Пораката на погрешната религија
Постојат толку многу секти, култови, разни верувања, движења и филозофии на светот, кои што се декларираат како прав и единствен вистинит пат кон Аллах. Но, како може некој да одреди која од овие е во право, или пак сите се во право?! Начинот на кој би можеле да го пронајдеме одговорот е да ги “исчистиме” површинските разлики на учењата на различните предавачи за конечната Вистина, и да го идентифицираме централниот објект на обожување на кој тие повикуваат на директен или индиректен начин. Сите погрешни религии имаат заедничко еден основен концепт што се однесува до Аллах. Тие или изјаснуваат дека сите луѓе се богови или дека одредени луѓе биле Аллах, или дека природата е Аллах, или пак дека Аллах е продукт на човековата имагинација.
Според тоа, може да се тврди дека основната порака на погрешната религија е дека Аллах може да се обожува преку Неговата творба. Погрешната религија го повикува човекот да ја обожува творбата, именувајќи ја неа, или некои аспекти од творбата – Бог. На пример, пророкот Исус ги повикувал своите следбеници да го обожуваат Аллах, но тие што се изјаснуваат како негови следбеници денеска ги повикуваат луѓето да го обожуваат Исус, тврдејќи дека тој бил Аллах!
Буда бил реформатор, којшто претставил еден голем број на хуманистички принципи на религијата во Индија. Тој никогаш не тврдел дека е Бог, а ниту пак дека е објект на обожување. Но, сепак денес повеќето Будисти кои се наоѓаат надвор од Индија го прифаќаат Буда како Бог, и им се поклонуваат на идолите направени според нивната замисла за неговиот лик.
Со користење на принципите за идентификација на објектите за обожување, погрешната религија станува се поочигледна и во контраверзна природа со нивниот чист извор. Како што Бог наведува во Кур’анот:
“Оние кои ги обожувате освен Аллах се само имиња кои им ги дадовте, вие и претците ваши; за тоа Аллах не ви објави никаков доказ. Пресудата е само Аллахова. Ви нареди само Него да Го обожувате. Е, тоа е постојаната вера, но мнозинството меѓу луѓето не знаат!” (Кур’ан 12:40)
Би можело да се расправа дека сите религии учат добри нешта, па зошто би било важно која ја следиме? Одговорот на тоа е дека сите погрешни религии го предаваат најголемото зло – обожување на творбите. Обожување на творбите е најголем грев што човекот може да го изврши, затоа што се спротивставува на единствената цел за неговото создавање. Човекот бил создаден да го обожува единствено Аллах, како што Аллах експлицитно изјавува во Кур’анот:
“И џиновите и луѓето Ние ги создадовме само да Не обожуваат.” (Кур’ан 51:56)
Последица на обожување на творбата, кое е суштина на идолатријата, е единствениот непростлив грев. Оној којшто умира во состојба на идолатрија ја запечатил својата судбина во следниот живот. Ова не е опција, туку откровен факт изјавен од Аллах во Неговото последно откровение за човекот:
“Аллах, навистина, нема да прости да Му се здружува здруженик, а с#, освен ова, простува кому сака.” (Кур’ан 4:48)
Универзалноста на Исламот
Бидејќи последиците од погрешната религија се толку сериозни, вистинската религија на Аллах мора да биде универзално разбирлива и достиглива, неограничена за одредени луѓе, места или време. Во Исламот не може да постојат состојби, како што се баптизмот, верување во човекот како спасител, за да верникот влезе во рајот. Во самиот централен принцип на Исламот и во неговата дефиниција (покорност на нашата волјата единствено кон Аллах) лежат корените на Исламската универзалност. Било кога човекот да сфати дека Аллах е Еден, и дека е одвоен од Неговата творба, и се потчинува себеси кон Аллах, тој станува Муслиман во тело и во дух, и е достоен за рајот. Според тоа, секој, во секое време, од најразличните и од најрасфрлените религии во светот може да стане Муслиман, следбнеик на Божјата религија, Исламот, едноставно одбивајќи ги обожувањата на творбите и со свртување единствено кон Аллах (Бог). Исто така, би требало да се истакне дека сознавањето и покорноста кон Аллах изискува самиот човек своеволно да избира меѓу правото и погрешното, а таквиот избор имплицира одговорност. Човекот ќе се означува како одговорен за неговите избори, и, како таков, тој би требало крајно да се потруди да чини добро, а да го избегнува злото: крајната позитивна состојба – обожување на единствениот Аллах, или пак крајната негативна состојба – обожување на Неговата творба. Овој факт е покажан во последното откровение, каде што стои следново: “А оние, пак, кои веруваа – Евреи, христијани и Сабејци – и оние кои веруваа во Аллах и во Денот ахиретски, и кои работеа добри дела – па, за нив има награда кај Господарот свој, навистина! Оние не ќе стравуваат и не ќе тагуваат! ” (Кур’ан 2:62)
“Да се придржуваа кон Тората и Евангелието и кон она што им е објавено од Господарот нивни сигурно би имале што да јадат од она што е над нив и од она што е под нив, навистина! Меѓу нив има умерена заедница. Но, она што многу од нив го работат е лошо. ” (Кур’ан 5:66)
Comentarios