top of page
Writer's pictureinfoislam

Moлитва во Библијата и молитвата која муслиманите ја извршуваат

Исламот е вера на сите Божји Пратеници, вклучувајќи ги Адам, Ное , Аврам, Давид, Мојсие, Исус и Мухаммед(нека е Божјиот мир и благослов врз сите нив)

Начинот на молитва кај муслиманите, при стоење, поклонување и другите покрети не претставува нешто непознато за претходните традиции. Многу од христијаните и евреите го сметаат исламскиот начин на молитвакако смирувачки и инспиративен. Некои ја сметаат таа пракса за многу чудна. Сакам на сите да ви напоменам дека да бидеш муслиман тоа значи да се предадеш и покориш на Божјата воља.

Муслиманите од преданијата на Пратеникот а.с. научиле и го добиле своето мото за тоа како да живеат , работат, сакаат, одгледуваат деца, делат милостина, обавуваат молитва и така натаму.

Поентата овде е дека кога муслиманите почнале да се молат тие го зеле примерот на Мухаммед а.с. и него го следеле,

Да го правеа истото христијаните и евреите и да ги земаа примерите на своите Пратеници кои се дадени во Тората и Евангелијата , денес и тие би се молеле на ист начин како и муслиманите. Еве го мојот доказ. Муслиманите пред молитва мораат да земат абдест – или ритуално перење пред молитва за да бидат чисти.

“Потоа Давид стана од земја, се изми, облече чиста облека, влезе во Божјата куќа и се фрли на земја(поради молитва)“(Самуел 12:20)

„Треба да ги измијат своите раце и нозе за да не умрат. И да тоа постане наредба засекогаш на Арон и генерациите после него“(Егзодус 30:21)

„И Мојсеј и Арон и синовите нивни, обичуваа да ги мијат нивните раце и стапала.(Егзодус 40:31)

Кај самиот почеток на молитвата муслиманите ги подигаат нивните раце така што се исправени во висина на главата. Eве библијта што ни кажува:

„Ќе Ти се молам и ќе Те обожавам се додека сум жив и во Твое име ги подигам рацете мои(Псалми , 63:4) Муслиманите кога ги дигаат своите раце велат:„ Аллах(Единиот Бог ) е Најголем“ Библијата:

-Голем е Господарот твој, и најдостоен на нашата молитва во Градот на нашиот Бог и Неговото свето брдо.(Псалм 46:1) Сите Пратеници Божји се молеле како што тоа го прават муслимание денес, и ова важи за Исус а.с. и неговите следбеници. -„И Авраам падна на своето лице ничкум и Бог со него разговараше.“(Книга на Постанок 17:3)

(Мојсие и Арон) -„…паднаа со нивните лица ничкум величајќи го својот Господар“ (Броеви 20:16)

(Јошуа) -“…падна на лицето свое на земја кај Божјата арка, и така остана до самрак.“(Јошуа 7:6)

(за времето на Соломон) „Се спуштија со лицата свои на земја покрај пат и се молеа“(2-ри хроники 7:3)

За време на Нехемие начинот на молитвата е јасно опишан! -„…подигајќи ги рацете, и со спуштени глави се молеа на Господарот свој со лицата на земја“(Нехемие , 8:6)

(Исус) -“Се оддалечи малку понастрана , ја спушти главата на земја и почна да се моли.“(Матеј 26:39) Дури и апостолите на Исус се молеле: -„…кога апостолите слушнаа за ова, се фрлија од страв со лицата свои на тлото“(Матеј 17:6)

(Елијах) -„Се свитка на земјата и го стави своето лице помеѓу колена.“

(1 Кралеви 18:42) За време на Соломоновото Царство:

-„…клечеа на колена покрај пат со лицата на земја и се молеа на Бог и му заблагодаруваа.“(2 хроники 7:3) “…паднаа пред тронот, со лицата на земја и се молеа на Бог. “ (Откровение , 7:11)

“Дојдете да паднеме ничкум во молитва, и да се спустиме на колена пред нашиот Господар и нашиот Создател“(Псалми 95:6)

“…кој се спушти во прашина, ќе клечи пред Него..“(псалми 22:29)

“…Маноах и неговата жена паднаа со нивните лица на земјата..“(Судии 13:20) “Кога сите луѓе го видеа тоа паднаа ничкум и плачејки говореа: „Господар е Бог, Господар е Бог.“(кралеви 18:19)

..паднав на моето лице , плачев и плачев :„О Господару, Боже!“(Езекиел,19:8) “…Давид се упати од тоа место накај југ, и падна со лицето на земја, наведнувајќи се три пати…“(1 Самуел , 20:41)

“..И Јошуа падна со лицето на земја, се молеше и говореше:

„Што му наредува Господарот на својот слуга?“(Јошуа 5:14)

„И се прочу да кога Аврамовите следбеници слушнаа за неговите зборови, дека тој го обожувал Господарот свој со наведнување накај земјата“(Генесис 24:52)

ДАЛИ СЕ МОЛИШ КАКО ШТО БОЖЈИТЕ ПРАТЕНИЦИТЕ НА БОГ МУ СЕ МОЛЕА?

Првин мора да разбереме дека човечките суштества избрани од Бог(Пратениците) за да ја спроведат Божјата порака се најдобри човечки суштества воопшто.

Да не се следи нивниот пат и начин е нелогично и арогантно!

Наведни се и спушти на земја пред Бог и моли го за Упаство.Само Бог може да не упати!

„И биди истраен во својата молитва; Давај редовно милостина; И поклонувајте се пред Бог со оние што веќе се поклонуваат (Куран 2 :43)

0 views0 comments

댓글


bottom of page