)
Во верата ви го пропиша она што му беше оставено во васиет на Нух, и она што Ние тебе ти го објавуваме, и она што им го оставивме во васиет и на Ибрахим, и на Муса, и на Иса: „Да бидете истрајни во верата и во неа да не се разединувате!“ Она кон што ги повикуваш многубошците е голема работа. Аллах избира кон Себе кого сака и го упатува кон Себе оној што Му се обраќа.“ (сура Еш-Шура, 13)
Една религија
Кур’анот јасно објаснува дека религијата на сите пратеници е една. Оваа религија вклучува еден концепт на Бога и еден концепт на морални принципи. Кур’анот ја нарекува оваа единствена религија – ислам, а ги нарекува муслимани оние кои што веруваат во неа. Бидејќи следбениците на Мухаммед (нека се мирот и благословите Божји врз него) веруваат во оваа единствена религија, наречени се муслимани и нивната религија е наречена ислам.
Оние зборуваа: „Бидете Евреи и христијани – ќе бидете упатени!“ Кажи: „Не, ние ја следиме верата Ибрахимова – вистинската вера, а тој не беше меѓу многубошците!“ (сура Ел-Бекара, 135)
Ибрахим не беше ни Евреин ни христијанин, туку беше чист и муслиман: не беше меѓу многубошците.[28] (сура Ал-Имран, 67)
И бидејќи Иса го усети неверувањето нивно, рече: „Кои ќе ми бидат поддржници кон Аллах?“ Учениците рекоа: „Ние ќе бидеме поддржници Аллахови, во Аллах веруваме, а ти биди сведок дека ќе бидеме, навистина, Послушни! (сура Ал-Имран, 52)
Кога Господарот негов му рече: „Биди потчинет!“ Ибрахим рече: „Потчинет сум (во ислам[29]) на Господарот на световите!“ И Ибрахим тоа во аманет го остави на синовите свои, а и на Јакуб: „Синови мои, Аллах, навистина, ве одликува со вера, и немојте смртта непослушни да ја дочекате; непослушни да бидете; или, пак, сведоци бевте кога на Јакуб му се приближи смртниот час и кога на синовите свои им рече: „Што ќе обожавате по мене?“ Рекоа: „Аллаха, Кој е Еден, Аллах на предците твои, Ибрахим, Исмаил и Исхак, ние ќе обожаваме; и само Нему сме Послушни!“ (сура Ел-Бекара, 131-133)
Оние зборуваа: „Оние што не се ни Евреи ни христијани нема да влезат во Џеннетот; ете, тоа се празни желби нивни. Кажи: „Донесете ваш доказ ако сте искрени!“ Но, не! Оној што ќе го предаде лицето свое на Аллах, кој е Добро чинител, има награда кај Господарот свој. Тие не ќе стравуваат и не ќе тагуваат! (сура Ел-Бекара, 111-112)
И никогаш Евреите и христијаните, додека не ја прифатиш верата нивна, нема да бидат задоволни со тебе. Кажи: „Да, Патоказот на Аллах е – Патоказ вистински!“ И кога би цапнал по желбите нивни, по, до тебе дојдена та Книга, никого освен Аллах не би имал ни заштитник ни поддржник! (Ел-Бекара, 120)
Кажи: „О Следбеници на Книгата, дојдете кон Зборот кој е и ваш и наш: само еден Аллах да обожаваме, ништо да не Му припишуваме и други божества, освен Него, да не прифаќаме[30].“ Па, ако ги свртат плеќите, кажете: „Сведочиме дека сме Послушни, навистина!“ (сура Ал-Имран, 64)
Враќање, а не конвертирање
Искрениот христијанин ќе увиди дека исламот е многу близок до неговото срце и ум, ако го знае автентичниот ислам како што го опишува Куранот и ако неговото восприемање не е повлијаетелно од животниот стил на неуките муслимани. Заради тоа, кога тој го прифаќа исламот значи дека се вратил, а не конвертирал. Куранот изјавува дека исламот е единствена религија на сите пророци и дека следбениците на истата се муслиманите.
