Семоќниот се колне со голема заклетва и ја спомнува смоквата: „Се колнам во смоквата, маслинката и Синајската гора“
Од познатиот хадис на Ебу Зерр се пренесува дека Ебу Дерда во една прилика го понудил Аллаховиот Пратеник ﷺ со чинија свежи смокви, па тој се свртел и ги повикал сите други да јадат, велејќи: „Јадете!, а и тој јадеше, и кажа: „Да требаше да кажам за некое овошје дека е донесено од Џеннетот, би рекол за ова оваа овошје, затоа што џеннетското овошје нема семки. Тоа навистина ги отклонува хемероидите и добар е за костоболката!“
Смоквите се многу вкусно и здраво овошје. Целата смоква може да се јаде од надворешната лушпа, до слаткиот, црвен, меснат средишен дел со ситни семки.
Смоквата е овошје кое е подеднакво вкусно и здраво, свежо или сушено. За вредноста на смоквата се знаело многу одамна, па од тука низ историјата на човештвото смоквата доста се одгледувала и ја конзумирале редовно. Смоквите спаѓаат во најстарите култивирани овошја. На Медитеранот, таа дошла од Индија преку Турција.
Смоквата со својот нутритивен состав и лековити својства се издига над многу видови на овошје. Смоквите се подобар извор на растителни влакна од повеќето видови на овошје. Околу 28% од влакната на смоквата се растворливи. Овој вид на растителни влакна помага во контролата на нивото на шеќерот во крвта и го намалува нивото на холестеролот, врзувајќи го од цревата.
Студиите покажуваат дека со консумирање на овошје богато со растворливи растителни влакна се намалува енергетскиот внес, се задржува ситоста наместо консумирање на храна со повисока енергетска вредност. Тоа значи дека растителните влакна можат да помогнат во намалувањето на телесната тежина.
Нерастворливите растителни влакна од смоквата поволно делуваат на здравјето на дебелото црево. Тие го регулираат варењето на храната и овозможуваат нормално празнење на цревата. Некои проценки покажуваат дека околу 70% од случаите на рак се поврзани со лошата исхрана. Повеќето прехрамбени теории го поврзуваат високиот внес на масти и нискиот внес на влакна со ракот на дебелото црево.
Тие делуваат како антиоксиданси, ги блокираат гените кои предизвикуваат рак и го успоруваат растот на ткивото на ракот. Освен вообичаените полифеноли, смоквите содржат и бензалдехид и кумарин, кои успешно се користат во терапијата против ракот. Свежата смоква делува смирувачки при воспаление на дишните патишта.
Смоквата е овошје кое содржи и до 80% вода, а шеќерите во себе обезбедуваат многу енергија која ја потикнува работата на мозокот, концентрацијата и помнењето. Корисна е при опоравување од исцрпеност и е природен „чистач“ на организмот. Природните шеќери од смоквата ја стимулираат работата на мозокот. Па со оглед на тоа, можеме слободно да заклучиме дека смоквата е омилено овошје на мозокот. Во народната медицина е познато дека мелените смокви се добри за чистење на лицето, а помагаат и при лекување на акни на кожата. Чајот од листовите од смоква го регулираат нивото на инсулин, па затоа на дијабетичарите се препорачува редовно користење на чај од листови од смоква.
Comments