Навистина секое својство на Возвишениот Аллах е од праисконот и постојано. Тој е одсекогаш со своите својства и пред да Ги создаде суштествата. Сите Негови својства се совршени. Непостоењето на тие својства би значила несовршеност.
Неразумно е Аллах да се опише со совршенство, после несовршенство и обратно. Ни едно својство не е додадено после создавањето на човекот. Како што Возвишениот Аллах е од праисконот со тие особености и својства, така и тие немаат почеток. Исто така Аллах со нив останува засекогаш. Тие не се минливи. Напротив тие својства се вечни заради вечноста на Оној кој ги поседува. Славен нека е Аллах и Возвишен. Возвишениот Аллах е Создател пред да е создадено било кое суштество. Тој се викал со ова име пред нивното создавање. Нарекувањето со ова име не е во зависност од доаѓањето на Неговите суштества на светот. Исто така Аллах не се нарекува со името Создател после создавањето на световите. Напротив Тој е со тоа име и пред да се создадени тие. Аллаховите имиња и својства се одсекогаш кога постои Тој(Неговото битие). Забележено е во хадис Кудси од Пратеникот а.с. дека Возвишениот Аллах кажал: „Го одредил одредувањето на Своите суштества педесет илјада години пред да ги создаде небото и Земјата.“(Муслим) Забелешка: Од овде може да ја заклучиме погрешната теорија на „тројство“ која некој сака да ја престави како вечна особеност на Аллах, но всушност самото создавање на човекот неможе да влијае на Аллаховото име, ниту Аллах од секогаш бил „со три лица“(Аллах да ни опрости). Значи Стариот Завет и Неговата промена во прописите со Новиот завет неможе да се доведе до ситуација на промена на Аллаховото својство и Тевхид и наеднаш поради „човекот“ да се смени едно својство на совршенство- дека Аллах е Вахид-Еден Единствен во се. Аллах да не сочува од непромислен говор, говор без знаење и да не сочува да Му сметаме нешто рамно.
„Коментар на Тахавиевата посланица“
Commentaires