top of page
Writer's pictureinfoislam

Аллах – Аллах освен Кого нема друг бог

Аллах е Најпознато име на Господарот на сите светови.

Луѓето кои потекнуваат од различни сфери на интереси знаат и свесни се дека Аллах е име со кое кое задолжено човештвото, џинните и сето она што постои. Тој е создател на небото и Земјата и Оној кој што дава живот и смрт. Сите луѓе би се сложиле дека тоа име на Независниот Владател се однесува единствено на Аллах. Ова име е најдобро и истото е дел од сведоштвото со кое се потврдува дека не постои друго божество достојно на обожавање на Аллах. Поради тоа истото име станало и симбол на верата и тоа име е стрикно ограничено на Господарот наш. Името Аллах е едно од совршените имиња и својства. Тој е изведеница од коренот на зборот ал-иллах која индицира дека Аллах е единствениот Бог кон кој сите видови на обожување мора да бидат посветени.3 Ибн Мензур вели: „Ал иллах: Аллах секоја работа која што е обожувана покрај него ја направил божество за оние који ја обожуваат. Множество на илах е алихах. Идолите се алихах затоа што се верувало дека треба да бидат обожувани. Поради тоа Ибн Атир вели дека Аллах е е изведеница од зборот алихах.4 Последично на ова се што е обожувано покрај Аллах се смета за божество-илах, без разлика дали довикува, се бара помош од него или му се посветува со нешто итн. Но што и да се обожува покрај Аллах е лажно, бидејќи Аллах е Единствениот кој е вреден да се обожува. „Твојот илах е само еден Иллах(Аллах), ла иллахе иллла Хуве – не постои некој кој е има право да биде обожуван освен Него, Милостивиот, Сомилосен. (Куран 2:163)

Доказот дека Аллах како име доаѓа од формата ал иллах е фактот што арапите ја користеле оваа изведеница на овој корен и ова го пренесуваат и Бухари и други исламски учени.

Во минатото луѓето обожувале а и сеуште го обожуваат Сонцето, Месечината, идолите, огинот, ѕвездите, дрвата, камењата и други предмети кои не се вредни на обожувањето. Тие не поседуваат атрибути кои можат да ги квалифицираат за да бидат обожувани или единствени во нивното дело на креација или постоење.  Тие квалификации кои треба да ги поседува некој што треба да биде обожуван, Аллах ни ги објаснува во ајетот Курси во кој што ни вели: 

Аллах е, нема друг бог освен Него, Живиот и Самоопстојувачкиот Одржувател! Не Го обзема ни дремка ни сон! Негово е тоа што е на небесата и на Земјата! Кој може кај Него да се зазема освен со Негова дозвола?! Тој знае што било пред и што ќе биде после нив, и тие не можат да опфатат од Неговото знаење, освен колку што Тој сака! Неговиот Курсиј ги опфаќа и небесата и Земјата, и Нему не Му е тешко да ги одржува! Тој е Севишниот, Величествениот! (Куран 2:255)

0 views0 comments

Comments


bottom of page