Автентичноста на Куранот и историјата на неговата редакција
- infoislam

- May 26, 2020
- 6 min read
Неспорната автентичност на куранскиот текст му дава посебно место меѓу книгите на Објавата, место кое тој не го дели ниту со Стариот, ниту со Новиот Завет.
Во првите два дела од оваа книга ги истраживме преработките што ги претрпеле Стариот Завет и евангелијата, пред тие да дојдат до нас во состојбата во која денес се наоѓаат. Случајот со Куранот не е ист, од едноставна причина што тој бил запишан уште за време на животот на Пратеникот, а ние ќе видиме како се случило тоа.Разликите кои во тој однос го одделуваат последното крило на Објавата од двете први,всушност не се врзани со проблемот на датумот, што некои систематски го истакнуваат, не придавајќи им значење на околностите кои управувале со воспоставувањето на текстовите на јудео-христијанската Објава, како што не им придаваат значење ниту на околностите под кои Куранот му бил пренесен на Пратеникот. Се тврди дека еден текст од 7 век од нашата ера имал повеќе шанси да дојде до нас неизменет отколку другите текстови кои, можеби, имаат и до петнаесеттина векови додадена старост. Забелешката е точна, но таа не претставува доволно објаснување. Таа е повеќе направена за да се најде оправдување за модификацијата на јудео-христијанските текстови во текот на вековите, отколку да се истакне дека куранскиот текст, со оглед на тоа што е понов, помалку ризикувал луѓето да го изменат отколку првите два. Што се однесува на Стариот Завет, токму многуте автори на една иста приказна и ревизиите на текстовите кои за некои книги се објавени во повеќе епохи на христијанската ера, се причини за неточноста и за контрадикцијата. Што се однесува на евангелијата за кои никој не може да потврди дека секогаш содржат верен извештај за Исусовиот Збор или верна приказна за неговите дела која би била строго сообразна со реалноста, видовме дека сукцесивните редакции на текстовите се одговорни за сигурниот недостаток на автентичноста. Дури и повеќе, нивните автори не се очевидци.Треба да ја истакнеме разликата и меѓу Куранот, Книгите на пишаната Објава и хадисите, зборникот на кажувањата за делата и за зборовите на Мухамед. Некои придружници на Пратеникот почнале да ги редигираат текстовите веднаш по неговата смрт: со оглед на тоа што тука можела да се вовлече човечката заблуда, нивното собирање морало да биде продолжено подоцна и подложено на најсериозна критика. Како и текстовите на евангелијата, и тие имаат различна автентичност. Како што ниедно Евангелие не било утврдено за време на животот на Исус (сите тие се напишани многу подоцна од неговата мисија на земјата), ниедна збирка хадиси го нема завршено својот текст во времето на Пратеникот. Со Куранот е сосема поинаку. Текстот, онака како што бил објавуван, го учеле наизуст Пратеникот и верниците околу него, а го запишувале писарите од неговата околина. Тој, според тоа, на стартот ги задржал овие два елемента на автентичност што евангелијата ги немаат. Вака дејствува сè до смртта на Пратеникот. Рецитирањето, во една епоха во која сите не пишувале, но можеле да учат наизуст, дава значителна предност поради многуте можни контроли во мигот на дефинитивното утврдување на текстот.Куранската Објава му е пренесена на Мухамед преку Архангелот Габриел (Џебраил). Таа се протега на повеќе од дваесет години од животот на Пратеникот. Започнува со првите ајети од сурата 96; тогаш се прекинува за три години и повторно почнува во текот на дваесет години, до смртта на Пратеникот во 632. година од христијанската ера, или десетина години пред хиџра (622) и десетина години по неа.Првата Објава била следнава (сура 96, ајети 1 до 5)“Читај во името на Господарот твој кој создаде,го создаде човекот од нешто што се закачува



Comments