top of page
Writer's pictureinfoislam

Арапите наместо во нафта ќе инвестираат во градилишта

Земјата која е во својата економска еволуција и денешен развој, најмногу и должи на продажбата на нафта, а денес тие креваат раце од ова богатство. Соединетите Арапски Емирати се фокусираат на трговијата, туризмот и технологијата.

Шеиците знаат дека нафтата нема вечно да тече, па ги превзедоа работите во свои раце. Тие продолжуваат да градат држава која ќе биде во служба на претприемачите, бидејќи знаат дека токму во тоа лежи развојот.

Владетелот на Дубаи, шеик Мохамед бин Рашид Ал-Мактум неодамна на твитер објави конкурс во кој бара “личност помлада од 25 години која ќе биде министер”. Недолго после тоа дваесетидвегодишната Шама Ал Мазруи е именувана за министерка за млади.

Освен што ја именуваа за најмлада министерка во историајта на таа земја, шеиците направија реконструкција на владата, па така одредени министри кои не ги задоволуваа критериумите добија отказ.

Во Соединетите Арапски Емирате сите знаат колку е важно градежништвото и вложувањето во инфраструктура. Така во Дубаи моментално се наоѓаат две големи градежни зони.

Американскиот астрофизичар Неил деГрас Тајсон неодамна изјави дека Дубаи е градот на иднината.

0 views0 comments

Comentários


bottom of page