top of page
Writer's pictureinfoislam

Астрологија- знаење за ѕвездите


th5YAJ1IZO

Знаењето за ѕвездите – Астрологија

Етимолошко значење: Инфинитив од глаголот неџ-џеме што значи ја научил науката за ѕвездите или верува во влијанието на ѕвездите.

Терминолошко значење: Докажување на одредени работи преку ѕвездите.

Знаењето за ѕвездите може да се класифицира во две групи:

1. Знаење за прописите и влијанието.

2. Знаење за причините и управувањето.

Знаење за прописите и влијанието може да се подели на три вида:

•           Убедувањето дека ѕвездите дејствуваат самостојно и имаат влијание т.е. дека создаваат случки и зла. Ваквото убедување е Голем Ширк(Паганизам).

•           Ѕвездите се пат преку кој се осознава невидливото (Гајбот). Ова е Голем Куфр(неверство).

•           Верувањето дека ѕвездите се причини да се случи нешто добро или некое зло, со верување дека Аллах, Возвишениот е Тој кој дава добро и зло. Ова е забрането (харам-грев) и е мал ширк.

Знаење за причините и управувањето  се дели на два вида:

•           Докажувањето на верски користи преку движењето на ѕвездите. Ова е потребно и се бара од верникот. Пример е да се најде правецот на Кибле(место кон кое што се свртуваат верниците-Ќаба) преку положбата на ѕвездите.

•           Докажувањето на овоземните користи преку движењето на ѕвездите и се дели на два подвида:

1.         Пронаоѓање на страните на светот преку ѕвездите и ова е дозволено.

2.         Користење на ѕвездите за да се одредат годишните времиња. Според поисправното мислење ова не е мекрух (покудено како што сметаат одредени алими).

Која е користа од создавањето на ѕвездите?

Ѕвездите се украс на небото.

Со ѕвездите се „каменуваат“ шејтаните. Знакови кои ги упатуваат луѓето

Барање на дожд преку положбите на ѕвездите – Ел Истиска бил Енва

Се мисли на барање на дожд преку положбите на ѕвездите кои се дваесет и осум положби.

Ова дело може да се подели во три категории:

1.         Голем Ширк кој е во две форми:

а. Да им упати дова на положбите на ѕвездите да му дадат дожд. На пример да рече: О положбо на ѕвездите, таа и таа подари ни дожд, О положбо на ѕвездите, таа и таа, спушти врз нас дожд.

б. Појавата на дождот да им ја припише на тие положби на ѕвездите, верувајќи дека тие, сами без дозвола на Аллах, субханеху уе те’ала, го спуштаат дождот, и без да им упатат дова за дожд.

2. Мал Ширк: Да се верува дека одредена положба на ѕвездите е причина за дождот.

3. Дозволено: Положбата на ѕвездите да се смета за знак и показател а не како причина или независен предизвикувач на дождот.

Доказ дека барање на дожд преку положбите на ѕвездите е забрането е ајетот:

„И наместо благодарност што ви е подарено снабдувањето, вие во него не верувате?“ (Ел Вакиа, 82)  Муџахид вели дека нивното неверство е поради зборовите Таа положба на ѕвездите ни спушти дожд.

Доказ се и зборовите на Божјиот Пратеник, сал-лаллаху алејхи уе селем: „Дали знаете што кажа вашиот Господар? Рекоа Аллах и Неговиот Пратеник најдобро знаат. Рече: Од моите робови некои осамнаа како верници а некои како неверници. Тој што рече заврна дожд со Аллаховата добрина и милост тој верува во Мене и не верува во ѕвездите. Тој што рече заврна дожд заради таа положба на ѕвездите не  верува во мене и верува во ѕвездите.“ (Муттефекун алејхи)

Превод: Еф.Талха Куртиши

0 views0 comments

Comments


bottom of page