Д-р Барт Ерман, професор по религиски студии на Универзитетот во Северна Каролина. Автор на десетици книги за Новиот завет и раното христијанство.
Автор е и уредник на бројни книги, од кои некои се на листата на првите пет бестселери на Њујорк Тајмс (на пример, „Исус тоа не го кажа“ – научна студија трнсфорирана во приказна за тоа кој ја менувал Библијата и како) и еден од најпризнатите научници кога станува збор за Новиот завет, неодамна поканет од грчката Влада (и платен за тоа) да држи предавања на оваа тема, со посебен нагласок на историскиот Исус, христијанските апокрифи итн. Себеси се претставува како човек кој го минал патот од „христијански фундаменталист до скептик кој не верува во Бог од Библијата.
Еден од најдобрите познавачи на Библијата, Барт Ерман, има напишано книга за сите фалсификати во Новиот завет, текстови кои се потпишани со силни авторитети за напишаното да има поголема уверливост. Тоа била толку честа пракса меѓу раните христијани, што се проценува дека речиси половина од Новиот завет има лажно авторство. Зад секој завет (кој носи име на еден „првотимец“) стојат по неколку автори, секој од нив со желба да го зацементира своето гледање припишувајќи му го на проверениот авторитет.
Христијаните ја третираат Библијата како унифицирана основа на божјето провидение но во реалност таа е мешавина од различни жанрови: древни митови, песни за обожување, упатства за ракување, поезија, политички коментари, пропаганда, мистицизам… Ниту на најупатените преведувачи ниту на врвните црковни авторитети сиве овие векови не можеле со сигурност да кажат кој жанр го читаат во некој нејзин дел.
Текстовите првично биле пишувани на хебрејски, арамејски и грчки (се разбира, не во денешните верзии на тие јазици). Кога римо-католичката црква почнува да расте, ги преведуваат тие текстови на тогаш модерниот латински, нарекувајќи ги Стариот Завет. Ги преведуваат и текстовите од раните следбеници на Исус, ги канонизираат и ги нарекуваат Новиот завет.
Comments