top of page
Writer's pictureinfoislam

Вистинската религија 3-дел

Сознавање на Аллах

Прашањето што овде произлегува е: Како е можно да се очекува сите луѓе да веруваат во Аллах, имајќи ги во предвид нивните разлики во местата на живеење, општествата и културите?

За да луѓето бидат одговорни за обожувањето на Аллах, тие би морале да имаат пристап до знаењето за Аллах.

Последното откровение – Кур’анот не учи дека целиот човечки род го има запечатено сознавањето на Аллах во нивните души, дека тоа е дел од самата нивна природа со која што се створени. Во поглавјето “Араф”, пасуси 172-173 Аллах објаснува дека кога Тој го создаде Адам, предизвикал сите Адамови потомци да проживеат и зеде ветување од нив, кажувајќи им: “’Нели сум јас Господарот ваш?” Рекоа: “Како да не, ние сведочиме! ‚” Аллах потоа објаснува зошто го има целиот човечки род за сведоци дека Тој е нивниот Творец и единствен вистинит Бог, заслужен за обожување. Тој рече:

“-За да не речат на Денот суден: ‘Ние за ова, навистина, не бевме во тек!‘” т.е. да се рече дека ние немавме замисла дека Ти, Аллах беше наш Господар; никој не ни кажа дека требаше единствено Тебе да те обожуваме. Аллах продолжува со објаснувањето: “Или да не речете: ‘Претците наши, пред нас, здруженик му припишуваа на Аллах, а ние сме само поколение нивно, навистина! Ќе не упропастиш ли за она што го работеа лашковците?‘”

Затоа, секое дете е родено со природно верување во Аллах, и таквата всадена наклонетост да го обожуваат единствено Него, кое во арапскиот јазик се именува како “Фитрах”.

Доколку детето е оставено само, тоа ќе го обожува Аллах на свој начин, но сите деца се наклонети кон објектите околу нив, видливи или невидливи.

Пратеникот м.н.н. известува дека Аллах рекол:

“Ги создадов моите слуги во правата религија, но ѓаволот направи тие да одат по погрешниот пат.”

Пратеникот м.н.н. исто така напоменал:

“Секое дете е родено во состојба на ‘Фитрах’, потоа неговите родители го прават Евреин, Христијанин или пак Зороастријан…” (Од колекцијата хадиси на Бухариј и Муслим)

Значи, како што детето им се покорува на физичките закони кои што Аллах ги има создадено во природата, исто така и неговата душа природно му се покорува на фактот дека Аллах е неговиот Господар и Творец. Но, неговите родители го наведуваат да оди по нивните стапки, а детето не е толку јако за да во тие години на животот ги одбие или да им се спротистави на нивната волја. Религијата по која оди детето во овој период е обичај и воспитување, и Аллах не го задолжува или не го казнува заради оваа религија.

Потоа, низ човековиот живот од детството до времето на умирање, на луѓето им се прикажуваат знаци во сите делови на светот и во нивните сопствени души, с# додека не им стане јасно дека постои само Еден Бог (Аллах). Доколку луѓето се искрени кон себеси, ги одбегнуваат своите лажни верувања и трагаат по Аллах, патот ќе им биде олеснет, но доколку тие постојано ги отфрлуваат тие Аллахови знаци и продолжат со обожување на творби, дотолку ќе им биде потешко да избегаат од идолатријата.

На пример, во Југоисточниот дел на Амазонската џунгла, во Бразил, Јужна Америка, едно примитивно племе подигнало колиба за да го премести нејзиниот главен идол Скватцх (Сквач), кој го претставувал супремниот Бог на сите творби. Во следниот ден, еден млад човек влегол во колибата да оддаде почит кон Господарот, и додека & се поклонувал на статуата, за која што беше учен дека му е негов Бог и Поткрепител, едно шугаво скитничко куче влегло во колибата, ја дигнало својата лева нога и почнало да мокри на идолот. Младичот станал бесен, и го избркал кучето надвор, но кога бесот му поминал, сфатил дека идолот не би можел да биде Господар на универзумот. Аллах мора да е на некое друго место! Тој сега имаше избор за дејствување според сопственото знаење и да трага по Аллах, или пак да продолжи бесчесно да оди по патот на лажните верувања на своето племе. Колку чудно да ни изгледа, тоа беше знак од Аллах за тој млад човек. Во себе го содржеше тоа боженствено управување кое што му укажа дека тоа што го обожувал било погрешно. Пратениците, како што претходно беше спомнувано, им биле пратени на секој народ и на секое племе, за да го поддржат човековото природно верување во Аллах и човековата вродена наклонетост да го обожува Него, а исто така и да ја зајакне боженствената вистина во секојдневните знаци откриени од Аллах. Иако во повеќе случаеви, многу од пророчките учења доживеале изобличување, делови од нив преостанале како покажувачи на тоа што е добро, а што лошо. На пример, Десетте Заповеди од Тората, нивното потврдување во Евангелието, и постоењето на закони против убиствата, кражбите и прељубодејствијата во повеќето општества.

Како последица на ова, секоја душа ќе биде повикана на сметка за нејзиното верување во Аллах и за нејзиното прифаќање на религијата на Исламот: целосната покорност на волјата кон Аллах.

Му се молиме на Возвишениот Аллах да н# одржи на правиот пат по кој не предводел до денес, и да ни го подари Неговиот благослов, навистина Тој е Најмилостивиот.

Славата и благодарноста му припаѓаат на Аллах, Господар на световите.

Благословот и мирот нека бидат над последниот пратеник на Аллах – Мухаммед м.н.н., неговото Семејство, неговите придружници, и сите оние што правилно го следат неговиот пат.

д-р Билал Филипс

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page