Пости искрено поради Аллах, џелле шануху, затоа што ако не биде искрено, ќе изостане наградата.
2.Нијјетот(намерата) мора да биде цврст во срцето.
За направените дела надевај се на Аллаховата џелле шануху награда.
Покај се искрено на Аллах,џелле шануху, од сите гревови пред да го дочекаш месецот Рамазан.
Радувај се на доаѓањето на Рамазан.
Нека твоето однесување доликува на однесување на постач, како на пример: проучи дова откако ќе ја видиш месечината, направи нијјет за постот пред да спиеш, одложи го сехурот до пред зората, побрзај со ифтарот, ифтари со урма, дови пред ифтарот, организирај ифтар и така натаму.
7.Резултат на постот е богобојазноста, со тоа труди се да твојот говор и делата бидат предизвик на зголемување на твојата богобојазност, и да твоите јавни дела бидат тајна.
8.Ако го поминеш рамазан во пост, знај дека си од искрените и од шехидите, па направи го својот пост достоен на овие степени.
9.Те советувам да се одвоиш од луѓето и помалку да се состануваш со нив.
10.Кога ќе се сретнеш со луѓето, чувај го својот јазик, поглед и слух.
11.Сети се на Аллаховите благодати кои ти ги укажал опскрбувајќи те со богобојазност, храна и пијалок.
12.Труди се да не изоставиш ниедно добро дело.
13.Твоите воздишки се твојот живот, со тоа труди се со секојздив да го спомнуваш твојот Господар.
14.Тргни се од беспосличарење и губење време.
15.Нека покрај твојто стомак пости и твојот слух, и вид, и јазикот, и нозете и рацете и.
16.Нека твоето срце пости од гревови и лоши мисли.
17.Нека денот кој го постиш се разликува од другите денови.
18.Постот е пропишан како би се почуствувал гладот, па труди се да го почуствуваш, и немој да се жалиш.
19.Не ја заборавај довата во текот на ифтар затоа што тогаш довата се прима.
20.Барај од Аллах џелле шануху да те ослободи од Огнот.
21.Држи се до суннетот на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, чувај се од новотариите.
22.Труди се што повеќе да делиш садака.
23.Труди се што повеќе да ги храниш постачите.
24.Труди се што повеќе да наредуваш добро и да одвраќаш од зло.
25.Знај дека јазикот е ѕвер, ако го пуштиш, ќе те изеде.
26.Не зборувај освен за покорноста кон Аллах с.в.т.
27.Чувај се од оговарање затоа што оговорањето го уништува постот.
28.Ако некого го оговараш, барј од Аллах опрост, затоа што барањето опрост го поправа постот.
29.Труди се што повеќе да ги одржуваш роднинските врски.
30.Труди се што повеќе да правиш доброчинство на родителите, дочекувајте ифтар заедно.
31.Труди се што повеќе да внесеш радост во срцата на муслиманите.
32.Труди се што повеќе да им помагаш на муслиманите.
33.Труди се што повеќе да им правиш доброчинство на комшиите: повикај ги на ифтар.
34.Немој претерано да се смееш, затоа што претераното смеење е причина за умртвување на срцето. Не личи на постачот претерано да се смее.
35.Немој да водиш расправии ниту да се лутиш. Не отварај врата која ќе ти донесе штета и која после нема да можеш да ја затвориш.
36.Обавувај ибадети како е пропишано да се обават, без недостатоци.
37.Учи што повеќе Куран, затоа што ова е месец на Куранот.
38.Не пропуштај да ги клањаш сите намази во џемат, не пропуштајќи го почетниот текбир, во првиот сафф и позади имамот.
39.Обавувај теравија намаз во џамиите, и не ја напуштај теравијата пред имамот,туку заврши со имамот како би ти била напишана награда како да си клањал цела ноќ.
40.Обавувај ноќен намаз во последната третина, најдобар намаз е оној со најдолго стоење.
41.Обавувај намаз во џамија во која ќе го почуствуваш тој намаз.
42.Биди скрушен во намазот и нека твоето срце биде понизно во сите ибадети.
43.Сеќавај се со понизност пред Аллах с.в.т. ако можеш заплачи или обиди се дазаплачеш.
44.Труди се многу да престојуваш во џамија.
45.Обавувај што повеќе нафиле– доброволни дела.
46.Жените нека обавуваат намаз дома или во најблискиот месџид.
47.Кога ќе излезат од дома, нека се придржуваат до шеријатските прописи.
Жените во хајз и нифас забрането им е да влегуваат во џамија, да допираат Мусхаф, да постат и да клањаат.
49.Жената во хајз и нифас нема да престане со спомнување на Аллах џелле шануху
50.Моли се во ситуациите во кои се прима довата.
51.Барај опрост пред зората.
52.Потруди се да обавиш умра во рамазан.
53.Истрај во правење добри дела па макар биле и мали.
54.Потруди се да правиш разноврсни ибадети, како не би ти здосадило стално правење на исти ибадети.
55.Напушти ги ружните особини и обичаите кои си ги практикувал.
56.Не и приоѓај на жената додека постиш.
57.Не го кревај гласот во текот на постот и избегнувај расправии.
58.Биди милостив и благ.
59.Оној кој ќе ти се обрати на неубав начин, немој д му одговараш, само кажи: ”Јас постам”.
60.Чувај се од мешање со особи од спротивниот пол.
61.Советувај ги муслиманите на убав начин.
62.Накити се со убав ахлак.
63.Последните десет денови од Рамазан зголеми ги ибадетите, буди го своето семејство на ноќен намаз.
64.Потруди се да го поминеш ова време во итикаф.
