Верувањето во Аллах џ.ш. значи цврсто убедување дека Аллах џ.ш. е Господар, Владател и Создател на сè. Единствено Тој заслужува да му се чини ибадет(обожување) по пат на намаз, пост, дова, надеж,стравување, понизност и покорност. Тој Ги поседува сите особености на совршенство о е далеку од секаков недостаток.
Иман- верувањето во Аллах џ.ш. опфаќа три принципи:
Верување дека само Аллах џ.ш. е Создател и Господар на сè(тевхидур-рубубије)
Верување дека само Нему може да се чини ибадет(тевхидул-улухије)
Верување дека само Нему Му припаѓаат имињата и особеностите на совршенство(тевхидул есма ел сифат)
Затоа човек неможе да биде верник во Аллах џ.ш. се додека не верува дека Тој е Господар на се дека друг Господар нема ; дека само Тој е Бог и дека само Тој може да се обожува и дека Тој е потполно совршен во своите својства и имиња и дека никој друг не е совршен и потполн.
Овие се трите врста на тевхид(едноштво) кои влегуваат во значење на името на Аллах џ.ш.
Од книгата „Иман“ др. Мухаммед Нуајм Јасин
Commenti