Во закрила на правдата што исламот ја пропагира душите се смирени, се губат причините за непријателство и омраза, и целокупниот човечки живот станува поубав и помирен. Аллах наредува секаков вид на правда, а го забранува секој вид на неправда и насилство. Тој, Возвишениот вели: „Аллах бара да се почитува сечие право, да се прави добро, и на блиските да им се дава… “ (Ен Нахл, 90)
Еден од прекрасните примери на праведност во исламот е секако почитувањето на правдата и достоинството на работната популација. Исламот гледа на работникот како на секој општествен субјект, што има свои чувства и права.
Во прв ред, Исламот бара на надничарот или работникот во целост да му се исплати надоместот за правилно извршената работа која била предмет на нивниот меѓусебен договор. Што повеќе, Аллаховиот Пратеник, нека е Божјиот мир над него, рекол:„Дајте му ја на работникот неговата плата пред да се исуши потта од неговото лице.“ Кој постапи спротивно на тоа, него на Судниот ден, според Пратеникот, а.с., го очекува голема казна: „Возвишениот Аллах вели: “Јас на Судниот ден ќе парничам со тројца, а со кога Јас ќе парничам, тој сигурно пропаднал: човекот кој, во Мое име вети нешто, и тоа не го исполни; човекот кој продаде слободен човек и на тој начин реализира добивка; и човекот кој на најмениот работник му ја ускрати заслужената плата.“
Во некои преданија се говори за тројца луѓе, затворени во пештера, кои Аллах ги спасил поради нивните добри дела, што секој од нив ги споменал во довата, барајќи од Аллах спас од безизлезната ситуација. Едниот од нив споменал дека имал работници и дека еден од нив отишол во непознат правец пред да ја земе заслужената плата, по што, тој ја вртел неговата плата и по подолго време заработил големо богатство, кое подоцна, кога овој дошол по својата плата, му ја исплатил во целост со основата, и со тоа ја заслужил Аллаховата милост.
Ова можат да го направат само луѓето кои веруваат во Аллах и кои поседуваат високи морални квалитети. Покрај тоа, таквите љубезно се однесуваат кон работниците, не ги оптеретуват преку нивните можности и не ги обвинуваат за нешто што не го направиле за да им одземат нешто од она што е загарантирано со договорот.
Работникот, од друга страна, е должен да ги почитува земените обврски и целосно да ја извршува работата. Одговорен е за она што му е доверено и не смее да изнаоѓа лажни оправдувања за создадените недостатоци. Ваквиот пристап ветува Аллахов благослов во она што се заработи за себе и своето семејство.
САФФ 316
Commentaires