Вистинска слобода е слобода на срцето а вистинско ропство е ропството на срцето, како што и вистинското богаство е богаството на душата. Пратеникот,(ﷺ), кажал: „Не е богатство воголемиот имот, туку е богаство во богаството на душата.“[1]
Па знај дека вистинската слобода е кога ќе го заробиш своето срце со спомнувањето на Семоќниот Господар, а вистински заробеник е оној што им робува на страстите. Некои луѓе поседуваат голем капитал, компании, скапоцен мебел, но нивното срце е сиромашно, бидејќи не се задоволни со она што го имаат. Нивното срце секогаш е врзано за овосветски вредности, таквото срце никогаш неможе да се одмори, ниту да се смири, ниту во сон, ниту во јадење и пиење, ниту присвоето семејство. Тој мисли дека доколку има голем имотдека тоа ќе му помогне. Но, навистина, човек кој има малку имот, но е задоволен со тоа, тој е со смирено срце. Тоа е така,бидејќи верува во Семоќниот Бог со убедување аТој му дал смиреност и опуштеност. Не се вознемирува на ситници или настани, свесен е дека сè е Божја одредба и дека сè е веќе однапред одредено. Секогаш е со смирени размислувања и кога е со семејството, со родителите, на работа или во некое искушение, бидејќи ја почувствувал сласта на верувањето. Пратеникот,(ﷺ), кажал: „Сласта на верувањетоќе ја почувстува оној кој ќе биде задоволен Аллах да му биде Господар, исламот негова вера и Мухаммед(ﷺ)негов Пратеник.“[2] Во веродостојно предание стои дека Божјиот Пратеник,(ﷺ), кажал:
„Кај кого ќе се најдат три работи ќе ја почувствува сласта на верата: на кого Аллах и неговиот Пратеник ќе му бидат помили од било што останато, кој ќе сака човек и ќе го сака само во име на Аллах, и кој ќе мрази да се врати во неверство, откако Аллах го спасил, како што мрази да биде фрлен во оган.“[3]
Поради тоа патот на успехот е онака како Семоќниот Бог ни укажал:
„Ќе успее само тој што ќе ја исчисти (душата), а ќе биде изгубен тој што во заблуда ја води!“(Куран, 91:9-10)
Да тежнееме кон поблагодарни цели и да ги исчистиме душите, тоа е нашиот најголем успех.
[1]Бухари и Муслим
[2]Муслим
[3]Бухари
Comments