top of page
Writer's pictureinfoislam

Божественоста на Исус кај раните христијани

Ибн Џерир од Мухаммед ибн Исак наведува дека Исус, пред да биде воздигнат, оставил порака на своите ученици да го повикуваат светот, да веруваат во Аллах, Еден, Единствен, кој нема никаков здруженик и на секој од нив им одредил кој народ ќе го повикува од Шам, на исток, до земјите на Магриб (Северна Африка), на запад. Во тие преданија се кажува дека секој од нив одеднаш го проговорил јазикот на народот при кој Месих ги пратил.

Постоеле мноштво независни цркви, од кои секоја имала свој сет на признати списи, секоја била под свој независен епископ или лидер и секоја имала свој став за прашањата – дали Исус бил или не бил оној кој бил распнат; за природата на Исус Христос, односно, дали бил Бог, човек, или некоја комбинација од нив; за природата на Бога, т.е. Тројството како формулација, неделивоста на Бог, двојството и слично. Сите овие прашања денес се предмет на дебата и со исламот, како што биле предмет на расправа и во тоа време. Неколку векови по Исус, овие прашања почнале да се решаваат и почнало да се појавува традиционалното сфаќање на христијанското верување. Според овој концепт на неговото физичко раѓање, Исус се сметал како единороден син на Бог преку девица Марија, кој го отворил заветот на Аллах за целото човештво, оној кој  требало да управува со евреи и неЕвреи, оној кој бил распнат поради простување на гревовите на човештвото, пред наводно да биде воскреснат од мртвите.

Адријан Тачер напишал: „Прашање е дали постои едвај еден научник толкувач на Новиот Завет кој е подготвен да го брани ставот дека четирите случаи на употреба на ,Јас сум‘ во Јован, или на повеќето други места може да биде историски припишана на Исус“.

Дејвид Браун изјавил дека: „Постојат цврсти докази кои укажуваат на тоа дека Исус никогаш себеси не се гледал како објект на обожување. Невозможно е да се базираме на кое било тврдење за божественоста на Христос во оној момент кога ќе го напуштиме традиционалнииот приказ, како што се гледа во буквалното разбирање на Евангелието по Јован.“ Но, тој вели: „Не е логично да претпоставиме дека човечкиот ум може да биде свесен за сопствената божественост.“ Брајан Хеблевајт признава: „Повеќе не е можно да се брани божественоста на Исус, повикувајќи се на тврдењата на Исус.“ Сандерс напишал: „Често повторуваните тврдења дека Исус се ставил себеси на местото Божјо“ се претерани.

0 views0 comments

Comments


bottom of page