top of page
Writer's pictureinfoislam

Антимон- Усмуд

Ладен е и сув.Антимонот ги јакнее оптичките влакна и ги штити очите. Пратеникот а.с. кажал:„Најдобар лек за очите е антимонот.Го јакнее видот и ги зголемува трепките.“(Тирмиди,Ебу Давуд) Исто така кажал а.с. :„Најдобар лек е антимон.Тој го штити здравото но не и болното око.“(Тирмиди) Ет Тирмиди исто така пренесува хадис во кој стои дека Пратеникот а.с. имал посебна посуда во која го држел антимонот.Секоја ноќ по три пати ставал маст на очи направена од антимон.Сличен хадис се пренесува и од Енес.Најубава работа која се добива од него е мошусот.Абдул Латиф кажал:„Антимонот го зголемува растот на трепките,ги разубавува,па заради тоа нашите срца ги сакаат .“

Според најновите истражувања ја лечи Schistosomiasis(паразитска болест) како и разни кожни болести, а кинеските научници тврдат како антимонот е лек за леукемија.Во поголеми количини антимонот е отровен.

Можеби најпознатата жртва на труење со антимон е композиторот Волфганг Амадеус Моцарт. Како што е познато од филмот „Амадеус“ од 1984 година, некои луѓе сметале дека тој е жртва на труење од ривалскиот композитор Антонио Салиери, иако историчарите не веруваат во таа хипотеза. Всушност, многу поверојатно е дека Моцарт бил отруен од неговите лекари. За него било познато дека поради обилното пиење премногу го користел популарниот лек за мамурлак во тоа време – калиум антимонил тартарат C4H4KO7Sb, што му го давале лекарите.

Соединенијата кои содржеле антимон се користеле како антипаразитски лекови за лекување и луѓе и животни од шистосомиоза, филариоза и лајшманиоза. Но, денес се користат побезбедни препарати, така што антимонот се употребува само за лекување на лајшманиоза.

Антимонот бил познат од античко време кога се користел како козметичко средство за очи во Египет. Дури имал сопствен египетски хиероглиф.

Антимонот има неколку индустриски примени. Најголем дел од прочистениот антимон во светот се користи како забавувач на оган, но, исто така, се меша со олово и се употребува во батерии, лагери и лемила.


0 views0 comments

Comentarios


bottom of page