top of page
Writer's pictureinfoislam

Аллах е полн со љубов

Ел-Ведуд – Оној кој сака

Зборот вадуд е збор кој произлегува од вадаху што значи да се сада одредена особа. Аллах вели:

Тие што веруваа и правеа добри дела, Семилосниот сигурно ќе ги направи сакани.“(Мерјем, 96)

Во овој ајет спомнатата љубов се однесува на взаемното сакање. Како што Аллах вели: И Тој простува и полн е со љубов, (Ел буруџ, 14)

Љубовта на Аллах кон неговите суштества е огромна. Тој ја воспоставува Неговата Љубов со тоа што Тој ги запознава со него, неговата љубов кон грешниците е во опростот, а љубовта кон сите суштества е давањето начин да постојат. Тој ги сака верниците кои го сакаат, и Тој е задоволен со верниците кои прават дела на праведност и поради тоа тој ги пофалува за нивните дела.

Самото име „Оној кој сака е“ е доста блиску до значењето со името Ал рахим, милостивиот. Аллах ја воспоставува неговата љубов како директен акт на обожување, поради тоа тој Севишниот вели: „…Аллах е

задоволен со нив, а и тие ќе бидат задоволни со Него. Тие се Аллахова

партија, а навистина Аллахова партија се тие што сигурно ќе успеат.“(Муџеделе, 58)

Кога Аллах ќе засака некое суштество Тој тоа ќе го покаже на нив, па ќе им овозможи и тие него да го сакат:

„Кога Аллах ќе засака некое од неговите суштества Тој ќе го повика Џибрил(Гавриил) и вели: „О Гавриил, јас ја сакам таа особа, па и ти засакај ја!“ Па Џибрил ќе ја засака таа личност, па потоа ќе каже во Возвишениот собир: „Внимавајте! Аллах, Слава Му и секоја чест, ја сака таа особа, и вие сакајте ја!“ Па кога ќе го засака возвишениот собир, тогаш таа љубов ќе влезе во секое срце на земјата. (Хадис)

Нека е слава на Семоќниот Аллах кој всадува љубов во него на Оној кого тој сака и да ни подари љубов да го сакаме и обожаваме како само Тој Севишниот е задоволен.

0 views0 comments

Comments


bottom of page