Односот помеѓу културата и верата е предмет на континуирана расправа и ригорозни студии, посебно за муслиманите кои што живееат на Запад, кои се обидуваат да развијат рамнотежа помеѓу практикување на исламот во рамките на постоечките културолошки ставови, тоа честопати се смета како проблем.
Повеќето од денешните муслимански фамилии се доселиле во Велика Британијаи Европа, во текот на 1950-те и 1960-те години, од некогашните британски колонии во Индија, вклучувајќи ги Пакистан и Бангладеш. Статистиката покажува дека моментално постојат 1,6 милиони муслимани кои што живеат во Велика Британија.
Британските муслимани се со најмлада возраст од сите верски заедници во Велика Британија, а се проценува дека 46% од вкупната популација на муслиманите, живеат во Велика Британија. Оваа група во главно претставува втора и трета генерација на доселени муслимани, кои се погодени со политички прашања, прашања за идентитетот и предизвикот за рамнотежа на верата и културата во глобалниот свет.
Поради последователните генерации на британски муслимани, пронајдени се начини на примена и интеграција на своите културни и верски уверувања во нови контексти, муслиманите се ставани под притисок се додека не развиле таков начин на прилагодување. Од 1990-тите, муслиманите во Велика Британија станаа видливи како малцинско друштво. Низ разни случувања ги доведоа муслиманите во средиштето на медиумското внимание, вклучувајќи ја и аферата на Рушди, 11.септември.2001.година, и за британските муслимани посебно, нападите во Лондон на 7 Јули, 2005 година. Овие случувања доведоа до расправа околу прашањето за интеграција на муслиманите во британското опшество, со обвинување на сегрегација. Негативните дискурси создадени за претставување на муслиманите по некои британски медиуми, за некои млади британски муслимани само ја влошија уште повеќе кризата на идентитетот. Како резултат на тоа, на големо беше прегледувано од страна на академците, дека повеќето од младите британски муслимани, својата културна позадина ја чувствуваат како одвоена и се збунети во врска со нивниот верски идентитет, кој што се претставува како нешто што е во конфликт со британските културни ставови. Низ тие негативни претставувања на исламот, се поставува прашањето имаат ли муслиманите свое место во современото британско друштво? Меѓутоа, само низ испитување и разбирања на односот помеѓу верата и културата, може да се утврди дека тоа навистина е возможно. Предизвикот за балансирање помеѓу верата и културата главно се наоѓа во поимот за идентитетот. Мора да биде јасно дека нечиј верски идентитет не е единствениот идентитет на таа личност. Не постои такво нешто како единствен идентитет, затоа што раснеме во заедница која нам ни овозможува повеќе идентитети.
Глобализацијата влијаела на начинот на кој што идентитетот се изложува. Ако младите британски муслимани ги решаваат конфликтите во рамки на нивната разноликост и заедница со повеќе идентитети, тоа ќе влијае за нивната положба во однос на интегрирање во британското опшество, како и способноста за идентификација и раздвојување на тие различни идентитети што ќе овозможи младите британски муслимани да направат разлика помеѓу верата и културата.
Да се практикува исламот во немуслиманска држава во денешно време е вистински предизвик. Меѓутоа, ако муслиманите се во состојба да сватат дека верата и културата не се едно исто, и ако бидат одлучни за да ги сочуваат своите верски вредности, тогаш перцепцијата за исламот во опшеството во кое што живеат, ќе биде многу подобра. Иако расправиите за балансирање на верата и културата во современиот свет сеуште не се решени, по пат на семинари, курсеви и предавања ќе бидеме во можност да ја согледаме нашата муслиманска внатрешност, што може да создаде рамнотежа помеѓу верата и културата во иднината.
Извор:Akos.ba
Kommentare