top of page
Writer's pictureinfoislam

124-годишна Палестинка која одбила да влезе во Гинис

Поради нејзиниот хиџаб, 124 годишната палестинка одби да влезе во Гинисова книга на рекорди.

Мејрем Хамдан Аммаш иако имаше години со кои таа не е толку голем проблем да си ја открие својата коса, таа сепак одби да си ја тргне својата марама која со чест ја носеше над 110 години. Таа имаше обавено аџилак 10 пати, умра 10 пати и 124 годишната палестинка го одби предлогот на Гинисовата книга на рекорди да се појави во телевизија која бараше да ја тргне нејзината марама и така да биде запомнета од целиот свет. Кога претставникот на гинисовата книга на рекорди и предложи да ја направи позната таа одговори: „Дали тоа ќе ме стори сретна?“, тој и одговори дека тоа ќе ја стори многу среќна и нејзе и нејзиното семејство. Таа му одговори: “Доволно си стар да ја направиш разликата помеѓу исправното и неисправното..само дете или малоумник може да верува дека ќе биде среќен доколку се почитуваат смртници како него, а ризикува да биде посрамотен во очите на Создателот. Па што би требала да изберам? Да ме почитуваат оние кои сами немаат чест или да бидам почестена да бидам помеѓу среќниците кои го стекнале задоволството на Создателот.” Седум месеци подоцна претставникот на Гинис го прифати исламот. Набргу потоа во декември 2013 почина шејха Мерјем. Во званичните документи таа беше родена 1888 година во Турција што ја направи официјално најстара жена во светот во тоа време.

0 views0 comments

Комментарии


bottom of page