„Ме спаси од многу болка“ – коментираат некои од атлетичарите.
Започна со Џенифер Анистон, а сега и неколку атлетичари кои беа присатни на олимпијадата во Бразил се со видливи кружни обележја кои се познати како техника „Хиџама“ која ја користел и Пратеникот Мухаммед, Божји мир врз него. Меѓу нив има и голем број пливачи и славни личности.
Хиџама е всушност процес на извлекување, односно влечење на крвта и исфрлување на нечистата крв од организмот со помош на чаши или шишиња кои се поставуваат на одредени места на телото.
На овој третман редовно одат и Мајкл Фелпс, Гвинет Палтроу, Џенифер Анистон и Викторија Бекам.
Хиџамата се повеќе станува популарна во западниот свет а голем број на спортисти кои имаат напорни тренинзи, како и голем број на луѓе заболени од разни болести ја користат за нормализирање на притисокот, намалување на болката во рбетот, главата, како и санирање на разни повреди.
Сето тоа го укажал и Пратеникот на милоста Мухаммед алејхи селам кој кажал:
“Навистина хиџамата е најидеален (лек) со кој се лекувате.”(Бухари);
Џабир, р.а., вели: „Го слушнав Пратеникот, с.а.в.с., како вели: „Ако во нешто има хајр (добро) од вашите лекови, тогаш тоа е хиџамата (испуштање на штетната крв од човечкото тело) и медот.“ (Бухари и Муслим)
Освен намазот(молитвата) која е чистење на умот и психата, хиџамата е лек и метода која го чисти и детоксицира телото.
Научно е докажано дека хиџамата е периодичен процес за прегледот на крвта, со кое што доаѓа до активирање на клетките и отстранување на непотребни токсини(отрови) и зголемување на имунолошкиот систем.
Comentários