top of page
Writer's pictureinfoislam

Спомнувањето на Бог внесува мир

Според истражувањата на Дејвид Б. Ларсон,од Американскиот Национален Истражувачки Центар за Здравје,и неговиот тим,споредбата на побожните и нерелигиозните Американци дала многу изненадувачки резултати. На пример, религиозните луѓе доживуваат 60% помалку срцеви заболувања отколку тие со малку верба или тие кои не веруваат воопшто, кога станува збор за самоубиство тогаш процентот се покачува на скоро 100% кај тие што не се религиозни. Религиозните луѓе имаат многу пониско ниво на висок притисок, а овој однос кај пушачите е 7:1.

Според резултатите на истражувањето, тие кои не веруваат се подложени на двојно зголемени маки на внатрешни стомачни болки во однос на верниците, и нивната смртност кога станува збор за дишните болести е за дури 66% поголема отколку онаа на верниците. Секуларните психолози се стремат кон тоа да докажат дека тоа се однесува на таканаречениот „психолошки ефект”. Тоа значи дека верувањето го подига човековиот дух и придонесува за здравјето. Сепак тоа докажува дека вербата во Аллах е многу посилна од било кое друго психолошко влијание. Големиот и широк опсег на истражување во конекцијата помеѓу религиозното верување и психолошкото здравје изнесени од Др. Херберт Бенсон од факултетот за медицина на Харвард продуцираа изненадувачки заклучоци во таа област. И покрај фактот дека тој самиот не е верник, д-р. Бенсон заклучил дека обожавањето и верувањето во Аллах имаат поголем позитивен ефект на човековото здравје отколку било кој друг начин и верување. Бенсон изјавил дека ни едно верување не придонесува со толку многу ментален мир како што придонесува верувањето во Аллах. Што е причината за ваквата врска помеѓу верувањето човечката душа и телото? Заклучокот добиен од страна на Бенсон е во неговите зборови дека човечкото тело и ум се регулирани да веруваат во Аллах. Овој факт, кој во светот на медицината полека почнува да се цени е тајна откриена во Куранот со следните зборови: „Оние кои веруваат со споменувањето на Аллах, ги смируваат срцата свои. А срцата се смируваат, навистина, со споменувањето на Аллах!“

Аллах е Ес Селам – Давателот на мир, Оној кој што е чист од сите недостатоци и чиви особености се далеку од недоследност. Неговите дела се чисти од зло и се извор на секоја мирољубива работа во целата Вселената. Аллаховите божествени дела се ослободени од секакво зло кое е само по себе, како што ниедно зло на земјата не е без некое скриено добро во него. Аллах е давател на мир, го спасува верникот од тортура и ги пречекува со поздрав на мир во дом кој ќе трае вечно. Слава Му на Аллах, Тој е давател на Мир и на овој и на Оној свет.

„…а на Денот кога тие ќе Го сретнат, Тој ќе ги поздрави со: „Мир со вас“!

И Тој им подготви благородна награда.“ Причината што тие кои веруваат во Аллах, се молат и покоруваат на Него и се психички и физички поздрави е поради тоа што тие се однесуваат во склад на нивната причина на создавање. Филозофии и системи кои му се спротивставуваат на човечкото создавање и неговата причина на создавање секогаш водат до болка и несреќа.

Модерната медицина моментално се стреми на реализирање на оваа вистина. Како што рекол Патрик Глин: „Научното истражување во психологијата во изминативе 25 години покажала дека религиозното верување е едно од најцврстите заемни врски на севкупно ментално здравје и среќа.“

Во тоа е скриена големата иманска тајна, а тоа  е дека срцето нема да постигне смиреност, спокој и стабилност освен со воспоставувањето на врската со својот Господар. Се што се сака или посакува покрај Аллах џ.ш. е поради нешто надвор од тоа, а само еден се сака и посакува поради самиот себеси. Тоа е љубовта кај Оној кај што е крајот наш. Не е возможно да крајот биде кај двајца, како што е невозможно да настанувањето на суштествата да почнал од двајца. Оној чива љубов, желби, сакањата и покорноста завршат кај некој друг покрај Аллах, навистина сето тоа ќе исчезне и пропадне во оној миг кога ќе му биде најпотребно. А оној чива љубов, страв, надеж и цел бидат Аллах Возвишениот ќе оствари вечна благодет, сласт, ведрина и среќа. Па онолку колку е робот предаден и истраен во извршувањето на одредбите на верата толку заслужува и добива благост при одредбата на судбината. Доколку ги испочитува сите одредби на верата, формално и суштински, тогаш му се дарува благост и сомилост(ел лутф), формално и суштински. Меѓутоа ако одредбите на верата ги врши формално и ја запоставува суштината и основата, тогаш е ограничен на формалноста, додека во суштина нејзиното влијание бива занемарливо.

0 views0 comments

תגובות


bottom of page