top of page
Writer's pictureinfoislam

Верувањето на еден човек е огромен потенцијал и благодет

Времето во кое што живееме е исполнето со недоумици, страсти и посакувања. Луѓето воглавно, освен оние на кои Аллах им се смилувал, дале предност на овосветските работи, во однос на задоволството на Господарот на Земјата и небото. Кај многу од оние кои се вбројуваат во припадници на овој верзакон ослабнале благородните вернички желби и тоа што ги чини горди за својата вера и оној кој се наслонува на своето убедување. Колку само знаење во овие темнини ни треба за постапките на искрените верници како би се пробудиле од успиеност и немарноста.

Верувањето е тоа што, О Аллахови робови, го прави верникот и му помага да почуствува овосветски презир. Љубовта према битното го брише тоа небитното. Верувањето е она што на верникот му помага да тираните – (тагутите) на земјата ги гледа како бедници, бидејќи тој гледа кон Владателот на небото и земјата. Не се плаши од нив и им се спротиставува со збор на вистината. Верникот затоа овосветските тешкотии ги гледа како лесни. Бидејќи тој се надева на наградата од Аллах и  добрина, поради што својата покорност и жртва на тој пат ја гледа малечка.

Верувањето го прави верникот да Му припаѓа на Аллах, Пратеникот и верниците, а да нема ништо заедничко со неверниците и паганите кон кои не покажува наклконетост и љубов и присност.

Тој што Аллах сака да го упати, Тој срцето негово кон исламот му го расположува, а тој што сака во заблуда да го остави, Тој срцето негово го стегнува и уморно го прави, како кога прави напор на небото да летне. Ете, така Аллах прави шејтанот да ги надвладее тие што не веруваат.“ (Ел Енам,125)

Верата  ислам и иманот се гаранција на овосветската и оносветска среќа. Тие две работи ветуваат гордост и достоинство на овој и на идниот свет. Искрените верници се најценетото нешто во овој свет, додека принцевите и кралевите не ја уживаат таа љубов, тоа почитување и тоа величање и углед кој го имаат верниците.

Ибрахим б. Бешар, , рахимехуллах, вели: Тргнав према Александрија заедно со Ибрахим б. Едхем, Ебу Јусуф ел Гасули и Ебу Абдуллах ес Санџариј. Поминавме преку реката Јордан и седнавме да одмориме. Ебу Јусуф со себе имаше неколку суви семки. Ги стави пред нас, ние ги издовме и Му заблагодаривме на Аллах. Побрзав да му дадам вода на Ибрахим, но тој беше побрз од мене и навлезе во реката до колена, ги стави дланките во вода, ги наполни и кажа,„Во име на Аллах“ и се напи. Потоа кажа: „Фала му на Аллах “ и излезе од реката се испружи и кажа:

„ О Ебу Јусуф, кога кралевите и принцевите би знаеле за уживањето и среќата во која сме ние, секој ден со сабји би се бореле за да ни ги одземат животните уживања во кои се наоѓаме.“ Му кажав „О Ебу Исхак, тие луѓе барале уживање и благодет, па го промашиле Вистинскиот пат.“  Се насмевна и кажа: „Откаде ли ти се вакви мудри зборови.“( Hiljetul-evlija (7/370); Sifetus-safveti (4/153))

Затоа верувањето е голема благодат и огромна награда. Аллах вели:

„На тој што прави добро, било маж или жена, а верник е, Ние ќе му дадеме да проживее убав живот и навистина ќе ги наградиме според доброто што го правеле“.(Ен Нахл, 97)

Ахмед Ферид – Оаза на иманот

0 views0 comments

Kommentare


bottom of page