65.Не допуштај да помине Лејлетул -Кадр а да не си ја поминал во ибадет.
66.Труди се да спиеш што повеќе, четири саати ти се доволни.
67.Оние кои го расипуваат својот имот се браќа шејтанови.
68.Труди се да ги храниш и да ги облекуваш сиромашните, и помагај на оние на кои им е помош потребна .
69.Издвои садекатул-фитр.
70.Навикнувај ги децата на пост, намаз и останати ибадети.
71.Во делењето биди милостив и по благ од ветрот кој дува.
72.Подучувај го Куранот во месецот на Куранот.
73.Не ја удоволувај душата со се што ќе ти побара, затоа што ако го направиш тоа -ќе пропаднеш.
74.Чувај се од шејтанот во човечки облик: “На вратите на Џехеннемот стојат повикувачи, кој им се отповика, ќе го однесат во Џехеннем.“ Муттефекун алејхи.
75.Чувај се од гревови во текот на Рамазан и дење и ноќе.
76.Чувај се од гледање телевизија, слушање музика, пушење цигари, гледање жени и безработење по улици. Чувај се од непокорноста кон Аллах џелле шануху.
77.Превземи ги сите причини како би ти било простено овој месец.
78.Пости од дуњалукот(овој свет) и својата смрт направи ја ифтар. Целиот дуњалук е месец рамазан, богобојазните во него постат од страсти и гревови. Смртта за нив е веселба затоа што се радуваат за својот бајрам.
79.Сабурај, зато што сабурот е пола пост.
80.Ако се пробудиш безбеден во својот дом, здраво тело и имаш опскрби за тој ден, како да ти е даден дуњалукот и се што е на него, затоа заблагодарувај му се на Аллах џелле шануху и немој да се плашиш за опскрба.
81.Човекот кој е благодарен на Аллаховите благодети нема да ги скрати другите. Затоа, ако некој ти затропа на вратата барајќи малку храна немој да го одбиеш. “А на просјаците не подвикнувај.“ (Ед -Духа,10)
82.”Затоа сирачето немој да го понижиш” (Ед-Духа, 9), побарај ги јетимите на кои можеш да им помогнеш и внеси радост во нивните срца.
83.Биди благодарен и спомнувај Аллаховите благодети: ”…и за благодетите на Господарот свој кажувај’‘ (Ед-Духа,11).
84.Три се степени на постот:
степен: воздржување од јадење, пијалок и исполнување на страстите;
степен: одвраќање на слухотo, видот, јазикот, рацете, нозете и останатие органи од правење гревови:
степен: потпирање на Аллах субханеху ве те ала, и усмерување на срцето само кон Него, џелле шануху
Тргни се од лажниот говор.
Многу има постачи кои од својот пост имаат само глад.
Немој да постиш од дозволените работи, потоа да се ифтариш со забранетите работи.
Немој да се прејадеш во текот на ифтарот. Резултат на прејаденост е поспаност и тешко поднесување на теравија намазот.
Неопходно е твоето срце да биде измеѓу надежта и стравот. Надевај се дека твојот пост е примен и стравувај од тоа да твојот пост биде одбиен.
Трпението во извшувањето на ибадети е полесно отколку трпението во поднесување на казна.
Постот е штит кој Аллх џелле шануху го става на твојот јазик, слух вид и останатите делови на телото, затоа заштити се со постот од Оган.
Пост на рацете е да не ги пружаш кон забранетите работи (допирање на личностите од спротивниот пол, отуѓување на работите, удирање некого), а пост на нозете е воздржување од чекорење кон харамот.
Труди се постот да го сочуваш од сите недостатоци, затоа што секое добро дело ти припаѓа тебе освен постот. Постот Му припаѓа на твојот Господар и Тој за него наградува.
Држи се до работите кои го зголемуваат иманот.
Барај од Аллах с.в.т. да ги прими твоите добри дела затоа што Аллах не прима освен од богобојазните.
Господарот на рамазанот е Господар и на другите месеци. Немој да се враќаш на грешењето после рамазан.
Пропуштените денови на постот побрзај да ги напостиш.
Откако ќе ги напостиш пропуштените денови, пости шест денови во месецот шеввал, затоа што ќе бидеш награден како да си постел цела година.
Труди се цела година да ти биде рамазан. Не престанувај да учиш Куран, да одржуваш роднински врски, да клањаш ноќен намаз, да делиш садака, меѓусебно да се посетувате, само поради Аллах с.в.т.
Не заборавај, пред ибадетот, делото да го направиш искрено поради Аллах с.в.т.. Сети се да занијетиш: твојот пост да биде само поради Аллах с.в.т. само Тој за него наградува, да не знаеш што од тие добра како награда те чека, дека грешките ќе ти се опростат, дека постот за тебе ќе се завзема на Судниот ден, дека Аллах и Неговите мелеци на тебе ќе донесат салават, дека постот те оддалечува од Огнот, со секој ден седумдесет години; дека ќе влезеш во Џеннет низ вратата Ер-Рејјан, а низ неа влегуваат само постачи, ако преселиш како постачќе влезеш во Џеннет, довата во текот на Ифтар не се одбива, те очекуваат две радости, првата во текот на ифтар, а другата со средбата со Господарот, здивот од устата на постачите на Аллах му е по драг од мирискот на миск, вредноста на ноќта на Кадр е како илјада месеци, за секоја теравија која ја клањаш со имам имаш награда како цела ноќ да си ја поминал во клањање, дека ќе бидеш со искрените и со шехидите.
Нашата последна дова е: Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Господарот на световите!
Comentários