Атеизмот е негирање на Божјата егзистенција или безбожништво. Методите на докажување на постоењето на Бог, кои ние претходно ги спомнавме се само некои од бројните докази за постоењето на Бог.
Слично на тоа, ниту еден син Адемов во суштина не го негира постоењето на Бога, иако во далечната историја и во поново време има и постојат луѓе кои себеси се дефинираат како поддржувачи на атеизмот.
Првиот вид на атеизмот е материјалистичка филозофија (дехрија) кои зборуваат: Тие велат: „Постои само животот наш земски, живееме и умираме, единствено времето нè уништува.“ А тие за тоа ништо не знаат, тие само претставуваат.”(Ел-Џасије,24) и тие сметаа дека светот се одржува сам од себе и без никаква причина, дека е вечен и не е минлив! Исто така зборуваат дека постои овоземски живот, едни народи умираат, а другите ги заменуваат. Го негираат постоењето на Создателот. Затоа зборуваат: “Единствено нас времето не уништува.” А Возвишениот им одговара: “А тие за тоа баш ништо незнаат”
Нивното негирање на Бог не се засновува на знаење, ниту на здрава логика, ниту на забелешките кои се применуваат во секојдневниот живот. Ова нивно тврдење исто така го негира разумот и ја отфрла човечката природа. Тоа се нивни празни мисли и пусти желби. Како што вели Возвишениот Аллах:”... тие само нагаѓаат.“
Втор вид е неутрализмот, филозофски поглед на светот кој ја смета природата како единствено нешто што навистина постои и дух на неговата творевина се сведува под поимот природа т.е дека целиот свет е дел на природата, тоа значи дека сите ратенија, животни, неживи суштества настанале сами од себе и како последица на внатрешните движења.
Одговор на овој вид на атеизам е едноставен, невозмижно е една работа да биде во исто време создание и Создател. Возвишениот вели: ”Дали тие без Создател се создадени или тие самите себеси се создадоа?!”(Ет-Тур,35)
Природата на која и се припишуваат Божествени својства на создавање, е спој на неподвижни животни,и истата е слепа, глува, не гледа, не чуствува, па како може да создаде живо суштество кое зборува, гледа, слуша, размислува, кое чувствува болка и надеж. Кој нема нешто, не може да му даде на друг. Третиот вид на атеисти се еволуционистите, поддржувачи на еволутивната теорија, филозофија која се базира на тезата дека светот настанал-“случајно”. Со комбинирање на молекулите и атомите, сè се случи случајно, од таа причина на еден природен начин да се исчисти, за да потоа се појават живите суштества, и појават различни видови на суштества, без претходно планирање и устројство, туку преку преку комбинација на среќна околност. Скоро сите земји од Западната Европска филозофија врз основа на таа теза мислат дека светот настанал “случајно” и дека ќе трае засекогаш.
За побивање на оваа теорија е доволно да се разбере нејзиното основно прашање што од самиот почеток води од тоа да се откажеме од теоријата на еволуцијата. Штом совршено се создало небото, величествени структури, кои ги гледаме во природата, прецизна рамнотежа и протокот на сите вообичаени правила и истите не се менуваат , а тоа го нарушува еволуционизам.
Возвишениот Аллах вели:” Ти ги гледаш планините и мислиш дека се неподвижни, а тие се движат како што се движат облаците, тоа е дело на Аллах, Кој сe совршено создал; Тој навистина го знае тоа што го правите.”(Ен-Немл, 88)
Возвишениот Аллах вели:” Аллах создаде седум небеса и исто толку земји; Неговата наредба до сите нив достигнува за да знаете дека Аллах е моќен за сe и дека Аллах со знаењето Свое опфаќа сe!”(Ет-Талак,12)
Четврт вид на атеизам е комунизмот. Комунистите зборуваат: не постои Бог. Не грижете се и уживајте во својот живот (ах, кога би знаеле колку е бесцелен тој „свој живот“ без Бог). Историјата познава и поеднинци (историски личности), кои го негирале постоењето на Господарот.
Примерот на ова е фараонот:
„А кој е Господар на световите? – прашал фараонот“ (Еш-Шуара, 23), мислејќи со тоа да каже „Кој е Тој, Муса[1], за Кого ти тврдиш дека е Господар на световите освен мене?“. Како што Немруд, Вавилонскиот крал, се расправал со Ибрахим [2] околу Господарот. Возвишениот вели: „Зар не знаеш за кралот кој со Ибрахим расправал околу неговиот Господар, дека Аллах кралство му дал?! Кога Ибрахим рекол: Господарот мој е оној што живот и смрт дава!; тој одговорил: јас давам живот и смрт!; Ибрахим рекол: Аллах чини Сонцето да изгрева од исток, начини ти да изгрее од запад! Неверникот се збунил! Аллах насилниците не ги упатува на Вистинскиот Пат.“ (Ел-Бекара, 258)
Сите видови атеизам што ги набројавме се во суштина контрадикторни на она што нивните души го чувствуваат. Се обидуваат да го задушат фитретот[3] и потребата за Бог, која Аллах Возвишениот ја создал кај секој поединец.
Како што Возвишениот рекол: „И тие, неправедни и злобни, ги порекнаа, но во себе веруваа дека се вистинити, па погледни како завршија сплеткарите“ (Ен-Немл, 14) (во тефсирот на Ибн-Кесир, тој вели: „И тие, неправедни и злобни, ги порекнаа“, јасно и јавно, „но во себе веруваа дека се вистинити“, т.е. спознале дека тие се вистина од Аллах, но останатите тврдоглаво одбиле „неправедни и злобни“, т.е. неправедни сами кон себе, а тврдоглави во одбивањето да ја следат Вистината, па затоа Возвишениот рекол: „па погледни како завршија тие што сплетки правеа“, т.е. погледни каква казна ги стигна, уништување и потоп до последното утро, еден ден. Содржината на Аллаховото предупредување на Курејшите, мушриците воопшто, и останатите неверници, следбеници на Книгата, и сите други што го негираат Мухаммед (с.а.в.с.), е дека ќе им се случи она што им се случило и на тие пред нив, и тоа бргу ќе им се случи. Покрај тоа, поранешните Пратеници најавувале радосна вест за доаѓањето на Мухаммед, нека е со него и со сите Божји Пратеници највредниот салават и највредниот поздрав.)
За тоа, погледни каква казна ги стига, уништување до последниот.
Според книгата: Ел-Акидетул-Мујессире
Автор: Ценетиот шејх Д-р Ахмед Ел-Кади
[1] Мојсие
[2] Аврам
[3] Природната вера
Comments