Постојат многу докази за постоење на Ахиретот(идниот свет). Желбата за вечен живот која постои во нас, желба за неуништувањето и траењето е доказ за постоење на Ахирет(идниот свет).
Како одговор на чуствувањето на жед, Аллах џ.ш. нам ни подарил вода, како одговор на чуствувањето на глад, ни подарил храна. Возвишениот Аллах исто така го создал и чуството на незадоволство од овој свет, нашето копнеење за вечноста, односно потребата која ја чуствуваме за Ахирет. Сосема сигурно е дека Аллах џ.ш. кој наспроти жештината ја создал водата, наспроти гладта- храната, го створил Ахиретот наспроти нашето копнеење за вечно живеење. Да не би сакал Аллах џ.ш.тоа да ни го даде не би го создал ни копнеењето за кажаното. Несомнено и нормално е дека Возвишениот Аллах ќе ни го подари Ахиретот, кога на нас најповеќе од се ни создал желба за вечност и желба за живеење. Доказ за постоење на Ахиретот кој е најбитен и сам по себе е доволен е Аллаховото ветување. Дали воопшто би било возможно Возвишениот Аллах да ги разочара и изневери своите робови кои веруваат во него, кои веруваат дека за Аллах е лесно да го создаде Ахиретот , кои се потпираат на Аллах џ.ш. и кои од него го бараат Ахиретот, а да наспроти тоа, да се потврди и да направи да бидат во право(што е невозможно) оние кои не веруваат во Аллаховите ветувања, кои го сметаат Ахирет за невозможен, и кои не се грижат за Создателот, го негираат Неговото постоење, и кои ги понижуваат оние кои на Аллах се посветени робови. Несомнено е дека тоа е невозможно! Се видливо укажува на фактот дека Аллаховиот говор е вистина и дека Аллах џ.ш не се откажува од своите ветувања. Лагата се раѓа од недостатоци и слабости.. Размислувајќи за Возвишениот Аллах сфаќаме дека е невозможно него да го поврземе со било каква слабост. Во времето на Мухаммед а.с. а и во понатамошниот период, основата на сомневањето во врска со постоењето на Ахирет, се поставило прашањето”А може ли Аллах џ.ш. да го создаде Ахирет?” Тоа е прашане кое е заплеткан јазол во контекст на постоењето на Ахирет .На ова прашање Куранот одговара многу кратко, многу јасно и апсолутно на начин што одговара , дава фасцинантен одговор.
77. Како човекот не гледа дека Ние од капка семе го создаваме, и пак е отворен противник,
78. и Нам Ни наведува пример, а заборава како е создаден, и вели: „Кој ќе ги оживее коските кога прав ќе се сторат?“
79. Кажи: „Ќе ги оживее Тој што првиот пат ги создал; Тој добро знае сe што создал,
Тој што прв пат ги создал! Знаејќи дека нас Аллах не создал е доволен доказ да го сфатиме постоењето на Ахирет, и дека на Возвишениот Аллах му е лесно да го создаде Ахирет. Со анализирање на универзумот, разбирајќи како Аллах прецизно совршено, и до најситни детали, плански го создал универзумот, ќе биде доволно да сфатиме колку е лесно за Возвишениот Аллах да го создаде Ахиретот.
49. Тие велат: „Зарем кога во коски и прашина ќе се претвориме, навистина како нови суштества ќе бидеме оживеани?“
50. Кажи: „Ќе бидете, дури и да сте камења или железо,
51. или какво било суштество за кое мислите дека
не може да биде оживеано.“ „А кој ќе нe врати во живот?“ – ќе запрашаат тие, а ти кажи: „Тој што и првиот пат ве создаде.“ – а тие пред тебе ќе мавтаат со главите (негирајќи) и ќе запрашаат: „Кога тоа?“ – Ти кажи: „Можеби набрзо.“
За Возвишениот Аллах е лесно да го создаде Ахиретот. Тоа е Аллахово ветување и најголема потреба за сите нас, а и радосна вест најавена во стотина Курански ајети. Аллах е создател на човекот и знае како земјата го разградува човечкото тело. Повторното создавање за Аллах не е тешко.
3. Зарем кога ќе изумреме и земја ќе станеме? Тоа е незамисливо враќање!“
4. Ние знаеме што од нив земјата ќе уништи, кај нас е Книгата која сe чува.
Дури само во една ДНК молекула, Аллах џ.ш. ги сместил сите детали кои се однесуваат на човечкото тело. Говорејќи дека Ахиретот можеме да го сфатиме гледајќи во нашето создавање, во многу Курански ајети исто така нашето внимание се врти кон Аллаховите создавања. Во поглавјата во кои ги анализиравме куранските феномени, повеќето од овие феномени се однесуваат и на совршенството на Аллаховото создавање во универзумот. Во нашето тело секој миг умираат, а и секој миг се создаваат нови ќелии. Ни една ќелија во нашето тело, на денот на нашето раѓање, не е иста дури ни со една ќелија која денеска се наоѓа во нашето тело. Храната која ја јадеме константно се претвара во еден дел во нашето тело, и завзема место во изчезнатиот дел.. Атомите како што се јаглеродот, хидрогенот, азотот, кислородот, фосфорот, сумпорот кои се основи на нашето тело, во текот на животот константно влегуваат и излегуваат, а на крај се мешаат со земја. Меѓутоа нашата вистинска бит која не е материјална и која ја нарекуваме душа е работа која во сите промени и обновувања константно останува иста. Дури додека сме сеуште во живот. Аллах на нас повторно ни создава постојани обновувања на нашето материјално тело. Возвишениот Аллах кој знае како земјата го разлага нашето тело, и како изгледа битта на нашето тело, ветил дека повторно нас ќе не создаде. Аллаховото ветување, тогаш без сомнение ќе биде реализирано..
