Вероника Кулс, дваесетпетгодишна Белгијка која прифатила ислам, во изминатите осум години помогнала повеќе од 1.000 лица исто така да го најдат својот мир и прав пат во исламот.
Кулс, која прифатила ислам многу рано под влијание на пријателите муслимани и истражувањето на исламот, го претворила својот дом во исламски центар за белгиските муслимани кои настојуваат да дознаат повеќе за својата вера.
Нејзината даветска работа започнала веднаш по прифаќање на исламот бидејќи морала сама да се избори со предрсудите кои ги имала, а потоа да му помогне на семејството да ги надминат истите. Таа наведува дека нејзината потесно семејство набрзо прифатило ислам, а потоа тргнала да зборува за исламот и на своите пријатели.
После осум години работа на терен Центарот сега брои повеќе од 1.000 членови, од кои повеќето се Белгијки. Центарот и организацијата ,4newmoslim’, како наведува Кулс, пропагира ,мир, хармонија, меѓусебно почитување, љубезност и умереност’. Додава дека Центарот е место во кое новите муслимани ги споделуваат своите искуства. Исто така, отворен е за сите белгиски муслимани кои се заинтересирани повеќе да научат за својата вера.
Кулс, за порастот на екстремната десница во Европа, вели дека да се биде муслиман во Европа и западните општества е многу тешко, „но Пратеникот Мухаммед, с.а.в.с., имал и потешки искушенија“. „Предрасудите произлегуваат од неправилно познавање на исламот“, ни раскажува додека подготвува ифтарски пакети кои ќе се поделат во џамијата. „Како муслимани, ние мораме многу подобро да го запознаеме општеството со исламот“, наведува таа. „Со трпеливост и решителност можат да се срушат стереотипите и така да се покаже вистинскиот ислам“, додава Вероника.
Бројот на муслимани кои живеат во Белгија е многу поголем од официјалните податоци на белгиската држава, покажало истражувањето кое го извел социологот Јан Хертоген, Хертоген дошол до податоци дека во Белгија живеат 623.780 муслимани, односно 5,8 % од жителите, додека официјалните органи на оваа земја бројот на муслимани го проценуваат на околу 450.000 луѓе. Овој социолог дошол до податок дека муслиманското население во Белгија во најголема мера живее во урбаните средини, па 22 % жители на Брисел се муслимани а најбројни се во општината Саинт Јос, каде сочинуваат 49 % од населението. Муслиманите се бројни и во Анверс, каде ги има 81.933, Лигеј (28.341) и Чарлер (25.962).
Околу половина од постоечките муслимани се со потекло од Мароко, а 120 000 се од турско потекло.
Во Брисел има 77 месџиди, а преку 300 ширум Белгија.
Извор:ИсламБосна
コメント