top of page
Writer's pictureinfoislam

Благословеното дејство на водата врз нашето здравје

Пратеникот а.с. кажал: „Најубав пијалок на овој и оној свет е водата.“

Водата е неопходна за живот. Луѓето можат многу подолго да преживеат без храна отколку без вода. Единственото нешто кое ни е попотребно за живот од водата е воздухот.

Водата претставува околу 60-70% од нашата телесна тежина. Затоа, секое делче од нашето тело има потреба од неа за правилно да функционира. Недоволното внесување на вода води до дехидратација, а во таков случај нормалното функционирање на телото е невозможно. Дури и слабата дехидратација веднаш носи негативни последици како намалување на енергијата, главоболки, замор.

Водата ни е неопходна за живот, но и за одржување на здравјето и убавиот изглед

Водата го забрзува метаболизмот, го зголемува нивото на енергија, ја навлажнува кожата и му помага на телото да се ослободи од штетните токсини. Еве дел од бенефициите кои пиењето вода ни ги носи за подобро здравје и попривлечен изглед:

Водата ја зголемува енергија. Една од најчестите причини поради кои луѓето се чувствуваат изморени во текот на денот е дехидратацијата. Дури и најслабата дехидратација води до намалување на енергијата. Водата ѝ помага на крвта во транспортот на кислород и други материи до различните клетки во телото. Па, кога телото има доволно вода, нивото на енергија е поголемо.

Водата го забрзува метаболизмот и помага во слабеењето. Токму затоа секоја диета препорачува пиење на барем 2 литри вода дневно. Консумирањето на 1-2 чаши вода пред оброк значително го намалува апетитот и води до внесување на помал број калории. Но, освен тоа, водата го забрзува метаболизмот, особено ако е ладна. Кога консумирате ладна вода, телото се обидува да се затопли, а за да го направи тоа, троши дополнителни калории.

Водата помага подобро и подолго да вежбате. Водата ја регулира телесната температура за време на вежбањето. Ако пиете доволно вода, ќе имате повеќе енергија и сила да го завршите вежбањето. Покрај тоа, водата ќе ви помогне да ги спречите грчевите на мускулите. Затоа, пијте многу вода пред вежбање, за време на вежбањето и по завршувањето на физичката активност.

Водата го подобрува варењето на храната. Растителните влакна и водата се силна комбинација која го подобрува варењето на храната. Наспроти тоа, дехидратацијата предизвикува телото да ја апсорбира целата вода, оставајќи го дебелото црево суво, па така го отежнува процесот на дефекација.

Водата го намалува ризикот од камен во бубрегот. Експертите предупредуваат дека честите случаи на камен во бубрегот кај децата и возрасните се последица на недоволната консумација на вода. Водата ги раствора минералите и солите во урината кои придонесуваат за создавањето на камен. Пијте доволно вода за значително да ја намалите веројатноста за појава на камен во бубрезите.

Водата го намалува стресот и ја зголемува концентрацијата. Ако се земе во предвид фактот дека околу 80% од тежината на нашиот мозок претставува вода, тогаш не е тешко да се претпостави дека дехидратацијата е пречка за негово нормално функционирање. Недостатокот на вода му предизвикува стрес и на телото и на умот, а освен тоа ја намалува способноста за концентрација.

Водата може да ја излечи главоболката. Главоболката често се јавува како последица од дехидратација. Во таков случај, консумирањето на неколку чаши вода ќе ви помогне да се ослободите од непријатната болка.

Водата се бори против брчките и акните. Сметајте ја водата за природно средство кое ја негува вашата кожа на различни начини. Кога телото е дехидрирано, нежните линии и брчките се повидливи. Водата ја подобрува циркулацијата, па вашата кожа ќе придобие здрав сјај. Единствениот начин на којшто водата може да ѝ наштети на кожата е ако пречесто го миете лицето. Кожата лачи природни масла кои служат како заштита, па ако премногу често ги отстранувате, може да се соочите со сува кожа и појавување на брчки.

Па, побарајте мало шише со вода и постојано чувајте го до себе. Започнете уште сега да ја користите силата на водата која Аллах ни ја подарил.

0 views0 comments

Comments


bottom of page