top of page
Writer's pictureinfoislam

77 ограноци на иманот

Иманот има многубројни ограноци а тоа ни укажува дека иманот поединечно кога се спомнува ја подразбира целата вера. Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем,  општо и поединечно ги спомнал гранките на иманот. Од Ебу Хурејре , радијаллаху анху, се пренесува дека Божјиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем,  кажал: „Иманот се состои од седумдесет и неколку ограноци, а срамежливоста е една гранка од иманот.“ Во друго предание стои: „Иманот е седумдесет и неколку, односно шездесет и неколку гранки, најдобриот е да се изговара ла иллахе иллаллах,[1] а најмал е да се отклони она што му пречи на пат. Срамежливоста е еден дел од иманот.“ (Муслим)

Имамот Ебу Бекр Ел Бејхеки спомнува седумдесет седум ограноци на иманот, од кои во скратен облик ќе ги наведеме:

  1. Верување во Аллах , џелле шануху,

  2. Верувањето во пратениците

  3. Верувањето во мелеците (ангелите)

  4. Верувањето вочесниот Куран и сите објавени Книги

  5. Верувањето во одредбата на доброто и злото која доаѓа од Алла , џелле шануху,

  6. Верување во Судниот ден

  7. Верувањето во проживувањето

  8. Верувањето дека луѓето ќе бидат собрани откако ќе бидат проживеани од своите гробишта кон местото на стоењето

  9. Верувањето дека куќата и засолништето на верниците е рајот, додека куќата и крајната дестинација на неверниците е џехенемот.

  10. Верување во обврзителноста на љубовта према Аллах џ.ш.

  11. Верување во обврзителноста на имање надеж од Аллах џ.ш.

  12. Верување во обврзителноста на ослонување само на Аллах џ.ш.

  13. Верување во обврзителноста на љубовта кон Пратеникот алејхи селам

  14. Верување во обврзителноста на респектирањето на Мухаммед а.с. без претерување

  15. Љубовта на човекот кон својата вера фрлањето во Оган да му е помило од неверството

  16. Верување во обврзителноста на имање страв само од АЛлах џ.ш.

  17. Барање на знаење и спознавање на Аллах, Неговата вера и Неговиот Пратеник, алејхи селам, со аргументи од Куран и суннет

  18. Ширење на знаење и подучување на луѓето

  19. Респект кон Куранот, негово читање, учење, подучување, познавање на халалот и харамот и негово меморирање

  20. Чистотија и постојано чување на абдест

  21. Редовно обавување на намаз

  22. Издвојување на зекат

  23. Пост (обврзителен и доброволен)

  24. Итикаф

  25. Хаџ

  26. Борба на Аллаховиот пат

  27. Бдеење на Аллаховиот пат

  28. Цврстина пред непријателите на Аллаховата вера и избегнување на бегање

  29. Издвојување на петтина на воениот плен на емирот

  30. Пуштање на робовите од богобојазност и приближување кон Аллах

  31. Обврзителен откуп за прекршок, искуп з аубиство, искуп за зехар, искуп за заклетва, искуп за сполен однос во време на рамазанскиот пост

  32. Извршување на договор

  33. Броењето на АЛлаховите благодатти и благодарност на тоа

  34. Чување на јазикот од она за што нема потреба

  35. Чување на поверените работи

  36. Забрана на убивање и злосторство

  37. Забрана на блуд и и обврзителност на непорочноста

  38. Чување на рацете од забранет иметок, од крадење, разбојништво, мито и сл.

  39. Да се воздржи во јадење и пиење и избегнување на забранетото

  40. Избегнување на забранета облека и садови(сребрени и златни чинији и лажици и сл)

  41. Забарана на игри и разоноди кои се спротивни од пропишаните

  42. Умереност во трошење

  43. Забрана ана поткрадување и злобност

  44. Забрана на рушење на честа на луѓето и обврска да се избегнуваат да се западне во тоа

  45. Искреност на делата и оставање на претварањето

  46. Радост за доброто и жал кон злото

  47. Лечење на секој грев со искрено покајување

  48. Покорност кон надредените(учени)

  49. Принесување на жртви како што е курбан и акика

  50. Придржување на она што е џематот и заедницата

  51. Праведно судење помеѓу луѓето

  52. Наредување на добро и оствање на забраните

  53. Соработка во добро и богобојазност

  54. Срам

  55. Доброчинство кон родителите

  56. Одржување на родбински врски

  57. Убаво однесување

  58. Убаво однесување кон подредените слуги и робови

  59. Почитување на сопственикот и неговото право

  60. Извршување на правата на децата и семејството

  61. Зближување на следбениците на Исламот и нивната меѓусебна љубов, ширење на селамот и ракување

  62. Одговарање на селамот

  63. Обврска на посета на болен

  64. Да се клања џеназе намаз на починатите следбеници на киблата

  65. Да се наздрави на оној кој ќе кивне

  66. Одалечување од неверниците кои чинат неред и грубост кон нив

  67. Почест кон комшиите

  68. Служење на гостите

  69. Да се прикријат маните на грешникот

  70. Да се стрпи во сиромаштво и несреќи и од она што душата тежнее во вид на сладости и страст.

  71. Скромност и краткотрајна надеж

  72. Здрава љубомора и оставање на расправата

  73. Одалечување од претерување

  74. Дарежливост

  75. Сомилост кон малолетниот и почит кон постариот

  76. Поправање на меѓусебните односи на муслиманите

  77. Да муслиман му посакува на својот брат верник она што го сака и засебе, а да мрзи за него она што мрзи и засебе.

Автор: Др. Сеид Ел Кахтани

0 views0 comments

Comments


bottom of page