Ова е неверојатно исламско патување на храбра сестра. Нејзиното име е Шарифа Карло и ова е нејзината приказна:
Приказната за тоа како се вратив на Исламот е приказна за планови. Направив планови, групата со која бев направи планови, а и Аллах направи планови. А Аллах е најдобар планер.
Кога бев тинејџер, дојдов до една група луѓе со многу злобна агенда. Тие веројатно се уште се некаква лабава асоцијација на поединци кои работат на владини позиции, но имаат посебна агенда: да го уништат исламот.
Тоа не е некоја владина група за која сум била запознаена, тие едноставно ги користат своите позиции во американската влада за да ја унапредат својата кауза. Еден член на оваа група ми пријде, бидејќи виде дека сум артикулирана, мотивирана и многу голем застапник за правата на жените.
Тој ми рече дека ако ги проучувам меѓународните односи со акцент на Блискиот Исток, тој ќе ми гарантира работа во Американската амбасада во Египет. Тој сакаше од мене да одам таму за да ја искористам мојата позиција во земјата за да разговарам со муслиманските жени и да го охрабрам движењето на жените за правата на младите.
Мислев дека ова е одлична идеја. Ги видов муслиманските жени на телевизија; Знаев дека тие се сиромашна угнетена група и сакав да ги водам во светло на слободата на 20-от век. Со оваа намера, отидов на колеџ и почнав да се школувам.
Студирав Куран, хадис и исламска историја. Исто така ги проучував начините на кои би можел да ги користам овие информации. Научив како да ги превртувам зборовите за да ги наведам да кажат она што јас сакав тие да го кажат. Тоа беше важна алатка. Откако почнав да учам, сепак, почнав да бидам заинтригирана од пораката на исламот. Имаше смисла. Тоа беше многу страшно. Затоа, за да се отстрани овој ефект, започнав да учам за христијанството.
Избрав да се занимавам со ова кај еден професор на кампус бидејќи имал добра репутација и имал докторат по теологијата од Универзитетот Харвард. Чувствував дека сум во добри раце. Бев, но не поради причините што ги мислев. Излезе дека овој професор бил унитарен христијанин.
Тој не веруваше во тројството или во божественоста на Исус. Во стварноста, тој верувал дека Исус бил Пратеник( пророк). Тој продолжил да го докажува ова, земајќи ја Библијата од своите извори на грчки, еврејски и арамејски и ми покажуваше каде се менувале збпровите. Како што тоа го правеше, тој ми ги кажа историските настани кои ги обликуваа и ги следеа овие промени.
Додека да завршив со овој клас, моето верување беше уништено, но сè уште не бев подготвена да го прифатам исламот. Со текот на времето продолжив да студирам, за себе и за мојата идна кариера. Ова траеше околу три години.
Во тоа време, би ги прашувала муслиманите за нивните верувања. Еден од лицата што ги прашав беше еден брат со Мастер диплома.
Еден ден, овој човек ме контактираше, и тој ми кажа за група муслимани кои беа во посета на градот. Тој сакаше да ги запознаам. Се согласив. Отидов да се сретнам со нив по вечерната молитва.
Бев во соба да дискутирам со мажи во неа. Тие сите направија простор за мене да седнам и бев ставена лице в лице со постар пакистански господин. Овој човек беше многу познавач во работите на христијанството. Тој и јас дискутиравме и ги споревме различните делови од Библијата и Куранот до утринската молитва.
Во еден момент, откако го ислушав овој мудар човек, а кој ми кажуваше она што го знаев веќе, врз основа на класовите што ги зедов за христијанството, тој го направи она што никој друг не го направил досега. Тој ме покани да станам муслиманка.
Во трите години во кои бев во потрага и истражувања, никој не ме покани. Ме учеа, се расправав, па дури и навредував, но никогаш не сум била поканета.
Значи, кога тој ме покани, тоа беше крај. Сфатив дека ова е време. Знаев дека е вистина, и морав да донесам одлука.
Аллах го отвори моето срце, и реков: “Да. Сакам да бидам муслиманка”. По тоа, човекот ме повика да го посведочам прифаќањето на исламот – на англиски и на арапски.
Се колнам во Аллах дека кога го кажав шехадетот, почувствував чудна промена. Се чувствував како да се подигна огромна физичка тежина од градите; како првпат во мојот живот да дишев.
Алхамдулилах, Аллах ми даде нов живот – чиста шанса за Џенет, и јас се молам да го живеам остатокот од мојот живот и да умрам како муслиманка. Амин.
Извор: Билтен на LADO (Организација на латиноамерикански доха).
Comments