Низ Куранските ајети нашето внимание се врти кон Земјата и Универзумот и тоа се истакнува како доказ за создавање на ахирет и на оживување на мртвите.
33. Зарем не знаат дека Аллах – Кој небесата и Земјата ги создаде и Кој не се измори создавајќи ги – е кадарен да ги оживее мртвите? Да, Тој може сe.(46:33)
Созданијата во универзумот е со огромна оддалеченост, голема бројност на врстите, и бројноста на живите битиа, созданија, и сведочат за Возвишениот Аллах и истото создавање во еден број и создавањето во поголеми броеви сето тоа на Аллах не му претставува никаква тешкотија.
Создавањето на сите вас и оживувањето, исто е како создавањето и оживувањето на еден човек; Аллах навистина се слуша и се гледа (31:28)
СПРЕМЕТЕ СЕ, ИДЕМЕ
Додека многу теми во Куранот се објаснуваат експлицитно, она што е надвор од нашите сетила, начинот е објаснето со метафора (Погледни: 3- Али Имран, 7). Метафората е користена и во објаснување на Џенетот(Рајот) и Џехенемот(Пеколот) на Ахирет.
А израдувај ги тие што веруваат и што прават добри дела дека ним им припаѓаат џеннетските (рајските) градини низ кои реки течат! Кога и да бидат снабдени од градините со некаков плод, велат: „Со ова бевме и претходно снабдени.“, а им беа давани само слични на нив! Во градините само чисти жени ќе имаат и во нив вечно ќе престојуваат!2 Ел-Бекара 25).
Јасно е дека овде Рајските благодатти се објаснуваат со метод и се слични во значењето.Затоа потполно сфаќање и разбирање на ахиретот ќе биде возможно единствено со самото преминување на ахирет. Паралелно со фактот што овосветските објаснувања се извор за знаење за Ахиретот, поради тоа што се тоа метафорички објаснувања би било погрешно тоа да се сфати како вистинска слика за Ахирет.. Паралелно со фактот дека џеннетската благосостојба и џехенемското каење се сосема јасни, што во права смисла значи куранското објаснување во тој контекст ќе биде јасно на ахирет. Не треба да се заборави дека тоа што се наведува за Ахирет,не вклучува целокупна слика за Џенет и Џехенем. Кога би имале храброст да напишеме книга за Македонија, тоа би била подебела книга од Куранот. Куранот да би ги изнел сите детали во врска со Џеннетот и Џехенемот, тоа би било најверојатно книга од неколку томови. Во Куранот се наведуваат одредени фрагменти во врска со Џенетот и Џехенемот кои имаат карактер на алузија кај луѓето. Toа што Куранот наведува имиња на неколку овошја во Џеннетот не значи дека таму ќе се наоѓа само тоа овошје. Доказ на тоа е Куранското кажување, дека во Џеннетот ќе има се што човечката душа ќе посака. (Погледни: 42- Аш-Шуара’ 22, 43- Аз Зухруф 71, 21- Ал Енбија ’ 102, 50- Каф 35). Куранот дал фрагменти за Ахиретот преку желбите и стравовите на луѓето. Несомнено е дека тие се точни фрагменти. Тие меѓутоа не го отсликуваат цел Џенет и Џехенем, туку со метафорите се објаснети само одредени фрагменти Да му се предадеме на Возвишениот Аллах и да работиме за Ахирет е најдобро вложување кое можеме да го направиме, во овосветскиот, и премногу краток живот. Во суштина една третина од животот, ја поминуваме во спиење,неколку години во тоалет, доста голем дел на пат. Голема е неблагодарноста да не се предадеме на Возвишениот Аллах, кој ни дава секакви благодети, поради краткотрајните задоволства на овој минлив свет. Крајно е неразумно неработењето за вечниот свет и негово менување за краткотрајниот живот на земјата . Тој добро знае се што создал.(36- Ya-sin, 79), Аллах се може (24- Ан – Нур 45), Ние навистина мртвите ќе ги оживееме (36- Ја-син, 12), а тоа е лесно за Аллах (64- Ат -тагабун, 7).
Секое живо суштество смртта ќе ја вкуси и само на Судниот ден во потполност ќе ги до биете платите ваши! Па кој ќе биде од огнот оддалечен и во џеннетот воведен, успеал! А животот на овој свет е само лажно насладување!(3:185)
Преземено од Dokazi.com
Comments