top of page
Writer's pictureinfoislam

Бројот на бегалци од Алепо се зголемува

12644723_711398088997271_1866502174540315169_n

АЛЕПО (АА) – Сириските бегалци кои бегаат од нападите на руските авиони и припадниците на режимските сили на претседателот Башар ал-Асад, пешачат по ладното време обидувајќи се да преживеат во шатори на границата со Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

По руските напади, што започнаа кон крајот на септември, Сиријците беа принудени да ги напуштат своите домови и да се движат по „патот на надежта” кон Турција.

Само со основни работи тргнаа на пат кон побезбедни места. Поради интензивните врнежи од дожд во Aзаз и околината, бегалците се принудени привремено да бидат засолнeти во џамиите и автомобилите. Оние кои ја немаат таа среќа, засолниште наоѓаат само под покривката.

Со желба да им се помогне на бегалците, турската хуманитарна организација ИХХ (IHH), се обидува да оформи бегалски кампови во близина на турско-сириската граница во кои ќе им бидат давани по три топли оброци на ден.

Бегалката Недиме Шамил, изјави дека поради интензивните воздушни напади со своето десетчлено семејство биле принуден да го напуштат домот.

„Речиси 20 дена сме тука. Децата се смрзнати, а вчера три бебиња од соседните шатори починаа”, рече Шамил, истакнувајќи дека животот во Сирија е многу тежок и дека стотици луѓе се убиени во руските воздушни напади.

Махмуд Мухамед со седум деца избегал во областа во близина на границата со Турција.

„Јас само барам да се засолнам со децата. Местото каде што се наоѓаме не е безбедно. Навистина сме во тешка ситуација”, рече Мухамед.

0 views0 comments

Comments


bottom of page