top of page
Writer's pictureinfoislam

K’на (Alkanna tinctoria)


Хена (К’на) е ладна и сува иако некои велат дека содржи топлина во себе. Се користи за лечење на пликови по устата и отоци. Леч и и изгореници. Исто така се користи како боја за коса и добра е за лечење на инфекции за ноктите. Ако некој има вариола(голема сипаница) и го намачка телото со к’на  сипаницата нема да ги оштети очите. Умм Селеме рекла: „Пратеникот алејхи селам на секоја рана ставаше к’на.“(Ет Тирмизи и Бејхеки).

Цветот на к`на исто така се смета за полезен против главоболка предизвикана од врелото сонце. Цвеќињата треба да се остават во киселина и да се аплицираат потоа на челото. Со овој лек за брзо лесно се постигнува олеснување. Во делото „Историја“ од Бухарија стои дека некој човек се пожалил на Пратеникот алејхи селам на главоболка, а тој му одговорил дека за тоа е најдобра топла купка од хена. Додека на човекот кој се жалеше на болки во нозете рекол: „Намачкај ги со к’на.“[1] Од Ебу Давуд се пренесува и хадис во кој вели дека нема помило растение на Аллах од Хена(К’на). Навистина лек за посекотини е сето она  што ја отстранува претераната влага и ја стимулира регенерацијата на ткивата а токму тоа се одликите на к’ната. Го отстранува вишокот на течности кои го забавуваат обновувањето на ткивата. Ако ставиме цвет од хена на волнена облека тоа ќе подари убав мирис  и молците нема да ја нападнат. Некои тврдат дека ако листовите на хената ги потопиме во вода и потоа ги исцедиме и таа вода да ја пиеме 20 дена тоа ќе ни помогне во лекување од лепроза во нејзина рана фаза. Ако по јадењето на јагнешко и пиење на овој напиток пациентот не е излечен, тогаш за него нема никаква надеж. Денес се користи за емугулатор за обојување на храната(Е103)

[1] Ебу Давуд

0 views0 comments

Comments


bottom of page