Во светиот хиџретски месец Зул – Хиџџет секој полнолетен и паметен муслиман, кој поседува материјална и телесна можност, обврзан е да ја изврши шеријатската наредба: хаџџ:„Аџилакот должен е да го изврши, поради Аллах…“ (Али Имран, 97)
Хаџџот е еден од петте исламски рукнови и темели на кои се гради исламската вера. Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Исламот се гради на пет работи: сведочење дека нема друг вистински бог покрај Аллах и дека Мухаммед е Негов Пратеник, клањање намаз, давање зекат, постење рамазан и извршување хаџџ.“ (Муттефекун алејхи) Возвишениот Аллах му наредил на Ибрахим, алејхис селам, да ја обзнани оваа возвишена и чесна обврска меѓу луѓето, а потоа ја опишал нивната состојба во текот на извршување хаџџ: „И повикај ги луѓето на аџилак!“ – и ќе ти доаѓаат пешки и на секоја истоштена камила кои доаѓаат од далечен пат.“ (Ел Хаџџ, 27.)
Бришење гревови
Сите ние сме грешници. Грешиме кон нашиот Господар, кон Неговиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, кон нашите браќа муслимани и кон самите себе. И секој искрен муслиман сака да му се простат неговите гревови. Драг мој брату и ценета сестро во динот, кој сте одлучиле да изврѓите хаџџ; знајте дека во тоа е приликата за бришење на нашите многубројни гревови.
Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Кој ќе изврши хаџџ и нема да се приближи до жена и нема да зборува непристојни и лоши зборови, и не ги погазува Аллаховите прописи, ќе се врати како на денот кога го родила мајка му.“ (Мутефекун алејхи) Благородниот асхаб Амр б. Ас дошол кај Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем, за да му даде присега. Му ја пружил својата рака а потоа ја повлекува. Пратеникот го прашал: „Што е со тебе о Амр? Тој му одговорил: ,Сакам да условам.’ Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, го запрашал: ,Што сакаш да условиш?’Амр му рекол:,Сакам да ми биде простено.’ На тоа Пратеникот, с.а.в.с., му одговорил: ,Зар не знаеш о Амр дека исламот го брише она што било пред него и дека хиџрата го брише она што било пред неа и дека хаџџот го брише она што било пред него.’“ (Муслим, 121-192.)
Влез во Џеннет
Секако дека најголема желба на секој муслиман е да влезе во Џеннетот и да биде спасен од Џехеннемскиот оган. Желба му е да биде повикан да влезе во пространствата на Џеннетот и да му се каже: „Влезете во нив безбедни, од стравот ослободени!“ (Ел Хиџр, 46) Извршувањето на хаџџ, со Аллахова дозвола, е еден од поводите за влез во Џеннетот. Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Од умра до умра е искуп за она што е помеѓу нив, а за примен хаџџ (хаџџ мебрур) нема награда освен Џеннет.“ (Муттефекун алејхи)
Најдобро дело
Често се прашуваме за најдоброто дело во исламот со цел да го правиме и на тој начин нашиот Господар да биде задоволен со нас. Извршениот хаџџ е од најдобрите дела во исламската вера. Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, бил прашан: „Кое е најдобро дело? Па одговорил: ,Верување во Аллах и Неговиот Пратеник.’ Пак го прашале: ,А што е најдобро после тоа?’ Одговорил: ,Борба на Аллаховиот пат.’ ,А што е најдобро после тоа?’ Одговорил: ,Примен хаџџ (хаџџ мебрур).’“(Муттефекун алејхи)
Борба на Аллаховиот пат за жени
Борбата за мажите, во шеријатска форма е познат. А која е борбата за жените муслиманки? Можеби истата љубопитност, која се наоѓа во нас, ја проникнала и нашата и мајката на правоверните Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, па го прашала Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем: „О Аллахов Пратенику, гледаме дека џихадот е најдобро дело, па зашто да не се бориме? Тој и одговорил: ,Најдобар џихад за вас е примен хаџџ (хаџџ мебрур).’“ (Бухари, 1520)
После Пратениковиот, а.с., одговор Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, констатирала дека нема да го остави хаџџот откако го слушнала ова од Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем. (Бухари, 1861)
Ја отсранува сиромаштија
Понекогаш стравуваме од сиромаштија, иако знаеме дека Аллах е Тој Кој снабдува и знаеме дека опскрбата е одредена исто како и нашето временско траење, и тоа дека никој нема да умре додека во потполност не го земе она што било за него. И можеби овој страв доаѓа најмногу до израз при донесување одлука за извршување хаџџ и во текот на извршувањето на тој обред, бидејќи трошиме голема сума пари а не гледаме „опипливи“ и блиски резултати од тоа.
