Пратеникот , саллаллаху аллејхи ве селлем, рекол: “Бидете праведни меѓу децата”, и тоа го повторил три пати.
Во Муслимовиот Сахих се бележи од Бешировата жена дека рекла: “Подари му на мојот син – роб, па Пратеникот нека посведочи”, па кога дошол Пратеникот саллаллаху аллејхи ве селлем, тој му рекол: ‘Пратениче, ме праша Бешировата жена на нејзиниот син да и поклонам роб.’ ‘Дали незиниот син има браќа?’ ,прашал Пратеникот, па кога слушнал дека има, прашал: Дали на секој од нив си им дал исто‘? Не сум Аллахов Пратенику’, а Пратеникот саллаллаху аллејхи ве селлем тогаш му рекол: ‘Тоа не е во ред, навистина јас не сведочам освен за тоа што е право!”‘ А во Ахмедовото предание стои: “Не сведочам неправда, затоа што од правата на твоите деца е да бидеш праведен меѓу нив.” Во два Сахиха се пренесува од Муман ибн Бешир дека неговиот татко дошол кај Пратеникот саллаллаху аллејхи ве селлем и рекол: “Му подарив на својот син – роб, кого го поседував”,па Пратеникот с.а.в.с. му рече: “Дали на сите од нив им даде исто колку што му даде на него?”, а кога добил негативен одговор, му рече: “Врати го.” Во Муслимовото предание стои: “‘Дали исто направи и со останатите свои деца другите деца?’ Не, одговори!. Пратеникот саллаллаху аллејхи ве селлем, рече: ‘Плашете се од Аллах и бидете праведни меѓу децата’, па таткото го врати тоа што им го даде.” Во Муслимовиот Сахих исто така стои дека Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: “Барај некој друг да ти посведочи.” Ова укажува на предупредување, а не на дозвола, затоа што тоа што го дал е неправда, како што разбравме од хадисот. Пратеникот а.с. на никому не дозволил да посведочи исправност на неправдата и одбил самиот да посведочи затоа што тоа е во спротивност со правдата. Многу е чудно што некои луѓе ги сметаат дека Пратениковите зборови: “Бидете праведни меѓу децата”, не се обврска. Тоа е императив, потврден три пати, затоа што Пратеникот саллаллаху аллејхи ве селлем вели дека спротивно на тоа е неправда, а неправдата не е добра и спротивна е на вистината освен вистината е невистина. Праведноста е обврзана во секој случај. Да била наредбата која е воопштена би било обврска да се изврши, а камоли кога покрај неа се спомнуваат десет работи кои укажуваат на обврзителност.
Бејхеки забележува хадис од Ез-Зухрија во кој вели дека некој човек седел со Пратеникот с.а.в.с, па му пришол синот, а тој го бакнал и го земал во скут. Потоа му пријде ќерката, и ја седнал покрај себе. Пратеникот му рече: “Не си праведен кон нив.” Чесните претходници сакале праведност меѓу децата и во подароците. Поединци научници сметаат дека пред Аллах прво ќе одговараат родителите за своето дете, потоа детето за своите родители,затоа како што детето има обврска кон своите родители , така и родителите имаат обврска кон своето дете, како што вели Возвишениот: “Ние секој човек го задолживме да биде добар кон своите родители.” (Ел-Анкебут,) Исто така вели: “О вие кои верувате, себе и своето семејство чувајте го од оган чие гориво ќе биде луѓето и камењата…” (Ет-Тахрим, 6) Алија ибн Ебу Талиб вели: “Растете ги и подучувајте ги вашите деца затоа што Возвишениот вели: ‘На Аллах клањајте Му се и никого Нему не му сметајте рамен! А на родителите добро правете им, и на роднините… “‘ (Ен-Ниса, 36) Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: “Бидете праведни меѓу своите деца.” Аллаховата порака за родителите и нивните деца дошла пред пораката за децата и нивните родители. Возвишениот Аллах, вели: “Не ги убивајте своите деца од страв од сиромаштија…” (Ел-Исра, 31) Оној кој ќе го запостави образованите на своето дете во врска со она што ќе му користи и ќе го препушти само на себе навистина на себе си направил голема неправда и насилство. Во најголемиот број на случаи децата стануваат лоши поради негрижата на татковците и неподучувањето на верските обврски и суннетот, па така родителите ги препуштаат своите деца додека се мали, кога не можат на себе да си помогнат, а подоцна, кога ќе пораснат, не им се од корист ниту на своите родители. Така некои ги критикуваат своите деца за непослушност, а децата одговараат со зборовите: “Оче, не си бил одговорен кон мене кога сум бил мал, па затоа не сум послушен, ме напушти кога бев мал, затоа те напуштам во твојата старост.”
Превод: Тина Мерјем
Comments