top of page
Writer's pictureinfoislam

Авраам во библијата ги јавал камилите и патувал во денешна Саудиска Арабија


Израелските археолози ги потврдиле претходните сознанија дека камилите во нивниот простор пристигнале неколку векови подоцна од периодот 1500 до 2000 година пред Христос, кој е опишан во Библијата дека Авраам (Ибрахим) јавал на овие животни.


Според археолозите Библијата не треба да се третира како историски документ, бидејќи Авраам, Јосип и другите библиски личности сосема сигурно не можеле да јаваат на камила во овој опишан период.Др. Ерез Јосеф и др. Лидар Сапир Хен од Одделот за археологија на Универзитетот во Tел Авив со целосна анализа и истражување се обиделе да го одредат времето кога камилите стигнале во јужен Левант. Тоа е деветиот век пред Христос, што е неколку стотина години по времето во кое живееле претците на Авраам.

Но доколку се земе исламскиот став по ова прашање а тоа е дека Авраам патувал во денешна Саудиска Арабија и дека истиот ја обновил Ќаба – денешниот храм Божји и лулка на исламот се доаѓа до потврда на исламското верување и за честите патувања Аврам  во овој крај, што често го негираат денешните христијански теолози. Можеби баш Авраам бил оној кој ги донел камилите во денешна Палестина.

Според исламското верување  Ибрахим а.с. ја зел Хаџера и нејзиниот син, заминал со нив далеку во една неплодна пустина и им изградил една мала куќичка во близина на денешната Ка’ба, и тука ги населил. Потоа почнал да клања и да се моли на Аллах џ.ш. со зборовите: “Господару наш, јас некои потомци свои ги населив во котлината во која не се сее ништо, кај Твојот Чесен храм, молитва да би обавувале, затоа направи срцата на луѓето да копнеат за него и опскрби ги со разни плодови за да бидат благодарни.”

Се претпоставува дека камилите првобитно се припитомени на Арапскиот полуостров  а во сите ископини коските на камилите потекнуваат од 10. век пред Христос или подоцна.

Превземено од МК News

0 views0 comments

Commentaires


bottom of page