Исламската теолошка мисла поврзана со Божјите можности е елоквентно собрана во кредото кое се наоѓа во Тахавиевата Посланица. Таму стои:
„Тој е семоќен. Сè е зависно од него, и секоја работа е лесна за него.“
Често прашање кое се однесува на Божјата сила и можност е дека ако Бог е Семоќен, тогаш дали може да создаде камен кој неможе да го помрдне? Клучно нешто што треба да се направи за да се одговори ова прашање е да се потенцира дека „Семоќниот“ е погрешно разбран како „семожниот“. Под семожност се подразбира да се актуелизира секоја работа, додека Семоќта е актуелна само за Неговата моќ. Затоа Бог кој е способен да „создаде камен кој неможе да го помести“ всушност објаснува работа која е невозможна и бесмислена, исто како да велиме „бело црна врана ” или ” круг триаголник” или дури и ” водоземец – цицач“.
Ваквите изјави не опишуваат ништо и нема да имаат информативна вредност, тие се бесмислени. Па зошто треба ние дури да одговориме на прашањето кое нема значење? Отворено кажано, ова прашање не е дури ни прашање. Друг начин на гледање на ова е дека , бидејќи Бог е семоќен , тоа значи дека Тој секогаш ќе биде во можност да го направи она што Тој сака , како кредото на Тахави што кажува погоре и кај се споменува ” и секоја работа е лесна за Него. ” Затоа семоќноста, исто така, исклучува секаква можност на неуспех. Но прашањето сепак кое е поставено вели дека бидејќи Бог е семоќен Тој може да направи нешто што вклучува неуспех! Ова е ирационално и апсурдно како што е еквивалентно да се каже: “семоќно суштество не може да биде семоќно суштество”!
Да заклучиме, Бог може да создаде камен кој е потежок од нешто што може да се замисли, но тој секогаш ќе биде во можност да го помести тој камен, при што мора да се сфати дека неуспехот не е аспект на семоќ. Слично на тоа може да кажеме и за тоа што не му приличи на Бог. На Бог не Му приличи да биде човек и суштество, ниту да има некој познат облик и ограничување, бидејќи во таа состојба би бил немоќен, односно би зависел од материјата, енергијата, времето и на сето она што е создадено, а Бог нема недостатоци, ниту слабости и со тоа треба да се исклучи можноста за неуспех. Аллах го создал светот и се што е на Него и тој ги создал природните законитости и материјата при што со тоа создавање Тој создал нешто совршено и е бесмислено да Тој се стави под влијание на создаденото и да слично на примерот на каменот, создаде нешто што е спротиставено на неговите особености и својства.
Хамза Тзортис
Comments