top of page
Writer's pictureinfoislam

Вера и наука, тоа што на западното друштво му прави проблем

Западната мисла денес е во средина на лута битка помеѓу верата и науката. Речиси е невозможно за современиот западен мислител да го прифати фактот дека постои можност религијата и науката да имаат нешто заедничко. Библијата во која веруваат Христијаните, кажува дека дрвото чии плодови му биле забранети на Адем а.с. било дрво на знаењето, па тој, откако изел нешто од тоа дрво, добил одредено знаење кое порано не го поседувал.

Од оваа причина Европа помина два века расправајќи на темата дали да ги прифати или не научните сознаниа кои доаѓаа од Муслиманите. Црквата донесе став дека тежнеењето кон таквото знаење е причина на оригиналниот грев (Христијанското проповедање дека човекот се раѓа со вроден „оригинален грев“). Бискупите поткрепата за својот став ја најдоа во стариот завет каде се спомнува дека Бог не бил задоволен со Адем а.с. кога тој го изел плодот од дрвото и добил одредено знаење, па поради тоа му била скратена Божјата милост. Научното знаење поради тоа беше потполно отфрлено од страна на црквата како нешто забрането за дискутирање. Кога слободните мислители и научници конечно беа во состојба да ја надвладеат моќта на црквата, тргнаа во освета со тоа што завзедоа контра став и го загушија сето влијание на религијата. Се покажаа доста екстремно, а се со цел да ја завладаат моќта на црквата и да го намалат нејзиното влијание и ограничено подрачје.

Ако со човек од западен свет влезете во дискусија за религија и наука, тој веднаш се наоѓа потполно запрепастен. Меѓутоа многумина не го познаваат Исламот. Тие не знаат дека Исламот дава многу висок статус на знаењето и научниците, кои покрај ангелите се смета за сведоци дека нема друг Бог освен Аллах како што нас Аллах с.в.т ни кажал во Куранот: Аллах сведочи дека нема друг Бог освен Него- а и мелеците и учените… (Куран 3:18) Аллах, славен нека е Тој, исто така ни кажал: „Знај дека нема друг Бог освен Аллах“ (Куран 47:19) Од Куранот нам ни е познато дека на Адем а.с му е дадена предност над мелеците поради поседувањето знаење кое му го подарил Аллах с.в.т. Куранската приказна е во контрадикција со библиската за која Муслиманите сметаат дека е извитоперена. Според Куранот, фактот дека на Адем а.с му е подарено знаење е знак на чест, а не причина за протерување од Рајот. Значи, кога човек ќе дојде во разговор за Исламот и науката со мислителите од западот, тие чекаат аргументи слични на оние кои ги наоѓаат во својата религија и култура. Поради таа причина реагираат со изненадување кога ќе им се претстават кристално јасни факти од Куранот и Суннетот. Меѓу тие кои се изненадија е и Dr. Joe Leigh Simpson, шеф на катедрата за акушерство и гинекологија е воедно професор за молекуларна и човечка генетика на Медицинскиот Факултет Бајлор во Хјустон (Тексас, САД). Кога прв пат се сретнавме со него, професорот Симпсон инсистираше на проверување на вистинитоста на наводите во Куранот и Суннетот. Ние меѓутоа , успеавме да го оттргнеме неговиот сомнеж му презентиравме текст кој совршено го опишува развојот на ембрионот. Му покажавме дека Куранот нас не информира за тоа дека наследните и хормосомските карактеристики на новот битие настануваат после успешното спојување на сперматозоидите и јајните ќелии. Како што знаеме овие хромозоми ги содржат сите идни карактеристики на новото битие како што се бојата на очите, кожата, косата и тн. Значи многу детали за човечкото обликување се одредени во неговите хромозоми. Овие хромозоми почнуваат да се формираат во раната нутфах фаза за развојот на ембрионот.

Со други зборови карактеристиките на новото човечко битие се одредени уште на самиот почеток на нутфах фазата. Возвишениот Аллах во Куранот го истакнува овој факт: Проклет нека е човекот! Колку е само тој неблагодарен! Од што Тој го создава? Од капка семе го создава па му ги одредува карактеристиките. (Куран 80:17-19) Во текот на првите 40 денови во бременоста, еден по друг, сите органи и делови на телото во потполно се формираат. На сликата можеме да приметиме дека органите почнуваат да се обликуваат и ги завземаат своите места и фетусот се прави завиен. Веровесникот Мухаммед с.а.в.с. во еден хадис не информира: „Во секој од вас, сите делови на вашето битие се собрани во утробите на вашите мајки во рок од 40 дена.“ (Хадисот го пренесуваат Бухари и Муслим ).