О верници, паѓај те на руку’, а паѓајте и на сеџде и обожувајте Го Господарот ваш; и правете добро… за да бидете спасени! И борете се на Аллаховиот пат со борба вистинска за Него. Он ве избра и во верата не ве задолжи со нешто исклучително, во верата на вашиот татко Ибрахим. Он ве именуваше од порано како муслимани, и во овој Куран, исто така, за пејгамберот да биде сведок против вас, а вие да бидете сведоци против луѓето. Па, намаз извршувајте и зеќат давајте и држете се за него; Он е Заштитникот ваш. Е, само колку добар Заштитник е Он! Е, само колку добар Поддржник е Он! (сура Ел-Хаџџ, 77-78)
Сигурно е дека ќе најдеш меѓу луѓето со најсилно непријателство кон оние кои веруваат, Евреите и оние кои на Аллах здруженик му припишуваат, а сигурно е дека ќе најдеш од оние кои веруваат најблиски пријатели, оние кои зборуваа: „Ние сме христијани!“ Тоа, ете што меѓу нив има свештеници и монаси кои, навистина, не се дуваат! И кога го слушаат она што е објавено до пејгамберот ги гледаш како нивните очи ронат солзи заради некои познавања нивни на Вистината. Зборуваат: „Господару наш, ние веруваме и, тогаш, запиши нè меѓу сведоците!“ Зошто да не веруваме во Аллах и во Вистината која ни доаѓа бидејќи тежнееме, Господару наш, да нè вброиш меѓу добрите. Па, Аллах ќе ги награди за она што го зборуваа[31] со бавчите џеннетски низ кои реки течат и во нив за навек ќе останат. Ете, тоа е награда за доборчинителите! А оние кои не веруваат и кои лаги фрлаат врз ајетите Наши се – жители џехеннемски! (сура Ел-Маида, 82-86)
И Ние, навистина, им испраќавме говор постапно за да се сеќаваат. Оние на кои им е дадена Книгата пред Куранот, токму, веруваат[32] во него. Тоа, секако, е вистина од Господарот ваш. Ние и пред него бевме Послушни.“ Ќе ја добијат двојната награда своја: беа трпеливи, за злото возвраќаа со добро и делеа од рскот што Ние им го дадовме. А кога, пак, велат: „Нам делата наши, а вам делата ваши. Селамун алејкум[33]! Не ни требаат незнајковците!“ (сура Ел-Касас, 51-55)
Меѓу следбениците на Книгата има кои веруваат и во Аллах и во она што вам ви се објавува и во она што им е објавено, и кои се плашат од Аллах и кои не ги продаваат зборовите Аллахови за безвредно. Наградата нивна е кај Господарот нивни. Аллах, навистина, е Брз Пресметувач! (сура Ал-Имран, 199)
Ако, пак, се расправаат, кажи: „Лицево мое единствено го предавам на Аллах, а и оние кои ме следат.“ Кажи им на оние со дадената им Книга и на незнајковците[34]: „Нема ли да ја прифатите Послушноста?“ Ако ја прифатат Послушноста, тогаш ќе одат по Патоказот, а ако, пак, ги свртат плеќите… твое е, секако, само да известиш, а Аллах ги гледа робовите! (сура Ал-Имран, 20)
[1] Се однесува на пророкот Исус (мирот нека биде врз него) кој што бил зачнат само на Аллаховата заповед – зборот „Биди.“
[2] Учењето на пророкот.
[3] Меѓу алимите постојат различни мислења околу тоа дали личната заменка „тој“ се однесува на новороденчето (Исус) или на ангелот.
[4] Аллах воопшто нема таква потреба.
[5] Т.е. дали Аллах ќе се согласи (Неговата моќ за тоа не е доведена во сомневање).
[6] Т.е. следејќи ја традицијата на пророците на Израелците.
[7] Друго име на пророкот Мухаммед (с.а.в.с.)
[8] Т.е. измама или препреденост.
[9] Пример на Аллахово создание кое што, освен Аллах, било обожавано.
[10] Се подразбира дека сите тие мора да бидат исти.
[11] Или „ќе те наследат (тебе).“
[12] Т.е. следи ги упатството и инструкциите на Аллах.
[13] Т.е. во поглед на тоа како Аллах го создал.
[14] Друго интерпретирање е „И (Ние направивме извесни добри јадења да им бодат забранети), засновано врз ајетот 160.
[15] Или „освен со мала вера.“
[16] Кога тие ја оптужувале за блуд.
[17] Друго значење е „И тие не го убија него убедени (во неговиот идентитет)“, т.е. тие убиле некој друг убедени дека тоа бил Исус (врз него нека биде мирот).
[18] Како што е припишувањето на божествените квалитети на извесни Аллахови созданија или прекумерно почитување на некои созданија.
[19] Тие имале потреба од храна, а тоа докажува дека тие биле Аллахови созданија, но не божествени битија.
[20] Т.е. заеднички начин на живот или правец на однесување следен од заедницата.
[21] Верувања, мненија, обичаи итн.
[22] Т.е. заеднички начин на живот или правец на однесување следен од заедницата.
[23] Т.е. еден од трите дела, алудирајќи на христијанскиот концепт на тројството.
[24] Дванаесетте израелски племиња кои што произлегле од Јаков.
[25] Буквално „оние кои што имаат таква“, т.е. кои што имаат сомилост, праведност, страв и љубов кон Аллах и кои што многу се грижат да го избегнат Неговото незадоволство.
[26] Во нивните соодветни времиња и според нивните специфични услови.
[27] Треба да се укаже дека кога Аллах (суханаху ва та’ала) во многу корански ајети зборува за Себе Си во прво лице множина „Ние“, неопходно е да се разбере дека во арапскиот јазик тоа одбележува величественост и моќ, како контраст на интимната, единечна форма „Јас“ употребувана во специфични примери.
[28] Оние кои што обожаваат и други богови освен Аллах.
[29] Значењето на зборот „ислам“ е „покорност на Аллаховата волја.“ Ова е начинот на живот определен од Аллах и поучуван од страна на сите пророци од Адам до Мухаммед (саллаллаху алејхи ве селам). Муслиман е човекот кој што самиот Му се покорува на Аллах.
[30] Покорувајќи му се на друг, а не покорувајќи Му се на Аллах.
[31] Т.е. нивното признавање и прифаќање на вистината и нивнотот обврзување кон Аллаховата религија (ислам).
[32] Т.е. искрените верници помеѓу нив.
[33] Ова не е исламскиот поздрав „Селам алејкум“. Повеќе би рекле дека тоа значи „Вие сте сочувани од тоа да бидете почестени на сличен начин од нас.“
[34] Тие кои што немаат Објава (т.е. паганите).
Comments