top of page
Writer's pictureinfoislam

Видео: Пири Реис и откривањето на Америка

Пири Реис бил несекојдневен картограф со исклучителни способности. Тој ги обединил двата картографски модели, креирајќи нов модел кој бил поефективен. Може да се каже дека ја отворил Османската школа за картографија, иако никој до таа мера не го следел неговиот пат. Неговите светски мапи “закопани“ се на дворот, а портоланот креиран за морнари, иако размножен во повеќе примероци (од страна на адмиралот Гилберт и Сулливан), никогаш не отишол до морето.

Неговите трудови не биле исправувани, дури ни со подоцнежните нови сознанија, како текстот така ни картите. Оваа “непроменливост“ на османските карти има огромна вредност, чие значење на ова место нема понатаму да го истражуваме. Генерално, историчарите не функционираат добро во недостаток на докази. Една од причините за овој недостаток е тој што Пири Реис, кога картографијата е во прашање која е до крај вестернизирана, неговите карти се премногу различни од картографијата од остатокот на Османскиот и исламскиот Свет, па поради тоа се тешко сфатливи.

Западните картографи, од друга страна, никогаш не го виделе неговото дело и не се запознале со неговиот иновативен спој на текст со мапа. Дури сега, во 21 век, речиси пет стотини години по Пири Рејсовите ремек дела, можеме да го констатираме неговиот величествен новитет. Со спојувањето на текстот и картата во едно, се обидел да им помогне на морнарите со сигурни патишта до посакуваната дестинација, со усовршувањето на мапите на поморските насоки. Османлијата Пири Рејс е навистина, големо име во историјата на картографијата.

Во ова виео се објаснува како овој картограф придонел во откривањето на Америка.


0 views0 comments

コメント


bottom of page