Муслим бележи од Ебу Хурејре дека Аллаховиот Пратеник алејхи селам, кажал :
“Првата група која ќе влезе во рајот”, во друго предание :”од мојот уммет“, “ќе имаат светли лица како полн месец. Тие после нив ќе бидат како најсјана ѕвезда на небото. ” Во друго предание стои: “а после тоа се степени, нема да мократ и нема да вршат голема нужда ниту ќе плукаат ниту ќе се секнат.. Чешлите ќе им бидат златни. ” Во друго предание стои :”Од сребро, а ќе се прскаат со миск (мирис ), додека сопругите ќе бидат крупнооки убавици (хурии) , секој од нив ќе има две сопруги на кои коскената срж ќе се гледа преку месото, толку убави и посакувани. Нема да се расправа ниту ќе мрази. Нивните срца ќе бидат единствени и ќе го слават Аллах наутро и навечер.(Муслим) Ебу Али вели дека нивниот изглед ќе биде единствен и дека сите ќе бидат високи како нивниот прататко 60 лакти. Ебу Курејб кажува:” Сите ќе бидат со еднаква висина. Ебу Хурејре р.а. кога го прашаа дали во рајот ќе има повеќе луѓе или жени, одговорил: ” Секој човек ќе има две жени . Срцевината на потколеницата ќе се види низ месото. А во џеннет нема неоженети и неомажени. ” Тирмизи бележи од Ибн Месуд дека Пратеникот алејхи селам кажал:” Белината на жената во рајот ќе биде таква да ќе може да се проѕре низ 70 прекривки, дури ќе може да се види и срцевината на коските.” Тоа е поради тоа што Аллах вели:” Ќе бидат како рубин и бисер.” Рубинот е таков камен да кога во него би ставил жица и го подигнал каменот кон светлината, би ја видел и жицата во него. Бухари забележал од Енес р.а. дека Пратеникот алејхи селам кажал:” Кога една жителка на џеннетот би се појавила на овој свет би го озрачила сосвојата убавина и цел би замирисал од нејзе. Велот од нејзината глава е подобар од целиот овој свет и се што е на него. ” Тирмизи забележал дека Ебу Хурејре р.а. кажал дека Аллаховиот Пратеник алејхи селам кажал:” Џеннетлиите се луѓе во најдобри години, голобради, чија младост не поминува и чива облека не се троши.” Од истиот се пренесува од Муаз ибн Џебел дека Пратеникот алејхи селам кажал:
” Џеннетлиите ќе влезат во џеннет голобради, со истакнати очи со сурма, и со доба од 30 или 33 години. “ Мејаниши бележи од Џабир р.а. дека Аллаховиот пратеник алејхи селам кажал:” Сите џенетлии се голобради освен Муса б. Имран (Мојсие) тој ќе има брада до папок.” Тирмизи забележал од Ебу Векас р.а. дека Пратеникот алејхи селам кажал: ” Кога од џеннет би се извадило колку може под еден нокт да собере на овој свет , тоа би блеснало колку од небото до земјата, а кога би се појавил џенетлијата со својот накит, би го затскрил Сончевиот сјај како што Сонцето ги затскрива ѕвездите.”
„Тезкира“ Ел Куртуби
Yorumlar