top of page
Writer's pictureinfoislam

Аллаховите пратеници и нивната мисија на Земјата

Аллах не го оставил човекот сам на светот, туку му испратил Пратеници.

Преку своите пратеници му испратил свети книги со цел да го упати на вистинскиот пат. Човекот е создаден како интелигентно суштество. Човекот има голем број способности, но и покрај тоа човекот има потреба од Аллаховите пратеници и неговите свети книги за да може да знае што му е дозволено а што му е забрането, да прави разлика меѓу доброто и лошото и да знае како да му се моли на Аллах. Аллах во секој период од историјата на човекот има испратено свои одбрани луѓе како свои пратеници и претставници на Земјата. За тоа пишува и во светата книга Курани : „Ние на секој народ му испративме посланици со наредба тие кои веруваат во него да му служат и да знаат како да се однесуваат.“

Семоќниот Аллах за свои пратеници ги има избрано луѓето кои биле најпогодни за таа света должност. Тие, ператениците, се или гласноговорници на Аллах или предупредувачи кои ги предупредуваат луѓето како да се однесуваат и да не претеруваат во своите дела. За тоа во Куранот се вели следното: Навистина Аллах е со самите верници. Навистина има голема корист да се испрати пратеник кој ќе ги учи луѓето да читаат ајети, кој ќе ги чисти нивните души. Тие порано биле во очигледна грешка.

Пратеништвото не е функција што може да се постигне со работа. Пратеништвото е Божја благодет. Аллах го штити од сите видови на злото својот слуга кого го избрал за оваа задача и кому му дава надлежност за да ја извршуваа оваа функција.

Семоќниот Аллах побарал од нив да веруваат во сите Негови слуги, пратениците. Така да, за да се верува во пратениците, станал еден од темелите на верата. Заедно со донесувањето на пратениците, луѓето треба да веруваат во пораките кои тој ги носи од Аллах . Негирањето на пратеникотт, значи да се негира испраќачот. Во Куранот исто така се вели дека треба подеднакво да се верува во сите Аллахови пратеници без разлика кои се. Мухамед (алејхи селам)во овој поглед има речено дека Аллах ги има спомнато само мал дел од пратениците, но секако дека за секој народ има испратено макар по еден. Сите тие независно кога и каде биле испратени имале само една порака. Сите до еден се потврдиле себеси и другите, ниту еден пратеник не го негирал претходниот или другиот.

Една од главните задачи и напори на пратениците е да го чуваат човекот од пеколниот оган. Ова Мухамед (алејхи селам) го има опишано на следниот начин : Мојата ситуација личи на ситуацијата на човекот кој се обидува да ги спаси инсектите(пеперутките) кои горат во огнот кој што тој самиот го запалил. Јас ве држам за вашите појаси за да не паднете во пеколниот оган, а вие сакате да се спасите од мене и да изгорите во огнот.

Аллаховите пратеници располагаат со особини кои ги немаат обичните луѓе. Тие се луѓе со висок морал и одбрани од мноштвото. Тие располагаат со чист карактер и не скршнуваат од верата во Аллах. Секогаш повикуваат на добро и на убаво. Те се залагаат за правда, безбедност, разум, на не чинење на грев, и пренесување на Аллаховите заповеди на луѓето.

Според Исламот пратениците се луѓе кои ги пренесуваат Аллаховите заповеди на луѓето. Тие не знаат ништо друго освен она што им го вели самиот Аллах.Тие немаат сила која може да им користи или наштети на луѓето, освен чудата со кои располагаат а кои им се дадени од страна на Аллах.

Аллах им има дадено одредени чудесни својства на пратениците како доказ за нивното дело. На пример огнот не го изгори Ибрахим а.с., стапот на Муса а.с. од средина го преполови морето и им отвори пат на бранот бегалци. Сепак и покрај сите овие чудесни особености на пратениците кои што се случиле пред сведоци, сепак повремено се појавувале луѓе кои ги исмејувале пратениците и кои не им верувале,па дури и кои им вршеле зулум.Тие освен тоа предничеле и во занетите. На пример Идриз а.с. бил шивач, Нух а.с. бил бродоградител, Давуд а.с. бил ковач и изработувач на воени оклопи. А Локман а.с. бил исцелител кој ги лекувал луѓето.

Со самото тоа што пратениците биле од човечкиот род ја олеснувало нивната работа, бидејќи тие самите ја практикувале верата пред да ја објаснат верата на другите. Тие оваа мисија ја извршувале со задоволство и без очекување на било каков надоместок, само заради љубов кон семоќниот Аллах.

Тие на луѓето им дале лекции кои човештвото никогаш нема да ги заборави благодарение на надежта на Јакуп а.с., цврстата воља на Јусуф а.с., правичноста на Муса а.с. и трпението на Ејуб а.с. .

Со желба секогаш да бидеме на Аллаховиот пат се до последниот здив. Аллах нека биде со вас.

0 views0 comments

Comments


bottom of page