Во другиот хадис на пратеникој Мухаммед с.а.в.с. стои: „Откако над nutfah ќе поминат 42 ноќи, Аллах џ.ш. праќа мелек кои на новото битие му дава облик и му прави уши, очи, кожа, месо и коски. Потоа мелекот прашува: „Господау мој, дали е машко или женско?“ и твојот Господар одлучи како сака“. (Муслим)

Професорот Симпсон детално ги студираше овие два хадиси и забележа дека првите 40 дена се прави јасно воочлива засебна фаза во формирањето на nutfah. Посебно беше импресиониран со апсолутната прецизност и точност на двата хадиси. После тоа, професорот Симпсон во една прилика каде присуствуваше на една конференција го изрази следново мислење: „ Така нас споменатите хадиси ни даваат специфична временска кутија за основниот развој на nuftah во првите 40 дена. Уште еднаш ќе го повторам она што неколку изложувачи утрово веќе го нагласија а тоа е дека во споменатите хадиси не можело да се дојде на основа на научни сознанија кои биле достапни во време на забележувањето на тие хадиси“.

Професорот Симпсон понатаму кажува дека религијата може да биде успешен водич во стекнувањето на знаење. Западот, како што веќе рековме го одби ова тврдење. Меѓутоа, сега го имаме Американскиот научник кој кажува дека религијата, конкретно Исламот, тоа може да го постигне со успех. Аналогно на ова, ако одите во фабрика и со себе имате прирачник за работа на фабричкиот прогон, благодарение на тој прирачник составен од страна на дизајнер и градежник ќе бидете во состојба со леснотија да дознаете кои операзии се вршат таму. Ако пак не го поседувате овој прирачник, шансите за разбирање на бројните процеси кои се одвиваат во фабриката се многу помали. Професорот Симпсон исто така изјави: „ По мое мислење, од ова произлегува дека не само да не постојат несогласувања помеѓу генетиката и религијата, туку дека религијата може да ја предводи науката и да додаде објава на некои традиционални научни пристапи. Во Куранот постојат тврдења за кои науката покажала дека се точни, што потврдува дека Куранските сознанија дошле од Аллах.“ Ова е вистина. Муслиманите навистина можат да бидат предводници во стекнување знаење и откривање факти за светот околу нас. Тие исто така знаат како да го искористат тоа знаење како доказ за постоењето на Аллах, возвишен и славен нека е Тој и како потврда за пратеништвото на Мухаммед с.а.в.с. Аллах с.в.т. во Куранот кажува: „Ние ќе им праќаме докази наши за пространствата на свемирски, а во нив сами, додека не им биде сосема јасно дека Куранот е вистина. А зар не е доволно тоа што Господарот твој е за се известен?“ (Куран 41:53) Откако се запознавме со неверојатните примери и научни факти спомнати во Куранот и откако слушнавме коментари од објективни научници за овие факти, да си ги поставиме на себе следниве прашања: a.) Дали е можно да е само случајност тоа што сите овие новооткриени научни сознавања од разни области се спомнати во Куранот кој е објавен пред 14 века ? б.) Дали е можно да е Мухаммед с.а.в.с. или некое друго човечко битие автор на Куранот? Единствениот можен одговор е тој дека Куранот мора да биде буквален Аллахов збор објавен од него. Куранот е буквално Аллахов збор кој тој ја објавил на својот пратеник Мухаммед с.а.в.с. преку мелекот Џибрил. Мухаммед с.а.в.с. го меморирал Куранот, па го диктирал на своите Асхаби. И тие исто така го меморисале, па го запишале за да веровесникот Мухаммед с.а.в.с. потоа ја потврди точноста на неговиот цитат.

Покрај ова, веровесникот Мухаммед с.а.в.с. заедно со мелекот Џибрил а.с. еднаш во текот на секој месец Рамазан одново го проверувал Куранот, а во последните години на својот живот тоа го направил два пати. Од самото објавување на Куранот, па се до ден денес, секогаш постоел голем број на Муслимани кои доволно го знаеле целиот Куран на памет. Некои од нив дури успеваа да го меморисаат Куранот до своите 10 години од животот. Затоа не е изненадување дека ни една буква во Куранот не е променета минативе векови. Куранот кој е објавен пред 14 векови ги спомнува фактите кои се откриени скоро време од страна на докажените научници. Ова без сомневање потврдува дека Куранот мора да биде поптполн , Аллахов збор објавен од Него на Мухаммед с.а.в.с., тоа докажува дека Мухаммед с.а.в.с. е навистина пратеник и веровесник испратен од Аллах. Невозможно е да се замисле да било кој пред 1400 години можел да има знаење околу откриените факти или доказите и то со помош на современа опрема и сложени научни методи.
0 views0 comments

Comentários


bottom of page