top of page
Writer's pictureinfoislam

„Биг Бенг“ и ширењето на Вселената- научно чудо најавено во Куранот пред околу 1440 години

Ширењето на вселената

Зборот вселена доаѓа од грчкиот збор cosmos или латински universus.

Во терминологијата на физичката космологија, вселената се смета за конечен или бесконечен временски простор во кој е сместена целата материја и енергија. Некои научници ја поддржуваат теоријата дека Вселената е дел од многубројни други вселени. Делот од вселената кој може да се види или испита обично се нарекува видлива Вселена. Поради тоа што ширењето на вселената е многу поголемо од нејзиниот краен досег на набљудување, космолозите сметаат дека е неможно да се следи нејзиното ширење. Најважен резултат на физичката космологија е сознанието дека вселената се шири. Ако тоа се изведе обратно во времето, се доаѓа до идејата за гравитационен сингуларитет, мошне апстрактен математички концепт кој можеби соодветствува, но можеби и не соодветствува со вистината. Од таму потекнува и теоријата за „Големата експлозија” која е денес преовладувачки модел на Вселената. Врз основа на податоците добиени од WMAP, сонда на НАСА, староста на вселената, почнувајќи од „Големата експлозија” се проценува на околу 13,7 милијарди (13,7 × 109) години со можна грешкa од околу 1% (± 200 милиони години).

Другите методи за проценување на староста на вселената даваат различни вредности, почнувајќи од 11 милијарди до 18 милијарди години. Најголемиот број проценки се движат во опсегот од 13 до 15 милијарди години.

Во Куранот Аллах не известил:

– „А небото го создадовме со енергија – и ние навистина Го прошируваме.“ (Ез Заријат, 51/47)

Куранот ни кажува за вселената која константно се шири. Вселената се шири од самото нејзино создавање. Ова големо откритие го направил Хабл, астроном од почетокот на овој век. Тоа истото е докажано со Ајнштајновата теорија на релативност. Дали ние како луѓе може да го почуствуваме ширењето на вселената? Не! За верификација на ова потребно е посебно знаење и посебни инструменти кои никој во времето на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, не ги имал.

1965 година направено е многу значајно откритие кое послужило како доказ за теоријата на „Големата експлозија“, а тоа е позадинската радијација. Но теоријата на „Големата експлозија“ заедно со откритието за црвеното поместување во спектарот на далечните галаксии довело до раѓање на еден нов концепт, а кој е дека Вселената се шири. Кога ја анализираме светлината која пристига од далечните галаксии се гледа дека тие имаат црвено поместување што значи дека тие се оддалечуваат од нас. Анализата на црвеното поместување исто така придонело на доказот дека вселената навистина се шири.

Зборот – Го прошируваме е со сегашно време што означува дека постои постојано ширење на вселената што е во  склад со научните докази. Ширењето на Вселената е едно од најзначајните откритија на современата  наука. Тоа денес е добро утврден факт, а дебата постои само околу начинот на кој тоа се одвива. На овој начин вселената постојано се зголемува и брзините на ова ширење се блиску до брзината на светлината. Луѓето ги проучувале небото и Земјата од дамнешни времиња. Грците биле меѓу првите астрономи. Тие ги дале и првите теории, а поголем придонес на тоа поле постигнал Платон во неговите списи. Платон тврдел дека сето што е создадено во вселената е последица на „Демиург“. Демиург тоа го конструирал и го направил според прецизни математички и геометриски принципи. Подоцна овие концепти на Платон ги прифатил Аристотел.

Photo by Pixabay on Pexels.com

Аристотеловата космологија била базирана на  концептот на затворен космос, со серија на концетрични сфери кои се движат околу Земјата која е неподвижна. Движењето им го дал „Првиот Двигател“ и еднаш придвижени остануваат кружни, постојани и вечни. Вселената како целина е сметана за мирна и неподвижна, а ова била основа за подоцнежното настанување на теоријата на стационарна состојба. Во 1915 година Алберт Ајнштајн ја објавил познатата теорија на релативитет. Набрзо потоа тоа предложил статичен модел на  вселената, но подоцна изјавил дека тоа било најголемата грешка во неговата кариера. Зошто? Затоа што во 1925 Едвин Хабл дал набљудувачки докази за ширењето на вселената. Иако овие факти не биле откриени до 20-от век, гледаме дека Аллах, џелле шануху, дал одговор на луѓето во Куранот пред 1400 години, и тоа преку необразуваниот Пратеник, Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем. За време на животот на Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, Грците тврделе дека вселената е неподвижна и дека не се шири. Па како тогаш 1300 години пред кој било научник на Запад ова го знаел Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем? Во денешно време според широко прифатениот модел се смета дека вселената настанала пред околу 13.7 милијарди години со експлозија на една крајно згусната материја. Како што е познато и спомнато погоре овој модел, попознат како теорија на надувување (инфлациона теорија), опишува како оригинално кондензираната материја настанува од практично празниот простор.

Дури после развојот на радио телескопот во 1937 година постигната е потребната опсервациска прецизност за астрономите да дојдат до вакви заклучоци. Од овие набљудувања научниците ја извлекле таканаречената Хаблова константа која се користи за мерење на брзината на ширење на вселената. Со други зборови, повеќе не е прашањето дали Вселената се шири или не, туку со која брзина се шири. Дадените цитати од Куранот тврдат дека небото и Земјата на почетокот биле една маса која е расцепена. Зборот употребен во Куранот е „ретака“ и „фетака“ или „небото и Земјата првин биле „ретака“ за да после станат „фетака“. Зборот „ретака“ на арапски јазик има општо значење „да се сошие“, „да се закрпи“ или „да се поправи“. Слично на ова зборот „фетака“ значи „да се рашие“, „да се искине“ или „да се распарчи“.

Цитатот кажува дека Аллах ги создал небото и Земјата од небескиот чад. Астрономите во денешно време ги имаат сликите на галаксиите, формирани баш од ваквиот процес, т.е. со кондензација на спирални небесни маглини. Зарем не е неверојатно поклопување еден необразуван човек од пустина без помош на мерни инструменти да изнесе вакви тврдења пред 1400 години. Космичкиот феномен отсликан во цитатот (Фусилет, 41:11) во астрономијата е попознат како космички маглини. Кога ќе прочитаме од Куранот дознаваме дека се однесува на космичкиот чад. Ова е од проста причина што замаглувањето или маглината подразбира студена и мирно распршување на водата. Чадот од друга страна укажува на жежок гас кој содржи одредени честички. Ова е секако уште еден пример на литературното чудо на Куранот, кој сето ова ни го пренесува со прецизен говор.

„Па зарем нема да размислат за Куранот, или на срцата им се катанци?“ (Куран Мухаммед, 47:24)
2 views0 comments

Comments


bottom of page