top of page
Writer's pictureinfoislam

Атомот и атомската тежина во Куранот

„И во каква било положба да се најдеш и што било да кажуваш од Куранот, и каква било постапка да преземете, Ние сме, во она што ќе се оддадете, навистина, сведоци. На Господарот твој не ќе му се изземе ни колку атом еден, ниту на Земјата ниту на небесата, ни помало ни поголемо од тоа, а да не е во Книгата јасна! “(Јунус, 10:61)

Уште од времето на старогрчките филозофи луѓето размислувале од што и како е изградена материјата. Постоеле две групи на филозофи, од кои едните сметале дека материјата може бесконечно да се дели на помали делчиња, а другите сметале дека постојат најмали делчиња од супстанцијата кои понатаму не можат да се делат. Позначајни филозофи кои се занимавале со оваа тематика се Аристотел, Левкип и Демокрит. Меѓутоа, многу години подоцна, во август, 1945 година, по појавата на кобната „печурка“ над Хирошима и Нагасаки, во свеста на човештвото длабоко се втисна поимот “атом”. Во ова време се мислело дека атомите се создадени при создавањето на Универзумот и дека тие не можат ниту да се уништат, ниту да се трансформираат од еден во друг вид. Ваквото сфаќање е разнишано кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век. Во годините меѓу, 1895-1900 беа откриени пет необични зрачења со голема продорност и енергија. X (икс) и γ (гама) зрачењата се однесуваат како светлински (електромагнетни) бранови со многу куса бранова должина, а катодните, α (алфа) и β (бета), зраците се однесуваат како снопови од наелектризирани честички.

Арапскиот збор „зерра“ најчесто означува најмала честичка позната на човекот. Модерната наука, меѓутоа, открила дека оваа најситна честичка на материја може да се разбие на составни компоненти. Ова е нова идеја настаната во дваесеттиот век, но информацијата за постоење на уште поситни честички од атомот веќе била дадена во Куранот.

Атомот е најмалата честичка на материјата која сè уште ги задржува карактеристиките на таа материја. Во повеќето случаи атомот се состои од: протони, неутрони и електрони. Протоните и неутроните се наоѓаат во центарот на атомот наречен атомско јадро, а електроните орбитираат или кружат околу центарот на јадрото по патеки наречени орбитали. Атомската тежина на еден атом е мерка која означува колку маса има атомот. Атомската тежина се пресметува со собирање на бројот на протони и неутрони. Атомските маси не се дадени како цели броеви во табелата на периодниот систем, бидејќи атомите можат да се појават со различен број на неутрони. Атомската тежина на елементот е просечна тежина на сите познати облици на тој елемент. Атомската единица на маса: E1 amj = 1.6606 * 10⁻²⁴ тоа е една дванаесттина на маса на атомот на јаглеродот 12(1/12). Атомскиот број е број на протоните во јадрото.

Атомот во Куранот

– „О синко мој, доброто или злото, тешко и колку атом, било да е во карпа или на небото или во земјата, Аллах на виделина ќе го изнесе, бидејќи Аллах ги знае најскриените нешта, Тој е сезнаен. (Лукман, 31:16)

Како што е познато денес, атомите кои ја формираат сета жива и нежива материја,освен совршениот дизајн, поседуваат и огромна енергија. Таа моќ скриена во атомот е толку голема, што му овозможила на човекот да гради канали кои ги поврзуваат океаните, да копа низ планините, да произведува вештачки клими и други големи и корисни проекти. Додека од една страна оваа сила служи за доброто на човекот, од друга страна претставува голема опасност доколку се злоупотреби. Бомбите фрлени врз Хирошима и Нагасаки, како и несреќата во Чернобил, ја покажаа разурнувачката моќ на атомот. Силата која ги држи протоните и неутроните во атомското јадро заедно, е наречена „јака нуклеарна сила”. Огромната моќ на нуклеарната енергија откриена е при ослободување на мал дел од таа сила која постои во атомот. Големината на таа енергија зависи од видот на елементот, затоа што бројот на протоните и неутроните во јадрото на секој елемент е различен.

Познати се два процеси за ослободување на оваа енергија:

ФИСИЈА: овде атомското јадро се дели, при што се ослободува енергија.

При овој процес научниците испукуваат неутрон спрема јадрото со голема брзина. Бидејќи неутронот се апсорбира во јадрото, тоа станува нестабилно и почнува да се дели исфрлувајќи ги со голема брзина компонентите кое ги содржи. Поради тоа што сè е создадено од атоми и ги има насекаде околу нас, што ги спречува да бидат вклучени во нуклеарна реакција? Неутроните се така создадени, додека се слободни во природа, неврзани за јадрото, подложни се на распаѓање наречено „бета дезинтеграција“. Според тоа, неутроните кои се користат во нуклеарните реакции мораат да се добијат по вештачки пат. Кога слободните неутрони не би се распаѓале, Земјата би била пусто место каде се одигруваат бескрајни нуклеарни реакции. Овде се гледаат прецизните правила и односи кои Творецот ги одредил.

ФУЗИЈА: спротивен процес на претходниот, што значи спојување на две јадра. Овој процес тешко се остварува бидејќи јадрата се позитивно наелектризирани и се одбиваат, па е потребна голема сила за да се спојат. Таа потребна кинетичка енергија еднаква е на температура од 20 – 30 милиони степени. Научниците утврдиле дека процесот на фузија постојано  се одвива во Сонцето. Тоа губи 4 милиони тони материја секоја секунда, која се претвора во енергија. Сите овие нуклеарни реакции кои се одвиваат во Сонцето со илјадници години, се подесени и контролирани на најдобар начин  за потребите на човекот. Човекот согледува колку е извонреден, прецизно контролиран тој систем, и колку е тешко да се контролира и едноставна  нуклеарна реакција во една нуклеарна електрана која тој ја изградил. Ниеден научник, ниедна технолошка опрема не можела да ја спречи несреќата во чернобилскиот реактор во 1986 год. Се претпоставува дека дејството од нуклеарната несреќа ќе трае од 30 -40 год. Сето ова е предизвикано од делувањето на атомот, кој не можеме ниту да го видиме. На ова поле сме соочени со Божјата бескрајна моќ и неговото владеење над секој атом во вселената и другите помали честици (протони, неутрони…)

Особините кои ги има атомот ја откриваат нашата беспомошност, наспроти Божјата семоќ.  

0 views0 comments

Comments


bottom of page