Алое вера- Субејр
Ако се измеша алојата со останатите лекови,таа ги отстранува нивните негативни ефекти по човекот.Истотака таа се користи за лечење на отекнати очни капаци , јетрата,жутицата, и за лечење на стомачните пликови.
Осман ибн Афван, радијалланху анху,пренесува хадис во кој стои дека некој човек се пожалил на Пратеникот, а.с., на болки во очите за време на аџилакот, по што Пратеникот а.с. му рекол да ги покрие со алоја. Хадисот го пренесува ет-Тирмиди. Алојното стебло исто така е корисно против кашлица и повраќање. Тоа исто така го јакнее срцето и сетилата.
Алое Вера е растение кое се наоѓа во тропските и суптропските предели, и припаѓа на семејството лијани, а не на кактуси како што изгледа а и како што ние повеќето го викаме.
Растението е без стебло, со сабјести листови од должина од околу 75-120 см., со светло зелена боја кои се назапчени по краевите и образуваат форма на ружа во средината со дршка на која на врвот се наоѓа цвет во жолта или црвенкаста боја.
Постојат повеќе од 200 видови на Алое но најкорисно лековито е Алое Барбаденсис Милер (Алое Вера). Името го добива по ботаничарот Милер кој го открил Алоето на островот Барбадос.
Континуираната употреба на лекарствата доведе до големи контраидикации кај луѓето при лекувањето од многу болести, па затоа корисниците и научниците се вратија кон користење на алтернативната медицина со што ќе го приближат човекот до што поприроден начин за спречување на појава на многу болести, како и на нивно лекување.
Така доаѓа до откритието на алое вера и благодетите што ни ги дава ова растение за подобро здравје. Со стабилизацијата на гелот, кој се наоѓа во внатрешноста на листот, се успеа да се доближи до човекот идентичен гел како свеж откинат од растението.
Повеќе од десетина години се испитуваат лековитите материи што ги содржи алоето и за среќа на човештвото се откриени повеќе позитивни резултати.
FDA (Food and Drug Administration) – прехрамбената и фармацевтската лабараторија го одобри користењето во лечење на заболувањето на очите, во спортската медицина, стоматологијата и за интерна употреба. При тоа треба да знаеме дека смериканската FDA е една од најстрогите институти за контрола на храната и лековите во светот.
Во внатрешноста на листот, се наоѓа гелот кој содржи преку 200 корисни материи.
Така во внатрешноста на листовите на алое вера има:
витамини (бета каротин, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12, и антиоксидантите Ц, Е); минерали и олигоелементи, како: фосфор, магнезиум, калиум, натриум, железо, бакер, хлор, манган, хром, цинк; моно и полисахариди: целулоза, гликоза, маноза, алдонентоза, алиназа, рамноза, ацеманан; шеќери: муко – полисахариди, кои делувааат врз имунолошкиот систем и помагаат за детоксификација; од 8 есенцијални аминокиселини содржи 7, а од 14 неесенцијални аминокиселини содржи 11 ; ензими: аналгетик, антифлогистик, имуностимулатор; растителни стероли: три видови кои делуваат како моќни антиинфламаторни агенси; сапонини: моќни антимикробски ефект против бактерии, вируси, габички и воспаленија како кандида. Со количеството на корисни витамини и минерали алоето ја делува имуностимулативно на човечкиот организам.
Со почетокот на внесување на алоето преку дигестивниот тракт, помага кај варењето на храната, абсорбција на хранливите материи, витамини и минерали. Го зајакнува имунолошкиот систем во смисла на одбрана од многу болести и го подобрува дејството на лековите во организмот. Го нормализира функционирањето на организмот и целокупниот систем на органите без токсични појави и дополнителни нус појави. Алое вера го дополнува во организмот тоа што недостасува со исхраната, делува како имуностимуланс, како антиоксиданс и има специфични дејства кои сегашната медицина не може да ги објасни.
Алое вера
Лековитите својства на алое вера се познати уште од античките времиња. Неа ја употребувале старите Египќани, а во тропската Африка се користела како противотров од убодите на отровните стрели. Старите Грци и Римјани ја применувале за заздравување на раните. Исто така, таа се користела и заради благотворното дејство врз системот за варење. Алоето е природен лаксатив кој дејствува како тоник на желудникот.
Денес, алоето има широка примена, особено заради својството да ги лекува изгорениците предизвијани од УВ зраци и радијација.
Сокот од листовите на алое е одлично средство за прочистување на цревата и е многу корисен во случај на запек.
Покрај тоа, алоето е идеален во домашни услови како прва помош за изгореници и рани, гелот од алое вера се употребува и при габични инфекции, а помага и при воспалувања на вените.
Гелот од алое вера се користи и во лекување на чиревите и инфекциите на устата.
Алое вера го јакне одбрамбениот механизам кај човекот, т.е. го зајакнува имунитетот, а со тоа помага за одржување на здравјето кај човекот.
Извор: Медицина на Пратеникот http://rak.mk
תגובות