Но нема повод за спомнатиот страв воопшто, ако размислиме рационално, бидејќи Аллах нема да ги изневери своите искрени робови, а особено не за време на извршување на хаџџ бидејќи Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: извршувајте хаџџ и умра, едно по друго, бидејќи навистина, тие ја отстрануваат сиромаштијата и ги бришат гревовите како што мевот ја трга нечистотијата од златото и среброто.’ (Несаи, Тирмизи хадис сахих Сахиху џами’а 2899, Албани) Коментаторот на Тирмизи рекол: „Можно е да ја отсранува надворешната сиромаштија со богатство и внатрешната сиромаштија со богатство на душата.’ (Тухфетул Ахвези)
Гости на Милостивиот
Кога на гости би не повикала некоја важна личност, сигурно ќе почуствуваме задоволство, безбедност и голема чест. Страв и недоверба ќе нема во нашата посета. Дали знаеме чии гости се хаџиите и чија делегација се тие? Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Хаџиите и оние кои дошле на умра се Аллахова „делегација“ и „амбасада“, ги повикал па Му се одѕвале, Ги повикал па Му се оѕвале, Го замолиле па им удоволил.’“ (Беззар, хадису хасен сахиху Џамиа 3173, Албани.)
Голема награда
Благородниот асхаб Ибну Омер, Аллах да биде задоволен со него, пренесува дека кај Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, дошле двајца и го прашале за вредноста на излегувањето од дома и одењето во Мекка, за вредностите на два рекати после тавафот, за вредноста на тавафот, за стоењето на Арафат, за фрлањето камчиња, за тавафот и за курбанот. Па Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, одговорил: „Кога ќе излезеш од дома целејќи кон Мекка – светиот Храм – твојата камила нема да го спушти или да го дигне стапалото, а Аллах да не ти запише добро дело и да ти избрише лошо. Твоите два рекати после таваф се како ослободување роб од синовите Исмаилови, а твојот сај помеѓу Сафа и Мерва е како ослободување на седумдесет робови, а твоето стоење на Арафат; па навистина Аллах се спушта на дуњалучкото небо и се гордее со вас пред мелеците велејќи: ,Моите робови Ми дојдоа искубани од далечни места надевајќи се на Мојата милост. Кога нивните гревови би биле како бројот на песочните зрнца, или како бројот на капките од дождот, или како морска пена, навистина би им ги простил. Одете робови мои, вам ви е простено и на оние за кои ќе се завземете…’ А кај твоето фрлање камчиња, за секое камче кое ќе го фрлиш ќе ти се прости голем грев од оние гревови кои уништуваат, а твојот курбан; па тој е чуван за тебе кај твојот Господар, а твоето бричење на главата; па тебе ти припаѓа за секое влакно кое си го избричил добро и опрост и ќе ти се избрише лошо дело, а твојот таваф околу Каба после тоа, па ти ќе тавафиш и нема да имаш гревови, ќе ти дојде мелек и ќе ја стави твојата рака меѓу твоите плеќи и ќе ти рече: ,Работи во она што е пред тебе, а минатото ти е простено.’ (Беззар и Таберани, хадис хасен ли гајрихи, Сахиху Тергиб Ве терхиб, 1112. Албани)
Смртта на хаџијата
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, не известил за почестите на хаџијата доколку се случи да пресели на својот благороден пат. Се обратил на своите другари по прашање за човек кого го прегазила неговата камила и кој умрел:„Искапете го со вода и со ,сидро’, ставете го во ќефини од два дела и не му ја замотувајте главата, и немојте да го ,балсамирате’. Тој ќе биде проживеан, а ќе учи телбија.’ (Муттефекун алејхи)
Намаз
Повеќе од своето време хаџиите ќе го поминат во светите градови Мекка и Медина кои поседуваат специфичности врзани за извршување на одредени ибадети во нив. Аллах, субханеху ве те’ала, вели: „Првиот храм изграден за луѓето е тој во Мека, благословен и патоказ на световите. Во него има очигледни знаци – местото на коешто стоеше Ибрахим! И тој што ќе влезе во него ќе биде безбеден.“ (Али Имран, 96-97.)
Таваф, с’ај, престојот на Мина, Арафат и Музделифа, фрлањето на каменчиња, Ревда во Пратениковиот, саллаллаху алејхи ве селлем, месџид се обреди или благословени места за кои се врзани ибадети кои не се извршуваат никаде освен во Мекка и Медина. За секој споменат ибадет дошла награда која се ветува на оној кој ќе го изврши ибадетот. Еден од највредните ибадети кој е врзан за Мекка и Медина е намазот, кој во нив е повреден од намазот на други места. Намазот во Мекка е повреден за сто илјади пати, а во Медина за илјада пати, од намазот на други места, како што не известил Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селлем. (Бухари, 1190; Муслим, 1394-503)
Извор: Ел Аср
Commenti