Во приградската џамија во населба Брод кај Зеница кај Захид еф. Маглиќ, пред некое време после џума намаз одржано беше свеченото „преминување на ислам“ на Саша Жуниќ. Како што известува џамискиот одбор, Саша Жуниќ, Србин по националност,доброволно го прифати исламот и изрази желба истото јавно да го обелодени. Инаку Саша Жуниќ по прифаќањето на исламот отиде да се почести во слаткарницата „Енсар“ која исто така ја држи бивш православец, исто така Србин по националност, Абдуллах Марио Љубичиќ. Секојдневно како и во Босна, така и во Србија, исламот своеволно го прифаќаат профили на разни луѓе, кои се одлучуваат на ваков чекор иако е познато дека ќе наидат на разни видови на тешкотии во општеството и околината. Не е мал број на повратници во исламот, како во Босна така и овде во Македонија. Неодамна во Струга исламот јавно го прифати Македонец христијанин од Охрид, самоволно без никакви притисоци. Глобализацијата во едно информациски растечко општество и пристапот до информации носи новитети и ја менува секојдневна реалност која нетреба да ги збунува лаиците и тие кои што се научени на едноумие. Се надеваме дека таквиот избор, наместо да ги збуни, многумина ќе ги натера да размислат за исламот и неговите вредности, бидејќи изборот на верата е нешто лично и не се наметнува со присилба, туку со доказ и е длабоко врзано со исконското верување врежано во срцето на секој верник.
Commentaires