top of page
Writer's pictureinfoislam

Брзањето – мајка на сите несреќи

fast.jpg

Катаде ибн Ди’амах рекол: “Се колнам во Аллах, навистина гледавме луѓе кои брзаа во фитна, а видовме и од оние кои се воздржуваа од впуштање во неа, поради Аллах и од страв од Него, па кога фитната исчезна, оние кои се воздржуваа од неа беа во најдобра состојба , имаа најсмирени срца и помалку тежина да носат на плеќите свои од оние кои брзаа и се вклучиа. Делата на оние кои се впуштија во неа постанаа бедни а срцата им се исполнија со мразење кога и да сеќаваа. Се колнам во Аллах, ако тие луѓе знаеја за фитната која ги затекна онака како што ја запознаа после што замина, генерациите на луѓето би биле поинтелегентни и повеќе оштроумни“. (Хилјат ал – Авлија)

Абу Хатим, Мухаммед ибн Хиббан ал – Бусти рекол: “Оној кој брза, нема да ја оствари својата цел исто како оној кој е милостив и дарежлив никогаш нема да биде претекнат. Оној кој ќути ретко кога ќе биде укорен додека оној кој многу зборува, тешко дека ќе биде сочуван. Оној кој брза, зборува пред да дознае нешто и одговара пред да разбере било што. Он го фали на друг пред да го запознае а потоа го критикува после тоа што го пофалил! Он донесува заклучоци пред да размисли и оди напред без било каков заклучок. Избрзувањето секогаш е следено од покајување а сигурноста не е нешто што доаѓа со тоа. Арапите имаа обичај брзањето да го нарекуваат “Мајка на сето покајување“.  (Равзат ал – Укала)

Хузејфе, радијаллаху анху рекол за фитната: “Нејасна е кога на момент ќе се појави а постанува јасна после тоа што оди“.  (Ал – Мусаннеф, ибн Аби Шејбе)

Шамр рекол во поглед на оваа негова изјава: “Кога фитната за момент ќе се појави, ги збунува на луѓето и ги прави да мислат дека се во право, а со тоа се впуштаат да направат дела кои не се дозволени. Потоа, кога фитната ќе престане и оди, нејзината права вистина постанува јасна и сите оние кои се впуштија ќе сознаат дека биле во криво“. (Лисан ал – ’Араб)

Мутарриф: “Постоеше време во кое најдобри луѓе во вера беа оние кои брзаа (да направат дело) но ќе дојде време во кое најдобрите луѓе во вера ќе бидат оние кои себеси си даваат време“.   (Хилјат ал – Авлија)

Фитната сигурно ќе се случува во умметот од Посланикот салаллаху алејхи ве селлем. Тоа он го претскажа во многубројни хадиси а она што он го рекол дека ќе се случи тоа сигурно ќе се случи. Со тоа нас ни е обврска да бидеме стрпливи на неа, да се подготвиме за неа и да бидеме спремни. Затоа што ние треба да бидеме повнимателни денеска затоа што сме поблизу до Судниот Ден во споредба со муслиманите од пред 14 векови. Мораме да ја научиме природата на фитната, нејзините карактеристики, начинот како да се однесува спрема неа и како да постапиме ако ни се случи, како да бидеме заштитени и сочувани од неа. А колку ли фитни се случиа поради непознавањето на нејзините карактеристики!

Не е за чудење тоа што обичниот народ и светот така лесно се впушта во фитна затоа што од нејзините карактеристики е и  тоа да биде привлечна на луѓето кога се појавува да ги излаже со своите илузии.

Она што е за чудење однесувањето и реакцијата од оние кои се препишуваат на знаење и дава, нивното брзање и непромислено донесување заклучоци, ширење на гласини, не проверување на вести, не чување на јазикот, рекла кажала, изнесување на повтори и лаги на оние со кои се во судир. Наместо да работаат на смирување на страстите и фитната, со своите постапки и изјави ја потпалуваат уште повеќе и ја донесуваат до поголеми размери кои ги заслужува, затоа што еден обичен збор во време на фитна пожесток е од удар на сабја.

Кажува Аллах тебареке ве те’ала:

 “О верници, бидете истрајни во то и, поради Аллах, сведочите праведно. И омразата кон еден народ нека не ве натера да бидете неправедни. Бидете праведни. Праведноста е поблиску до богобојазливост. Плашете се од Аллах. Аллах. навистина, е Известен за она што го работите“.  (Ел Маиде)

Една од добрите страни на фитната е тоа што луѓето во неа го откриваат своето право лице, го изнесуваат на виделина она што градите им го кријат а со тоа на сите им станува јасна нивната состојба.

А го молиме на Аллах Возвишениот за истрајност, праведност да ни се смилува нас и на сите муслимани да не направи од богобојазливите и искрени повикувачи, да не спаси од оган на овој и на идниот свет да му подари на Мухаммед салаллаху алјехи ве селем ’Ел Весиле’ а нас да не воведе во Џеннетул Фирдевс.

Аллахуме амин.

0 views0 comments

コメント


bottom of page