Франција изврши инвазија во Алжир во 1830 година и својата окупација ја спроведуваа цели 132 години во кои вметнаа политики и механизми со цел контрола на целокупната територија и население на Алжир, со цел отворање на земјата за европските доселеници и експлоатација на економските и геостратешки бенефити.
Во 1945 година, на крајот на Втората светска војна, Алжирците се собираат со цел протести за добивање на независност. Франција на тоа одговара со смртоносна офанзива, убивајќи 45.000 демонстранти за неколку дена, пореметувајќи неколку идни генерации алжирци.
Војната за независност во Алжир која траеше седум години од 1954 до 1962 година остави 1.5 милиони Алжирски жртви, и исклучително кревка економија и земја. Во јуни 1962 година Французите го напуштаат Алжир но ја спроведуваат политиката “изгорена земја” убивајќи и уништувајќи се на патот.
Некои работи, не треба да се заборават. Некои луѓе неможат да зборуваат за демократија и слобода на избор, некои постапки неможат да бидат заборавени.
Comments