top of page
Writer's pictureinfoislam

Суштинско значење на (про)духовноста

Суштинско значење на продуховеноста

Продуховеност во јазичен смисол означува чистење и зголемување додека суштинското значење на продуховеноста за која што ние зборуваме означува чистење на душата од примеси на било какви неморалности и тоа по пат на корисно знаење , правење на добри дела со извршување на тоа што е наредено и воздржување од тоа што е забрането.

Пратеникот алејхи селам продуховеноста ја објаснил со зборови: „Да знаеш дека Аллах е со тебе каде и да си.“ Но ќе го спомнеме и целиот хадис:„Оној кој ќе врши три работи ќе ја почуствува сласта на иманот(верувањето), кој ќе Го обожува Аллах џ.ш. и ќе верува дека нема друг бог освен Него, кој ќе дава примерен зекат на својот иметок секоја година  и нема да дава стара истрошена роба, туку таа со среден квалитет, бидејќи Аллах не го бара вашиот најдобар квалитет ниту оној кој ви е најлош; и кој ќе ја продухови својата душа. Некој кажал: „А како да ја продуховиме својата душа?, па Пратеникот алејхи селам кажа:„Да знаеш дека Аллах е со тебе каде и да си.“

Значи Аллаховиот Пратеник алејхи селам ја сторил продуховеноста како услов човекот да ја почуствува сласта и убавината на иманот. Продуховеноста ја протолкувал како еден од степените на ихсанот а тоа е воедно и најголем степен на верата, а тоа подразбира да Го обожуваш Аллах со сознание дека Тој те гледа и дека знае за тоа што го криеш и јавно го изнесуваш, и дека кај Него не е ништо скриено.(Џамиул улум ве Хаким)

Куртуби р.а. кажал: „Продуховеноста во суштинско значење означува чистење како кога се вели:„Човекот се продуховил ако се исчистил од апстрактни нечистотии и валканости.“

Ибн Тејмие Аллах да му се смилува кажал: „Продуховеноста во јазикот означува развој и зголемување на добродетелството. Срцето е во потреба од одгојувач, од развој и напредок се додека не се употполни и не стане истото здраво и добро , како што и телото е во потреба да се храни за да преживее, но во исто време нетреба да се внесува во него тоа што му штети. Телото не се развива освен од тоа што му е корисно без додаток од штетните работи. Исто важи за срцето кое неможе да се развива и да напредува без тоа што е корисно о добро и без примеси на тоа што ќе му штети. (Меџму фетава)

Ибн Кајим додава: „Продуховеноста на јазикот означува развиток и зголемување на добредетелството.“

Навистина гревовите во телото се како видливи слабости на телото. Кога ќе се исчисти телото и кога ќе оздрави од било кои болести му се враќа неговата природна сила и тоа незапирливо чини дела и на тој начин се развива. Исто е и со срцето кое ако со искрено покајување се исчисти од гревови станува чисто и спремно да чини добро бидејќи се ослободило од примеси кои му штетат и така седнало на својот трон и загосподарило со телото кое му е послушно и не е можно срцето се продухови пред да се исчисти.

Абдулазиз бин Мухаммед: „Пратениковиот едеб“

3 views0 comments

Comments


bottom of page