top of page
Writer's pictureinfoislam

Бројни Галаксии како доказ на Семоќноста

„Ние ги создадовме небесата и Земјата и она што е помеѓу нив за шест временски раздобја, и не Нè совлада(собори) никаков замор.“ (Каф, 50:38)

„Се колнам во небото, полно со (складна убавина) ѕвездени патеки,“ (Ед-Даријат, 51:7)

И колку има знаменитости на небото и на Земјата? Поминуваат крај нив, а тие, ете, се рамнодушни.“ (Јусуф, 12/105)

Познато е дека во нашата галаксија има од 100 до 300 милијарди ѕвезди. Од нив најмногу 8.500 се видливи од Земјата, додека околу 2.500 можат да се видат со голо око во идеални услови, од дадено место во определено време.

За разлика од претпоставениот број на  ѕвездите, бројот на галаксиите во Вселената сè уште не е приближно утврден. Според астрономите, во универзумот има стотици милијарди галаксии, но нивниот точен број ќе расте со подобрувањето на телескопите, односно нивната можност да гледаат подалеку во Вселената и назад во времето. За да може да ги изброиме сите галаксии, потребно e да погледнеме во времето кога тие започнале да се формираат, што за жал, сè уште не е постигнато. Бројот кој денес го знаеме е проценет само врз основа на бројот на галаксии што може да се видат на одредена мала површина од небото. Изведен  е од податоците од фотографијата „Ултра длабоко поле“ на Хабл (Hubble Ultra Deep Field), која покрива 10⁻⁷-ми дел од небото, а на неа може да се забележат околу 10.000 галаксии. Овој број потоа се множи со бројот на такви мали делчиња од целото небо, што резултира во огромната бројка од стотици милијарди галаксии.

Што се Галаксии?

Галаксиите се основни градбени единици на Универзумот. Повеќето од нивната видлива маса е сочинета во вид на ѕвезди. Токму гравитационата сила помеѓу една ѕвезда со друга ги држи галаксиите, иако присутна е и темната или сокриена маса во надворешните региони на гигантските галаксии. Идентификувани се повеќе видови на галаксии, но најстарата и најпрочуена поделба е на спирални и елиптични. Помал број на галаксии се познати како неправилни (ирегуларни). Спиралните галаксии имаа дисковиден облик со централна грутка како и нашата галаксија или галаксијата Андромеда. Релативната големина на дискот и грутката варира од галаксија до галаксија. Нивните маси се од десетина милиони сончеви маси (107 МО), за џуџестите системи, до неколку стотина маси на нашата галаксија. Галаксијата во која ние се наоѓаме, Млечен Пат во таа смисла е просечна и има маса од 100 милијарди сончеви маси (1011 МО). Дисковите на спиралните галаксии ротираат и тоа е она што им ја дава нивната карактеристична форма. Спиралните раце се населени со најмлади, најтопли и најсјајни ѕвезди, но исто така и со региони на создавање на ѕвезди, т.е. со прашина и гасни облаци. Елиптичките галаксии се со многу помазни ликови, па кај нив немаме големи докази за постоење на прашина, гас или спирални раце. Тие се со сфероидален облик и може да имаат маси од само десетина милиони сончеви маси до неколку стотина маси на нашата галаксија. Тие се само-гравитациски системи во кои случајните брзини на ѕвездите го спречуваат галактичко колабирање. Постојат и интермедијарни галаксии помеѓу елиптичките и спиралните. Тоа се така наречените лентикуларни или ЅО галаксии. Тие личат на спиралните галаксии но, без спиралните раце, т.е. тие поседуваат ѕвезди во дискот и имаат централна грутка, но со малку докази за постоење на спирални раце. Многу од нив се најдени во галактичките јата. Ирегуларните галаксии се општо помалку масивни од типичните елиптични или спирални галаксии. Имаат неправилна структура исполнета со големи количини на гас и прашина. Како дополнение, постојат и други класи на галаксии, со кои не се среќаваме често. Можеби најинтересни се галаксиите со активно галактичко јадро. Историски, првите галаксии со активно јадро беа Сејфертовите галаксии. Тие личат на спиралните но, имаат ѕвездолико јадро. Кога се проучени спектрите на овие галаксии биле пронајдени многу широки и силни емисиони линии за разлика од емисионите линии кај нормалните спирални галаксии. Следната класа на галаксии што била откриена се радио галаксиите. Во средината на минатиот век беше потврдено дека тие се силни извори на голем број на високоенергетски честици и магнетни полиња. Неколку од овие галаксии имаа ѕвездолико јадро и беа наречени N (ен) галаксии. Тие се слични со Сејфертовите и имаат силни широки емисиони линии во нивниот спектар. Во раните шеесети беа откриени првите квазари. Сјајните радио извори имаа во тоа време неразјаснет спектар во оптичкиот дел на овие, тогаш, ѕвезди. Во 1962 год. Мартен Шмидт откри дека 3С 273 кој личеше на ѕвезда на фотографските плочи, е на оддалеченост слична на оддалеченоста на галаксиите. Објектот беше наречен квази-стеларен објект. 3С 273 е повеќе од 1000 пати полуминозен од галаксија како нашата. Следеа многу нови квазари, кои исто така беа на големи растојанија од нашата галаксија. Во 1965 беа видени и радио-тивки квазари, за разлика на сите претходни кои беа радио силни. Квазарите се примери на најекстермно јако галактичко јадро. Дека тие се само јадра на галаксии беше покажано од фактот што се детектирани слични галаксии во многу поблиски примери.

Како најекстремни примери на активни јадра се објектите познати како BL-Lacertae или BL-Lac објекти. Тие се слични со квазарите но, се разликуваат во два односи. Прво, тие варират многу брзо во луминозноста, варијациите на временска скала од денови или помалку; значи мора да се многу компактни. Второ, нивните оптички спектри се нормално без појави и континуираното зрачење е силно поларизирано. Веројатно е дека кај BL-Lac објектите ние директно го набљудуваме повеќе или помалку примарниот извор на енергија во активното јадро. Треба да се нагласи дека овие објекти со активно јадро се многу ретки. Тоа произлегува од тоа што тие лесно се откриваат поради нивната сјајност и препознатливост. Астрофизички е проблемот како е можно толку компактни објекти да произведуваат толку многу големо количесто на енергија. Сегашниот консензус е мислењето дека сите овие типови на различни активни јадра во основа се исти. Постојат ултракомпактни извори на енергија во овие објекти и точно што се набљудува зависи од околината на компактниот објект и начинот на кој тој го искористува горивото. Дури и мирното јадро во центарот на самата наша галаксија поседува особини значително послаби, но сепак исти како и квазарите и другите активни јадра. Возможно е дека постои премин во својствата на активност од системите како центарот на  нашата галаксија преку Сејфертовите и N-галаксиите, кон квазарите и BL-Lac објектите. Најубедливите модели за создавање на енергија потребна да ги засили (запали) овие јадра е присуство на супермасивна црна јама со маси од 106 до 1010 МО.

0 views0 comments

Kommentarer


bottom of page