Арапите пред пратеништвото на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, биле поделени во различни племиња се убивале меѓусебно и поробувале едни со други, тиранијата била закон кој владеел со овие племиња. Луѓето не беа еднакви во тој период, туку побогатите ги користеле сите права во потполност, а робовите немале никави права, бидејќи тие биле во посед на своите поседуватели.
Кога било во прашање жената, нејзините права биле загрозени во потполност, таа била сопственост на својот татко и нејзините браќа, а потоа би станала сопственост на нејзиниот маж, а после тоа и сопственост на неговите наследници.
Покрај тоа биле раширени и паганските обичаи како што се крадењето, киднапирањето, трговијата со робови, проституцијата, убивањето на женски деца, обожување на кипови и тн.
Пратеникот Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, се спротиставил на оволку лошата состојба и воспоставил програм кој ги опфаќа правата на сите, програм кој пред тоа во историјатата на човештвото не му сличел ниту еден.
Откако ги повикал луѓето во обожување на само Аллах Возвишениот, започнал со воспоставување на еднаквоста на луѓето и ги појаснил правата на човекот и на останатите живи суштества во сите животни сфери.
Правата на човекот а и останатите права во исламот се одликуваат по тоа што тие се права кои се поставени од Возвишениот Аллах, па затоа ниеден човек неможе да ги укине, ниту може да ги избегне.
Тоа се меѓусебно урамнотежени права кои меѓусебно не се потиснуваат. Тоа се права кои опфаќаат секој секое време на човековиот животбило да се работи за дете во човековата утроба, дечко, младо момче, возрасен, постар човек, здрав или болен.
I.1 Еднаквост
Има ли нешто поубаво од тоа да човек живее во заедница во која секој ја има истата прилика и во која сите се еднакви, а единствено нешто што ги чини подобри од другите е богобојазноста? Во заедницата каде слабиот има свое право кај моќниот, а сиромавиот кај богатиот.
Такво може да биде само верското општество кое го поставил Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, на кого Аллах џ.ш. му објавил: „О, луѓе, Ние од еден маж и од една жена ве создадовме и на народи и племиња ве поделивме за да се запознавате. Најугледен кај Аллах е тој што најмногу се плаши од Него; Аллах, навистина, сè знае и ништо не Му е скриено.“ ( Ел Хуџурат, 13)
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „О луѓе вашиот Господар е еден, вашиот татко е еден и нема предност на Арап над неарап, ниту неарап над Арап, ниту белата раса има предност над црната, ниту црната над белата, освен по богобојазноста. Најјугледен кај Аллах е оној кој е најбогобојазен. Дали сум ви доставил?“
И кажал: „Аллах од вас ја отклонил горделивоста од време на незнабоштвото и фалењето со потеклото. Луѓето се потомци на Адем, а тој е од земја.“
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, го докинал обичајот на фалењето со потеклото, а арапите во предисламското време, во доба на џахилиетот, имале обичај да се фалат со своето потекло, додека другите ги понижувале, па дури и војни избивале поради тоа. Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Четири појави од мојот уммет спаѓаат во џахилиет(паганство) и луѓето нема да ги остават: фалењето со потеклото, негирање на родословието, барање на дожд преку ѕвезди и нарикање по умрените.“
И кажал: „Кој нема да има доволно добри дела ништо нема да му помогне неговото потекло.“
И кажал: „О Фатима, ќерко на Мухаммед, барај од мене што сакаш, но јас кај Аллах нема да ти бидам од корист.“
И уште кажал: „Аллах негледа во вашите ликови и вашиот имот, туку гледа во вашите срца и вашите дела.“
Commentaires