top of page
Writer's pictureinfoislam

Биди задоволен со одредбата на Аллах

■ Има луѓе, кои кога ќе заврне дожд, велат:

„Ама е досадно со овој дожд, а може да направи и поплави..“


■ И има луѓе, кои кога ќе заврне дожд, велат:

„Елхамдулиллах, Аллах ќе даде хајр во овој дожд и многу добро ќе донесе за сеидбите, а ако се случи поплава, ќе станеме и ќе направиме брани и така се ќе биде во ред..“

– Првите се негативни и многу се жалат, наместо да ја гледаат позитивната страна на случувањате, тие ја гледаат негативната. Таквите не можат да бидат среќни!

– Вторите се позитивни и во се, било добро или лошо, го гледаат само доброто и благодарни се на него, а ако нешто испадне лошо, бараат решение. Таквите ќе бидат среќни!

ПОРАКА: Некои работи изгледаат лоши, но всушност се добри и во нив има многу добро, и исто така, некои работи ги сметате за добри а всушност тие можат да бидат лоши за вас, на луѓето не им е позната одредбата, незнаеш дали одредено нешто е добро или лошо за тебе, освен она што Аллах го пропишал, она што Аллах го наредил / забранил / препорачал.. Тоа без сомнеж е добро бидејќи Аллах знае се и Тој не ни наредува освен она што е добро и корисно за нас, и не ни забранува освен она што е лошо и безкорисно за нас. Затоа ако сакаш да бидеш среќен, среќата ќе ја најдеш во тоа што ќе имаш убаво мислење за Аллах и секогаш ќе бидеш задоволен со Неговата одредба и Неговите прописи..

Возвишениот во Куран вели: „Можеби не сакате нешто, а тоа е добро за вас; можеби сакате нешто, а тоа е лошо за вас! Аллах знае, а вие не знаете.“ (Ел-Бекара, 216)

0 views0 comments

Comments


bottom of page