top of page
Writer's pictureinfoislam

Видови љубов

Љубовта можеме да ја поделиме на четири вида:

• Љубов која е ибадет, да го сакаш Аллах и сето она што Возвишениот го сака. Доказ за овој вид на љубов е ајетот:

„Но вистинските верници уште повеќе Го сакаат Аллах!“ (Ел Бекаре, 165)

• Љубов која е Ширк кога некој се сака на начин како што се сака само Аллах со потчинување и величање кое му доликува само на Аллах, џел-ле ше’нуху. Доказ за овој вид на љубов е ајетот:

„Има луѓе кои наместо Аллах обожуваат идоли ги сакаат како што Аллах се сака!“ (Ел Бекаре, 165)

• Љубов која е грев, да се сакаат гревовите, бидатите и забранетите работи. Доказ дека ваквата љубов е грев е ајетот:

„Тие што сакаат за верниците да се шират бесрамни гласини, ги чека тешка казна и на овој и на оној свет, Аллах знае сe, а вие не знаете.“ (Ен Нур, 19)

• Природната љубов, каква што е љубовта кон децата, сопругата, себеси и истата е дозволена. Доказ е ајетот:

„На луѓето им е разубавен копнежот кон страстите, жените, синовите, куповите од злато и сребро, расните коњи, добитокот и посевите. Тоа се насладувањата од овосветскиот живот; а најубавото место за враќање е кај Аллах!“ (Али Имран, 14)

Од книгата „Теухид“

0 views0 comments

Kommentare


bottom of page